Знам, се надевам дека ќе го слушнам конечно, мислам дека ќе ми биде многу полесно после тоа, го мислам откако дознав дека сум бремена, се надевам се ќе биде добро...
Многу полесно да,ама и потоа на секој нареден преглед ќе чувствуваш немир додека не го видеш и слушнеш повторно...јас еве по мене си знам.Позитивно во секој сличај и се ќе биде во ред до крај кај сите.
Јас колку што знам ако си на патолошка т.е. боледување нема теоретска шанса да те одјави бидејќи системски нема да може, а што се однесува ако не си на боледување да си работиш има право да не ти го продолжи договорот али он не смее да вработи после тоа друг на твое работно место, во случај да вработи имаш право на тужба дека ради тоа што си бремена он не ти го продолжил
За да те следува породилно мора да имаш 6 месеци непрекинат стаж се до породување. Тоа значи дека доколку не ти е продолжен договорот и те одјават мора одма истиот ден кога си одјавена да се пријавиш во друга фирма се до породување, доколку сакаш 9 месеци да те следува породилно, инаку ти пропаѓа се.
Здраво девојки, дали во рана бременост сте имале константна телесна температура од 37,2 до 37,5. Се чувам максимално од вирусот, па незнам што може да биде.
Литл мила, само што се вратив од преглед и имаме срцева акција 6 недела и 6 дена според докторката чувството е неописливо навистина, и те молам немој да си правиш стресови, нека те води убава мисла, затоа што сѐ ќе биде како што треба верувај чекам да нѐ израдуваш во среда
Тоа е најубавото чуство што ќе го осеќаш на секој преглед кога ќе му го слушаш срценцето @thelittle17 сигурно ќе ни каже убави вести во среда
Јас сум 12+3 и ми се познава многу! Топка е баш. Во првата бременост кога споредувам слики, ваков стомак сум имала во 22 недела Да ставам слика гарант 6ти месец ќе ме мислите. Али не би
Не се секирај и мене исто како топче ми се познава и јас сум 12+4 некиј ќе си помисли 5месец дека сум
Најубаво Јас само мерам стомак и цело време сум као уф добро расте Од една во друга опседнатост влегувам
Еве и јас да се пријавам со убави вести, денеска си слушнавме срценце, и стварно е преубаво чувство, се е како што треба, јас сум 7 недели и 3 дена.
Здраво , јас имав мала покачена темература до 37 со 2 со 3 , на почетокот се чудев и грижев кога уште незнаев дека сум бремена , подоцна ми стана јасно , пред еден преглед ми измерија и до 37 со 5 докторот ми објасни дека кај некој се случува тоа во рана бременост ..