Ми се слоши од топлово време, и изгувив свест, одма и повратив, мм ми вика страв ми е да не падна лошо, ама не осетив дека лошо паднав и не ме боли ништо, на лева страна на колк паднав, ама таков лесен пад, не беше ништо страшно, и сега ваљда не му е ништо на бебето, не знам ме фати страв, па да си прашам.
Не се секирај и јас на почетокот кога бев паднав цела на грб се удрив малце ама не се случи ништо.Чим викаш дека лесно си паднала не би требало ништо да се деси само не мисли на тоа опуштисе и ќе помине
Која недела си? Викаат до 12та го штитат колковите не може ништо да му биде а секако дека и тоа си е заштитено. Треба да се внимава таму 5 6 месец кога е веќе видлив стомакот чисто некој директно да не те удри - лакт топка итн... Чуј се со доктор да си мирна ако треба отиди и на едно вонредно ехо нека тиже ѕирнат иако сигурно е се во ред
Здраво прва бременост ми е, бев вчера на преглед пошто имав кафен исцадок, но не било опасно, инаку сум 6 недела и немаше сеуште срцева акција, ми закажаа за една недела преглед, се надевам дека ќе го слушнеме бебчето
Не се плаши бебето е заштитено.Во поголемите месеци заради нерамнотежа на телото, ради стомакот, многу жени паѓаат на стомак.Дури и тогаш бебето е заштитеноГледај кога не ти е добро да лежиш па во случај да изгубиш свест да си на креветото Со лесно
@thelittle17 мислам дека нема да се случи ништо лошо, мојата најблиска другарка исто се онесвести кај мене дома околу 6-7 недела, и сѐ беше ок.
Фала многу, јас на два различни топломери различно ми покажува. Живиниот максимум до 37,6 денес ми покажа, а дигиталниот помалку.( 37,4).Незнам на кој да верувам и дали смееме парацетамол да пиеме
Девојки здраво.. бремена сум скоро 7 недела ама немам мачнини и гадење.. на почеток малку само како гадење сега не.. дали е во ред
Се јавив одма, се слушнав со др. ми вика не се секирај, не му е ништо тоа си е заштитено во матката, а и сама кажуваш дека лесен пад си имала на колк, и така сум сега помирна, а не ме болеше ништо, ниту имам некаква модрица, сега ќе ми биде страв сама да отидам до негде, да не ми бидне пак така како прееска, и јас и мм се исплашивме многу. Сега е во ред, фала ви на советите. Не пиј одма парацетамол, пробај со многу лимонада, овошје, зеленчук, ама многу, јас минатата недела имав и до 37 со 8, се извадив од памет, др ми вика на пониска темп. не пиј одма парацетамол, ако понатаму не се симнува, тек тогаш остави простор за апче, а и нормална темп. е до 37 до 5 некаде за трудници, така да не се секирај, само повеќе овошје и зеленчук, и многу лимон! Се ќе биде во ред.
Фала ти, ми олесни .Пред една недела ми се јави тт 37,2 цело време, па ме фати паника за вчера и денес што се качува. Сепак пред 10 мин се напив пола парацетамол, па од утре повеќе зеленчук и овошје
А те боли ли главата? Мене ме болеше и бев како омалаксана, замајана.. ама не се напив апче, некако издржав, иако сум голема плачка, и не трпам многу болка, ама по 1кг лимон на ден пиев, после се стабилизира, и сега и нормална тт ми е 37.
и јас мислам дека нема потреба одма од парацетамол за температурата ( се додека остане така и не се качува ) и главоболка имав многу ,и сега веке сум во второ па некогаш пак имам главоболки , јас пијам бедоксин 3 по 1 , докторот ми кажа дека е важен витамин и може да ми помогне во врска со главоболки а кога ептен неможам да издржам и никако не мине ми дозволи парацетамол да пијам
Јас сум 12та и до сега ниту еднаш немав ни мачнина ни одбивност кон храна ама баш ништо. Среќа ми расте стомакот па така го имам осетот за бремена Фала богу до сега се е супер
Не ме боли глава, само знае носот да ми се затне,или да кивнам еднаш во денот. Имам една жлезда под брадата на вратот отечена и болна на допир. Можно и од неа да е,незнам
Здраво мешињаа какоо сте како издржувате на топлото јас пукнав значи Инаку дали сте се фарбали сакам да ја бланширам косата што мислите за тоа дали е добро во првите 3 месеци
Јас не ми беше страв и реков каква сака нека бидам... Ама гледам дека си се фарбаат е сега за бланш не знам баш