Јас освен болни и отечени гради до 12 недела немав никаков друг симптом , после 12 недела ни градите не ме болеа. Не му ја мисли за симптомите воопшто. Уживај во бременоста и со лесно
За три дена одам да ја примам третата прогестерон депо инекција. Три недели ќе се поминати откако ми кажаа за постелката дека е ниска. Дали да прашам за напредок? Дали се подигнала? Или да се стрпам?
Здраво девојки, и јас сум нова во оваа тема, 5 недела сум бремена сакав да ве прашам за симтоми кои ги има во оваа недела и дали е нормално кога ке кивнам во долниот дел од стомакот и јајниците ме пецка, веднаш поминува тоа но кога ке кивнам тој момент страшно ме пецка, позз убавс бременост на сите
Добре дојде во оваа убава група Нормални се како пецкања во стомакот ниско, а и болки како менструални повремено, кои кратко траат и се издржливи. За други симптоми рано е, може поосетливи гради да имаш но немора да значи, сите немаат. После 6-7 ма недела почнува гадењето, повраќањето и поспаноста. И тоа е индивидуално, сите немаат исти симптоми. Уживај си и гали меше и со лесно до крај слободно прашувај што не ти е јасно, тука сме за да се советуваме
И мене така ми беше , ме сечеше доле и сега после една недела не се осеќам така. Таа недела кога дознав дека сум бремена имав срашно гадење , ме тераше од внатре на газирано , имав вртоглавици и пребледував . Сега остана само осетливи гради да имам и мирисите ми сметаат . Понекогаш се чуствувам како и да не сум бремена. Само што сеуште не знам дали сум 5+4 или сум 6+4 Едит: Дали ќе кивнев или ќе се закашлав чиствував пецкање и пресекување доле ниско .
Може покасно е зачнато. Колку долг ти е менструалниот циклус? Мене ми е 35-36 дена и докторот ми корегираше за 7 дена термин/недели. Бебето и така одговара.
Дааа малку сум трудничка Уште на ехо да се појави јуначево мое и да дишам на раат Едит : Или ме прашуваш во контекст дали има ново за дали се појавило на ехо или дали сум трудничка од кога пишав размислив малку
7 недела како мечка од зимски сон се осекам . Цел ден ми се спие и лежи. Имате некој начин идеа како да се расонам. Кафето го баталив скрос не можам да го пијам. Гадење имам но не со повракање.
Нема начин , јас во 22h легнувам и во 7 и 30 станувам како навиена Преку цел ден си зевам и се чуствувам поспано Туку да си прашам , што јадете во ова прво тромесечие ? Овошје некако не ме влече , патлиџанот не ми е убав Јас за две недели 2 кг сум ставила прилично машала имав 80кг кога дознав дека сум трудна и веќе паника ме фака до крај колку би отишла
Женски спомнувате б6 добро е да се земе дали бедоксин б6 е тоа или само б6, фала позз, и колку на ден можеш да испиеш, инаку сум 5 недела од бременоста
јас бев пред се ова на 6 циклуси кломифен и така лошо ме удрија хормоните за 8 месеци од 70 се качив на 80 кг , сега сум тука исто и интернистот на некоја диета ќе ме ставаше со 1900 калории ја инсталирав некоја апп и следев тоа па за месец ипол не качив ниедно кило еве како сум останата бремена , јадеш се само кога ќе споредиш кој оброк колку калории има во споредба со шејк или салата ќе ти се слоши не дека сум јадач ама два оброка терам во ден зашто работното време ми е катастрофа и дома сум во 6 попладне , очекувам до 95 да качам до декември и верувај сум рекла и претходно уживајте ја бременоста само полека со шеќерот
не си сама јас по цел ден сум ваква ќе помине со тек на време ти си била добра мила моја јас легнувам околу 22 и мака мачам додека заспијам а пред 7 сум будна обавезно се си јадам овошје, зеленчук, месо сега за сега фала му на бога само наутро имам сеуште ждриговини и малце одбивност но брзо ми проаѓа
Јас во принцип лесно качувам килажа , сега треба повеќе да внимавам , шеќерот скоро и на граница 5.4 ми беше. Но за здрава храна уста не ми се отвара, мм ми купил овошје и така си скапа Јогуртот така си остана Се надевам ќе се оправам со исхраната
и јас се надевам цело време ама џабе , од предходни бремености до 13 кг сум качувала така да ако идам накај 100ка и у 30 та недела ќе се стаам на диета еве тука пред сите ветувам , инаку вака по некое лепче каснувам во ден , малку благо и салати сакам многу посебно краставици , кога ми беше лошо минатата недела сум седнала со кисела вода и цела краставица на маса и доручкувам ... мм вика ти си забегала скроз ќе бидеме супер јаки сме ние