Добредојде и честитки Прво треба да почнеш веднаш да пиеш пренатални витамини или фолна. Јас ги пијам фемибион цело време. Од прегледи ќе имаш еден за утврдување бременост, еден за срцева акција околу 7 недела и скрининг во 12та недела. Исто до 12та недела треба да испиташ крвна слика, урина, уринокултура, ТОРЧ и брисеви, ќе ти каже гинекологот. Болките што ти се како за добивање ќе ги имаш цело прво тромесечие, само интензитетот ќе се намалува како поминува времето. Ако се поголеми, ќе ти дадат магнезиум да пиеш. Градите исто прво болни на допир во првите неколку недели, потоа стануваат осетливи. Мачнините се индивидуална работа. Некои воопшто ги немаат, кај некои се јавуваат порано околу 5та недела, кај некои подоцна накај 8ма, некои имаат само гадење, некои и повраќаат. Ако ти е многу лошо ќе ти препишат антиметил. И да, мнооогу ќе ти се спие на почеток Отприлика тоа е тоа, можеш да си прочиташ разни искуства наназад во темава. Со лесно
Честитки со лесно бременоста ! Можеби и рано ти е за на гинеколог не знам дали ќе види нешто обично во 6та недела се оди некаде кај 8ма повторно за срце да се слјшне После во 12та следува прв скрининг приска и секако редовно крв и урина се проверува (1 месечно). После 12та прегкедите се на 4 недели. Во однос на витамини се пие фолна таа е обавезна додека ти каже гинеколог можеш фолна да побараш или Фемибион тој се пие и пред затруднување но и за време на 1 тромесечие. Во основа тоа е тоа не пиј многу кафе цигари ако пушиш батали друго се умерено
Девојки, изминатите две недели средина 5та и 6та недела имав многу гадење и повраќање. Денес сум 7+4 и некако подобро ми е, исто и вчера добро ми беше, јадам се и не ми се гади. Дали е се во ред? Дали е од витамините што ми ги даде докторот или пак нешто друго? Апче за гадење се немам напиено овие два дена. Голем плашливец сум.
Уживај штом немаш гадење. Јас воопшто немав гадење и имав супер бременост. Гадење е само мачно за бремената жена, со бебето не е поврзана.
Мене мачнините ми кулминираа на 8+3 (до тогаш само ми се гадеше, а тој ден и повратив) и од наредниот ден веќе бев како нова. Се подобро ми беше. И јас се плашев да не не е нешто во ред ама и гинекологот кога бев на преглед во 9та ми рече да не се оптеретувам со тоа и да бидам среќна дека ми е подобро. Баш и тука истото прашање го поставив. Уживај си
Јас сеуште ги имам, неможам од кревет да станам, да се исправам и толку почнува гадење па повраќање...
Јас три дена бев со мачнини и ми поминаа но некад знае да ми дојде мака а да неможам да повратам и сега во четврток сум на контрола
Јас ептен сум крш, ниту витамините неможам да ги испијам, чекам ептен погоден момент инаку све отиде јабана
Јас исто бев на почетокот @Krofna*. Стискав цело време од страв дека ќе ги вратам апчињата, а гадење што да ти кажам до плафон. Уште ми викаат супер чим не повраќаш ништо не ти е. Да повратев барем ќе ми олеснеше. Сега само киселина кога имам многу ме тера ама одма земам гастрогард и се потсмирувам. Ќе помине и ова сите знаеме колку е неубаво траело долго или кратко не е битно. Гледај го од светлата страна си имаш знак дека добро напредува бременоста што викаат слатки маки се.
девојчиња едно прашање денес 7 недели и 3 дена , бев за брисеви и прашав за следно ехо ми рече за 4 недели и тогаш за приска , не е многу 4 недели за контрола во прво тромесечие??
Здраво Ме интерсира за брисевите , бев за срцева акција и се во ред но матичниот не ми даде да направам брисеви , дали ради тоа што месец пред да останам трудна ги имам правено или можеби на наредната ке ми даде како оди тоа , позз