девојки микробиолошките брисеви ми се сите негстивни ,11 недела сум , но пак одвреме на време ме зачешува со исцедок како бело прање значи си носам дневна цело време од коа останав трудна а баш си мислев дека конечно ке се спасам од нив..
мила може само да ти препорачам да се обидеш барем неколку дена да ја тргнеш дневната да видиш како ќе реагираш кога ќе почне да дише кожата .... ја дневни користам со години уназад , прво нешто што ми рече гинеколгот кога видовме бебче на ехо беше : без дневна влошка од денес , 100% памук долен веш и ако можеш за спиење без гакички .... кај мене супер функционира рецеправа се преродив
Исто и кај мене сите негативни а исцедок имаше па ставав некои вагиналети наводно кандида било скоро сите ја имале во бременост користев некои вагиналети не ми текнуваат како се викаат ама после тоа ми се поднамали исцедокот. Мој совет често менување на долен веш да не се оставаш цело време влажни да бидат гаќите да не се ствараат бактерии
Исцедокот е нормален во бременост и штити од инфекции, но ако менува боја и мирис,а исто така ако имаш јадеж, консултирај се со гинеколог, можеби имаш кандида која за жал е пречеста па можеби ќе треба да примиш некакви вагиналети на база на млечна киселина за да се регулира микрофлората. Пробај превентивно да се миеш со камилица можеби ќе ти се смири
Што пиете за заштита на забите, дали ви дадоа некој витамини ? Јас само пре мама во нив пишува дека содржи се
Пишав и во друга тема , па и тука да ги прашам членките кои за жал го поминале тоа . Киретажа Девојки многу ми е страв и многу ми е тешко , плодот не се развил , нема ни жолчно ќесе. Заминав кај матичната по рецепта за дабрестон , снемав и од саботата не сум се напила и ми ај и на ехо да те видам Нема и нема , плацента развиена но внатре празно. Ми даде упат за на Гак за мислење но ме вратија , не сум крварела и сум нема болки. Во Понеделник ќе одам во Чаир кај Др. Зоран Илиевски , тој кажал ајде да му дадеме шанса до Понеделник на плодот па ќе направиме се што треба. Извинете за негативноста , после 7 години останувам бремена и после спонтано породување во 6ти месец мене сега истото ми се случува
Жал ми е многу за оваа вест знам дека од почеток беше несигурна целата работа со тебе секако нема губење надеж бидејќи ова е многу често кај жените. Имаш посебна тема за спонтан те советувам таму да пишеш бидејќи таму има многу што поминале низ ова и ќе ти дадат утеха
Оф, многу ми е жал мила... Можам да замислам колкава била среќата после толку време а уште колку поголема болката.... Но има надеж, штом еднаш си останала по природен пат ќе биде повторно. Мора да биде! Исплачи се, и после со главата горе со нови надежи. Ќе има среќен крај приказната! Те гушкам
Леле колку ми е жал што го читам ова Знам дека нема зборови кои може да те утешат во овој момент, ниту нешто може да ти ја намали болката што ти ја кине душата, но те молам, биди силна! Сигурно Господ чува нешто подобро за вас, ќе бидеш мајка сигурно! Не губи надеж
Зошто не отидеш по приватните клиники бар на ехо да видат убаво можеби плодот е мал и не се гледа. Секако немаш крварења и итна потреба од керетажа барем ке имаш мирна совест Гушки се надевам во последната надеж
Затоа и сеуште чекам. На ехо од 12 Мај го пратиме. Барем се тешам немам болки и крварење сега за сега. Паметот се таму ми е. Исто и јас се надевам на Господово чудо
Многу ми е жал, но не е касно не се растажувај господ е голем, кажи ми како те прегледаа вагинално или она обично ехо, на почеток требало вагинално, и дали ти се виде ембрионче бидејќи така на почеток се појавувало, со среќа
Матичната и на вагинално и горе со обично ехо ме гледаше. Јас се сомневам на моларна бременост. Баш сега и го гледав слиќичето и од страна баш се познаваат тие како цистички мали. Барем и чичко гугле тоа кажува , дека при моларна бременост не се појавува плод и настанува малку покасно околу 8 недела крварење.