Некои денови знаат да се растечат убаво некои денови и не најверојатно како се лачи секретот внатре така и испаѓа али штом ти рекол да продолжиш ставај ги секако е подобро вагинално , а и ако ги пиеш знаат тешки вртоглавици да се јават јас кога ги пиев после пола саат мислам дека како онесвестена бев наредни два саата како труп спиев ништо живо не ме будеше
Драги пријателки, Утре го правам првото ехо после ембрио трансфер и позитивен тест. Ме интересира дали на прво ехо да очекувам дека ќе го слушнам срцето на бебенцето, што друго се проверува и дали ехото е вагинално или преку меше? Да знам што да очекувам утре? Благодарам.
Ako ti e zakazno posle dve nedeli od pozitiven test ke slusnete i srcence a pregledot e vaginalen.Jas slusnav na 6+5....
Зависи после колку време ти е закажан прегледот Кај мене на една недела после позитивен тест, бев да провери докоторт дали е на правилно место тогаш се виде жолтото ќесе, па пак ми закажа за една недела тогаш бев 6+2 слишнавме срценце Прегледот е вагинален
Pregledot e vaginalen I racunaj ja bremenosta od prv den od menstruacijata I da moze I da slusnes srceva akcija jas slusnav vo 6 ned od bremenosta
Девојки , каков е сега законот за тие со договор на определено? Може со истекот на договорот да те избркаат или не? Зошто не знам дали да кажам на раб. , а гледам од некои департмени што има трудни се пуштени дома заради ситуацијава. Ако некој знае да ми каже. Пошто ова што читам едни викаат може едни не...
Добра тема отвори, Истото и мене ме интересира а верувам дека и многу други. Добро би било доколку има некој правник да објасни подобро. Поздрав
Еве јас како правник ќе ви одговорам. Законски работодавецот нема право да отпушти, а со тоа и да не го продолжи договорот на жена која пријавила дека е бремена. Бремените жени се посебно заштитени во трудовото право. Што се однесува до правото на породилно, го остваруваш ако си во работен однос минимум 6 месеци во фирмата. Според мене најдобро е да кажеш дека си бремена, недај Боже може да ти се случи да не ти биде продолжен договорот без воопшто да знаат дека си бремена, бидејќи не си ги известила. Во таков случај тие се во право, не можеш ништо.
Јас последно со адвокат разгледував закон уште во март. Последно пд него што добив е дека ако мене ми завршил договорот фирмата не е приморана да ти го продолжи заради бременост. Затоа е и договор на определено зошто некој би те држел ако нема потреба од тебе и да те плаќа само затоа што си трудна а завршил проектот? Што ќе работиш ќе седиш? Да е така секоја една што ќе затрудни ќе се пријави било каде да работи само за некој 9 месеци да и дава плата и да зема породилно. Овој закон уште кај нас не е расчистен. Конкретно законска обврска да ри даде нов договор по истек на определено од 6 месеци работодавецот нема. Едино Работодавецот Не смее да ти го прекине порано договорот ако си рекла дека си трудна ама ако на 01.07 ти завршува нема обврска да ти продолжи...
И јас го свртив цел законик. Имам слушнато за една членка на форумот која менувала работа за време на корона дека не и го продолжиле договорот. Решив да не се оптоварувам. И онака имам 6 месеци стаж за трудничко. Ако не ми го продолжат договорот наредниот месец ќе пишам тука. Искрено побитно ми е бебулево него работата. Ќе се најде нова само не верувам одма дека во 7ми месец некој ќе ме вработи па уште со коронава научна фантастика. Здравје ние и бебушите да сме живи и здрави.
Па да и мене ми истекуваше и беа на пола дека законски они немале причина па уште колку да ми дале како да ме плаќале они немале отворена работна позиција итн а 2 год бев во фирмава... Како год на добра воља можат да те продолжат ама реално ќе си рече зошто да ја плаќам..Ти нели можеш патолошка да си отвориш? И така имаш основа да ја отвориш не си за да работиш со сите тие проблеми.. Бар полесно ќе си земаш пари од фонд..
Немислев дека можам. Бидејќи комисииве не работат за време на корона. Од старт сум само со потврда. Исто работам скоро 3 години во фирмава. Поминав и низ спонтан и пак се вратив. Задоволни беа со мене. Ако дошло до тоа да молам за минимална плата уште три месеци налет. Имаше жени доаѓале трудни криеле па фино си проаѓаат и трудничко и одмори заостанати и си заминуваат. Мислам имам лице оставено да ме испочитуваат уште три месеци. Ако не пак ќе речам живи и здрави. Истата работа може утре да ја најдам пак. Или истите би ме вратиле. Во секој случај касно е до 31 овој месец ми е договорот. Ако се јавував да прашам на работа или вадев патолошка само ќе им паднев во раце да си играат со мене како сакаат. Од смени од задачи до одмори и боледувања.
Те разбирам и мене ми дојде преку глава и затоа 2 месеци сама ќе си доплаќам придонеси па ќе отворам породилно. Не ми се молеше толкава фирма за да ме задржат. Се надевам дека ќе те остават а сигурна ли си дека те следува породилно ако се случи сега да не работиш 3 месеци? Ја многу се плашев прекин во стаж да не имам затоа што не ме следува а не знам како е ете ако не работиш последни 3 месеци..
@Milkiway последниот договор ми е од 31 Јануари до 31 Јули. До сега сите плати ги добив 100% Немам прекин во стаж. Баш ме заинтересира како тоа сама си доплаќаш приходи. И дали тоа нешто ќе смени кај мене или не?
Во право си, сега отворив закон и препрочитав. Имаше многу полемики околу ова и голем број на невладини организации се бореа да се смени ваквата одредба, ама очигледно ништо не се сменило. Заклучокот е дека се зависи од работодавецот и неговата "добра воља". Има случаи кога планирале да го продолжат договорот бидејќи имале реална потреба од работничката, ама од кога соопштува дека е бремена не го продолжуваат договорот. Баш се разочарав што е вака, колку и да се пропагира забрана на дискриминација за време на бременост и мајчинство, ова реално е дискриминација. Ако станува збор за работа на проекти може до негде ок, завршил проектот и тоа е тоа. Ама ако е во прашање тековна работа, сметам дека треба да се најде начин и да се задржи вработената. Може да се направи преквалификација на работното место, секако ако има простор за тоа. Ако се случи во ваква ситуација да добиеш отказ и да не можеш да најдеш друга работа и покасно да остваруваш породилно, а тоа ти е единствен извор на егзистенција како ќе тераш понатаму, ќе бидеш социјален случај? Тоа е тоа, државата не е свесна дека сама си ги ствара ранливите категории со лошите закони.
Така е јас дури се сомневам дека намерно само ми продолжуваа договори. Знаеа дека сум мажена а 2 год немам деца и кога тогаш ќе останам бремена. Сигурна сум дела во спротивно ќе ми дадеа решение. Државата сама не кочи реално што дозволува на фирми со години определено да работиш тековна работа (кај мене не беше стриктно проект во прашање)..Памтам невладините се бунеа и остана тоа така дека ќе се решава некогаш во иднина. Се надевам ќе биде решено
Претпоставувам дека проект и стална раб. не е исто. Секако проектот се знае дека ќе заврши нели? Јас тоа што прочитав е ова истото од погоре дека ако си 6 месеци на тоа место нема право да те брка, ама не бев сигурна. Може да те избрка само ако не почитуваш нешто околу работата така нешто беше. Јас секако ќе морам да пријавам , зошто одам и ноќни смени, само сакав да знам отприлика.
Нема врска стална не стална работа. Проект наведов како пример. И работната позиција на определено можеби се знае дека ќе заврши штом дале определено 1 година или помалце. За жал остануваме на нивна милост секако е најдобрп да кажеш и да разговараш со нив од старт за да знаеш како стојат работите понатаму
Дечки, вие што сте трудни со второ...кога почна да ви се познава стомачето? јас сум 12+4 и така ми се познава троа..со син ми тек во 5ти месец ми беше вака...си викам што ќе биде до 9ти