Се надевам дека после пораѓај оваа навика ќе ни престане, многу се навикнавме да немаме секс,млади луѓе-не бива вака п.с. сондата и мене ми смета
Хахах баш така исто другарке, ама и јас да ти кажам право дали од хормоните поише меракот јас му го имам Може да пуштиш слика од магнезиум каков се пие сега во бременост Хахаха Епа да како може сондата да ти ја пика во в.. Плус ти ја мрда внатре да види све минимлно, А она од мажот неможело, ејјјј неправда
Бел исцедок повремено некој ден, дали е норнално. На контрола сум за 1 недела. Негде читав дека е Ок и нормално
Јас го користам, има млечна киселина која е добра за вагиналната флора и има пријатен не нападен мирис. На брисевите имав дека нормалната микрофлора е отсутна, после некое време користење ми беше редуцирана и сега си е во ред-присутна. Инаку порано имам користено и од овие вагиналети, а во оваа бременост користев и од таблетките Лактогин за орална употреба.
и јас го имам користено ама порано и таблетоте за орална употреба ги имам пиено ама мене флората ми е катасрофа многу не ми помогнаа , дури во 8ма недела мораше и една вагиналета микорил да ми препише не ми се смируваше кандидата , ја и брисеви и се ја натерав да направиме се испоисплашив .... ама сега сум подобра, секоја бременост ми е со инфекции
Јас пијам шумече таблета обичен магнезиум , имаш во аптека и ќесички прашок 10 денари се . Било кој магнезиум да се напиеш немаш штета.
@Mira1980 до 12-13 недела нели го сметаат како ризичен период без разлика каква бременост и да имаш затоа не препорачуваат докторите да се има односи, а доколку си ризична бременост и после тоа забрануваат.. така да одлуката дали ќе имаш односи пред 12-13 недела нормално е твоја
Само што дознав дека повторно сум бремена и ме фати некоја паника сега во врска за прегледите. Каде би ми препорачале да го направам прбвиот преглед со оглед на коронава, или да идам кај матичнава како и за минатата бременост.?
Ти посакувам лесна бременост Доколку ти работи матичната оди кај неа, барем те познава , е сега доколку не работи нормално ќе си одиш приватно некаде.
Лепотици како сте денес Јас сум супер , психички се одморив и опуштив и сега супер се чуствувам. Туку стомакот доле како го осеќате , јас дека дебелка и стомакот ми е подуен па како да сум 6 месеци трудна Времево си лета , а јас мислам дека стои во место и дури 25 дена поминаа од како јуначево мое се појави на тестот
И јас да се јавам, денес ги видов моите две јуначиња прв пат на ехо,инаку 5недела сум, и многу сум среќна и возбудена на секого господ да даде ваква среќа и до бебушки во раце
Рано ти е за стомаче, а за надуван и за гасови ќе имаш. Јас сум 11+2 и сеуште немам стомак и килажа немам покачено сеуште, мачнините тука се но одвреме на време ги снемува. И некако многу вода ми се пие оваа недела многу сум жедна по 2 литри пијам на ден. Енергија имам малце повеќе, а стомачето можеби накај 4ти месец ќе ми се покаже.
Јас и пред бременост си го имав стомаков , сега само што е надуван повеќе затоа и пишав дека изгледам така . Бев 80 кг , сега за 3 недели сум 82.9 кг Мислам дека се гледа тие што ме знаат и ме гледаат ме прашуваат дури и полот дали го знам
Аии што убава слика, во тоа стомаче се развива живот ❤️ Прва бременост ти е? Мислам дека е стомачето твое сепак и надуваноста, некако прерано е да ти се покаже уште сега ако е прва бременост, сепак се е можно. Ете ме мене 11 недела. Што мислите?