Прекрасна си Втора бременост ми е , првата беше пред 7 години и не заврши убаво . Знам дека стомачево е салце и подуваност , само што под папокот го осекам потвртко малку и не можам да го вовлечам
Фала ти Уште ова гадењево да го немав . Него ако ти е втора бременост веројатно ќе ти се покаже порано стомачето, од тоа што има прочитано ти кажувам
Можеби малку ама сосема малку се познава кај пубичната коска. Ама дека знаеме дека си бремена и баш таму гледаме,се приметува малку ама малку. Инаку да те видам на улица не би приметила дека си бремена. Мое мислење.
Која недела си? Некако тоа на сликата не ми изгледа на трудничко меше,туку некако како надувано стомаче.
Не е секогаш така без разлика дали е прва или втора бременост. Се зависи од многу фактори. На пр. Јас сум бремена по втор пат од денес сум 15та недела а ни трага од стомаче. Се е индивидуално. Ехее, прво со лесно во бременоста. Рано е, прерано за стомаче.
A dali e mozno ako nosis dve, porano da pocne da raste? Jas nosam dve, sum 10ta nedela I 2 den i vekje vo dolniot del od stomakot osekjam zgolemuvanje, ne mnogu ama se poznava
Аии,со лесно бременоста. Тоа секако дека штом се две, повеќе простор треба и порано ќе почне да се познава стомачето.
Бев во четвртокот на гинеколог, терминот ми беше таман да се израдувам и да си имам убав карантин. Секоја сабота ќе зголемува по една недела, така ми кажа. Значи вчера влегов во шестата недела. За две недели ќе слушнам срцева реакција. Сакав да прашам дали се задишувате после било каква активност? Чудно и смешно ми е за какви мали работи јас се уморувам
Нормално е во прво тромесечие да чувствуваш зголемен замор и поспаност, намалена енергија и често потешкотија при извршувањето на секојдневните обврски. Најважно е да си го слушаш телото и повеќе да одмараш, вода повеќе, течности, здрава храна бидејќи првото тромесечие е најважно. Со лесно до крај да ти е
Исто сме со неделите , и мене ми закажаа за 2 нед за контрола следнаденес видовме срцева акција на екранче Јас мн се уморувам буквално од се , и малата плус дополнително по неа цела ден едвај чекам кревет ноќе мене ми е втора бременост , 6 недела сум а да ме видите од подуеност овие денови ми се јави ептен изразено , дури и јас се чудам , сите мислат веќе накај 4,5м дека сум со првото не бев вака , ништо не се познаваше на мене до 5,6м оти и слаба мн тогаш
Девојки здраво, Јас сум ептен тазе утре ми е првата контрола и секако паник системот ептен ми е активиран Супер се чувствував се додека не поттурнав со нога едно пакетче ( малку потешко ) демек да не наврнело Кога се свестив дека не требаше паметот само таму ми е да не направив беља. Како доле малку да ме пресекува. Не е нешто што не се трпи ама ептен се загрижив Имам место за паника ?
Добредојде во клубот Не се секирај си го турнала не си го кренала ...сечење доле менструални грчеви се е тоа нормално во бременоста
Добро ве најдооов Леле жива се изедов па си плачам си плачам ( хормони ) Претходно не обрнував толку внимани на стомакот од лога турнав се ме сече ме пусти Се надевам дека е се како што треба ти благодарам малку ме опушти
бев вчера (8+5) на едно дополнително ехо да се осигурам дека беб си напредува и сè уште си куца срценцето, должина 20mm, а минатиот пат беше 7mm. се зголемило тројно во неполни 2 недели. последнава недела почна и да ми се гади по малце приквечер, ама среќна сум што конечно го имам тој симптом.
Ех луѓе јас сум при крај на прво тромесечие, 12 недела сум и денес си бев на контрола, многу емотивна контрола беба се гледаше се, уши глава, стомаче раце нозе, толку ме погоди да почна глава да ме боли од среќа. Се беше во ред фала му на Бога, должината таман, а и го прашав докторот дали може да се види што е. Рече прерано е да се види, ама гледаше и гледаше и вика изгледа ќе биде машко. Толку, радост до небо.
Ми треба совет.. 8 недела сум и денес имам исцедок жолтеникав и како растеглив (немам црвенило или чешање, ниту мирис). Не сум имала проблем со инфекции. Дали е нормално? Еднаш утрово ми се појави и толку.
И јас имав таков 9та 10та недела ми рекоа нормално е со можност да биде кандида иако после на брисеви испадна дека е во ред. Можеш да се замиваш со чај од камилица јас така правев 5 6 дена и исчезна. Секако може да те види гинеколог за најсигурно
Мојата прва контрола девојки бидна. Наместен плодот како што треба ама сум имала циста и сум се полнела со вода. Ми рече ехо на клиника и некои маркери. Да неможе човек раат да се израдува. Некој совет нешто искуство некој ? Ако ми верувате на крај веќе не го слушав од што се исклучив