Кај мене во 6 недела плод нема , другото било во ред , за една недела на контрола. Некако се разочарав
Оооо нееее. Да побараш мислење и од други доктори, да те видат пак на ехо, почекајте уште една недела.
Бев кај Трајковски ми кажа да почекаме уште една недела , као назирало нешто но ... ќе видиме , да се надевам дека е рано но некако немам надеж
Зашто да немаш надеж почекај. А редовна менструација ти е штом знаеш дека си 6та или? Да не си рано отидена со доцна овулација?
Според ехо и последна менструација одговарало на 6 недели . Ќе почекам друго не ми останува , треба да проверам д.димери и хемостаза. Така докторот кажа
Те молам не се секирај и кај мене мин недела не се виде плодче и реков а бев 5 нед шо сака нека биди дури др недела ќе одам ..почекај касна овулација да не е и да не си 5 нед место 6 па да не уште рано❣
10+1 сум, симптомите за повраќање ми се вратија, денес имав страшна главоболка, не можам од кревет да станам, а толку сум гладна ама не можам да јадам се ќе повратам. До кога вака? Веќе сум уморна... Сакам да функционирам нормално и да јадам сѐ.
Еј. Глава горе. И кај мене во 8ма видоа со Константин. Второво го видоа у 5+6 и срце слушнаа, ама со Константин човече во осма (и срце чувме тогаш) . Ајде не брзај те молам и не се нервирај пред време.
Истово и јас го викам, јас сум 9 недела апетит 0, а ми се јаде ми се пл Уф.. Истото и јас се прашувам. Јас сум 9 недела, до 8 беше све океј, веќе 8+1 животов ми се преврте гладна сум а апетит 0, некоја тахикардија ме фаќа, главоболка и кај мене, подуеност.. Ми даде матичната бедоксин апчиња малце ко да ми е подобро ама не е то то. Ама издржи мора да истрпиме, ќе се исплати на крај
здраво женички 7+5 бев на др. плодот си е одличен, но немаше срцева реакција. Плодот одговараше на 6+1 и беше 4.3мм. Др ми кажа да почекаме максимум до понеделник. Сакам да прашам дали има некој со слично искуство? Ме бунат неделите...од паника ништо не го прашав... Се што пишува за бременост се оди од последна менструација никој не те прашува кога си зачнала или колкав е плодот. Зашто според плодот 6 недеела може да му е рано ама според последна менстр.бев 7+5 ( а нели се слуша од 6 до .... ве молам за слични искуства...не можам да издржам до понеделник...
Јас бев 6та за утврдување..т.е. 2 недели после задоцнета. А во 8ма недела за срцева акција. Така што може те исплашил што ти кажал да почекаме ама мислам по мене ок си е ќе си слушнеш во 8ма. Ако во 8ма нема ќе одиш 9та нели пошто имаш разлика во неделите така да не се грижи воопшто
зашто бев информирана и докторката ми е прекрасна , на прво ехо иако бев веќе 5 недели според циклус не правевме муабет за колку недели и што да очекуваме , не видовме ништо на ехо , после една недела видовме бебче , следната недела веќе срцева реакција и тогаш споредивме гестациска недела со циклус излезе доцна овулација со дури 7 дена разлика , без паника само денот на последен циклус го променивме за 7 дена понапред и имаме соодветни вредности .... сега по циклус би трњбало да сум 11+ , а бебче се развива супер и си одговара на 10+ ...... оставете си барем недела две некогаш дури и во 8 ма недела може да се види срцева реакција ... само позитивно
Не се разочарувај.Имаше неколку членки со искуство како твоето, по некое време се виде плод. Мене циклусот ми е на 36 дена. Со син ми на ехо ми кажаа имаш циста за по една недела цистата са биде бебе Со среќа. @Ressana мислам имаше слично искуство
@LadyC многу убаво именце има син ти. Да не се договоревме со маж ми за друго ова ќе го земев. Јас отидов во 5та недела само видоа сакус. После ме ставија да чекам две недели за срце. Дури кога легнав на ехо не дишев. Ми вика докторка "ете ти". Што ма ете ти?! Се извадив од памет хахаха кога ми пуштија на звучник тогаш се одздрвив. Сега секој нареден преглед прво чекам пулс да чујам па после прашувам што има ново.
Zdravo, sakam da ve prasam vie sto ste so visokorizicna bremenost i na bolovanje, kako ve isplakaat od rabota kako od fondot, kolku posto mu doaga odbitoci na plata i slicno koj bi mozel da me upati poveke....nemam iskustvo. Bev 2 nedeli na bolovanje poradi transferot za ivf i mi go prodolzia bolovanjeto. Blagodaram
Првите 30 дена од фирмата добив целосна плата, од вториот месец кога веќе преку фондот за здравство бев, само 70% добивам исплата од плата.
на 6+6 бевме на прв преглед и слушнавме срценце, требаше да го снимаме за да си го слушам секој ден. нареден преглед ни рече за 1 месец, до тогаш би била 11-та недела и не знам дали ќе издржам. би сакала едно екстра ехо измеѓу (околу 9-та недела на пр.) за да се осигурам дека има напредок и дека се е во ред. ме вознемирува тоа што освен болка во гради и матка/јајници (нешто налик благи менструални болки), немам баш некои други симптоми на бременост. да ми се лошеше мислам дека ќе бев помирна.