мене ми кажаа базен и езеро никако во тек на бременост заради заштита од инфекции и ред други работи , знам трудници кои се бањаат ама јас 12 дена издржав на плажа не влегов воопшто во вода
Во првото тромесечие се формира мукозниот чеп што го штити детето од инфекции, минатата недела Др Дракулевски го имаше на телевизија збореше дали смеат да се бањаат бремените во езеро и кажа дека слободно можат да се бањаат. Реално да одиш и во хотел да седнеш во када со вода пак можеш да фатиш бактерија . Јас се бањам во домашен базен каде што други не влагаат и си го одржувам и така се разладувам
Здраво женски, бев денеска на гинеколог, кажа дека плодот е некаде 5ипол недели, ми рече за 2 недели да одам па убаво да ја слушнеме срцевата реакција. Е сега ми рече да не пијам кафе. Ви рекоа на вас нешто за кафето, пиевте ли?
Не, слободно можеш 1 кафе на ден не е забрането. Сега освен ако немаш проблем со висок притисок, мачнини и слично. Но јас во ниеден момент не прекинав со кафе а сега и по 2 знам да испијам многу ми паѓа притисокот
Не, немам проблем. А и до сега сум супер, немам мачнини, освен потечени гради немам други симтоми. Па ми падна чудно кога ми рече да не пијам кафе, но ќе пробам, секако повеќе од едно на ден нема да пијам
На повеќето на почеток им се лоши од кафе, јас пред да останам трудна по 3 во денот нескафиња пиев и кога почна да ми се лоши цело прво тромесечие не се напив. Сега пијам по едно во денот. Едно до две кафиња во денот дозволено е (само филтер кафе мислам дека беше дозволено по 1 дека е појако), така да немај гајле ако можеш да го пиеш.
Па не е штетно, ама по едно на ден мислам дека е доволно, и јас пиев мн кафе пред бременост, сега никакво не можам да се напијам, ми се гади од самиот мирис, не пијам воопшто.
Пробај кога ќе кивнеш нареден пат да се наведнеш нанапред малце мене тоа ми помагаше само така не чуствував болка
После колку дена од позитивен тест на ехо може да се види бременост? Направив вчера после ручек тест покажа бледа линија.Имам и слаби менструални болки најмногу на десна страна, чуствителни и оттечени гради. Имам 3 спонтани претходно и болкивр мр плашат. Исто вчера имав исцедок густ и во зелена боја
Најпрво Честитки Болките се нормални како и отечените гради. Кога имаш брисеви последен пат направено? Напиј се магнезиум да ти се смират болките со оглед на историја барај термин за уште денес на лекар да ти дадат терапија и ќе ти го проверат исцедок...можно е да е кандида во прашање
Долго време немам брисеви направено мислам има повеќе од година од кога имав последно спонтан. Инаку овулација имав на 19 затоа можеби беше слаба линијата и се мислам дане неможе дасе види уште плод на ехо
Обично 6та недела се гледа на ехо но не би било лошо да одиш да ти дадат Утрогестан или нешто друго да почнеш одма со терапија па ќе ти кажат за прегледите. Се рачуна од последна менструација 5- 6 недели прв преглед
Здраво девојки. Оваа ми е 11 недела ... чувствувам не јаки болки во јајниците одвреме навреме како да ме боцка ... Дали е нормално ?
Нека не те плашат болките, исти слаби менструални болки имав до 6 + недела и тоа претежно беа на лева страна. Бидејќи беше прерано за ехо, кога отидов не се гледаше ништо и мислев дека е вонматерично, но фала Богу не беше така, туку не сум била ни 5 недели кога отидов Затоа немој да брзаш со ехо, ти е мој совет. Не се секирај, и одмарај.
pocna dami tece i kafeav iscedok prvo posvetol sega veke potemen na brisenje samo maticniot e na odmor mi rece da pijam 3 pati dabroston nemi kaza po kolku i jas se napiv po 2
Се тоа е нормално ако не е прејако и ако немаш никакоб исцедок. Земај магнезиум, се шири матката. Јас имав исто така боцкања, сецкања ама се тоа е нормално.