Фала Не е прејако,немам ни исцедок... го прашав и докторот исто кажа ... Се шири матката... ама ме фаќа голема паника...затоа сакав Вас да Ве прашам ,да ми кажите од искуство.
Немој да се паничиш уште од сега, еве и јас сум иста 20+1 денес и имав бодежи долу и паники, црни мисли цела ноќ око не склопив, за докторката да ми каже дека тоа е се од матката и ми препиша магнезиум. Стресови си правиме без потреба, ама тоа е те разбирам потполно, опушти се.
Денес ми го препиша, Магнезиум 400 +Б комплекс, во прашок е. Подобро ми е сега немам многу бодежи се смирија малце.
И јас сум 14+4 и јас од време на време ги осеќам јас го пијам на алкалоид магнезиум 400 со б комплекс и ми помага многу
И јас пијам исто магнезиум, сега немам толку јаки бодежи, на почеток имав повеќе, сега не се ни страшни овие, ама затоа ми се гади, магнезиумот ќе те смири, и сега не знам дали и колку помага за болки, поддешката од утрогестан или добростан, ама мене како да ми помогна, може и да не е од нив, може така требало, сега за сега да престанат, кој знае..
Па мене искрено да ти кажам ми помага за болки и за грчеви јас го пијам после ручек и навечер пред спиење и навечер го ставам вагинално утрогестанот и да ри кажам многу има улога утрогестанот за зацврстување на матката
Да, и мене супер ми делува, за сега, ете и за бодежите во јајници што ги имав, ми ги намали многу. Еден ден имам се од сипмптоми и не можам глава да кренам, друг ден ништо па не ми е, бог да чува.
Кафен исцедок најчесто ништо не значи, секоја втора трудница го има во прво тромесечие. Ако си имала односи можно е да е од тоа. Оди си утре на ехо да те видат и да ти дадат терапија ако треба.
Пешачев малку може поради тоа.... ама не е нешто страшно мене само тоа ме интересира ?се плашам прв пат ми е се случи ова
Не би требало, штом немаш болки не се грижи, ама оди на едно ехо колку за мирна глава, може ќе треба да те боцнат прогестерон. Ако се јави црвено крварење како менструација тогаш е за плашење, ма да и тоа не мора да значи дека нешто не е како што треба. Јас имав на почетокот кафеав исцедок, 2 дена го занемарував и не примав ништо, третиот ден прокрварив и тоа обилно, но се среди со терапија. Еве ме сега 25та недела терам Не се секирај, само позитивно. Секоја втора жена се соочува со некакво крварење во рана бременост.
Тек понеделник на гинеколог не сум мк а овде е катастрофа со тоа... ми олесна не си свесна колку, фала ти и лесна бременост до крајот
Кога сте кај исцедокот, јас сум 6та недела, цел живот се мачам со кандидијаза, никако не можам да ја откачам. Имам исцедок што многу личи на мукозниот чеп, дали дека сега во овој период се формира па се исцедува, или треба да паничам?
не не не од само зачнување се зголемува исцедокот и станува нијанса по водест , мукозниот чеп сега почнува да се создава до кај 12 та недела затоа и исцедокот е пообилен , ако имаш некоја промена во боја мирис на исцедок евентуално може да е некоја бактерија , прашај си , јас на почеток така алармирав направивме брисеви и ми даде вагиналета , па еве сега ОК е
Жени, малку сум во паника, па ако може некоја да ми каже дали имала вакво искуство. Најверојатно сум во рана бременост, направив 2 теста дома, беа позитивни, па бев кај лекар, ми направи тест на урина, излезе исто позитивен, но на ехо ништо не се гледаше, ми закажа термин сега во вторник, рече можеби е лажна бременост, вонматерична или нз што. Во меѓувреме, три дена после прегледот имав крварење, заминав под итно кај друг лекар, рече дека не е ништо крварењето и успеа да види мала црна точка во матка, рече дека е можна бременост, ама ќе мора да се види дали ќе напредува. Инаку одвреме навреме чувствувам како притисок во стомакот, малку исцедок кафеав, по 2-3 капки на ден и според тоа што читам на нет, тоа е нормално. Денес чувствувам малку поостри болки, како бодежи одвреме-навреме и тоа ме загрижува. Немам крварење, немам исцедок и немам други болки освен бодежите и мала вртоглавица. Треба ли да паничам? Терминот ми е задутре на лекар.