Оф се надевам ќе биде се во ред. Инаку баш дека си со историја на спонтани, не ти спомна нешто превентивно пример утрогестан да ставаш?
Мене со бета 1400 ништо не можеше да види од 2000 па нагоре ќе види во матка точка па после како се развивива. И тестот за бременост ако ти покажал многу бледа линија тоа значи дека само што си останала бремена од тогаш па за две недели треба прво ехо да ти направи и јас како тебе одев три пати во неделата и пак не гледаше ништо џабе само ме чачкаше со вагиналното ехо
Ми даде утрогестан 3 пати на ден и ми го прекина аспиринот бидејќи омав кафеав исцедок и да не било од него
Mislese sprema. poslednata menstruacija deka treba da se gledalo sega ama jas mislam deka sup pokasno zabremenata, na 19 imav ovulacija i spored moi presmetki treba da sum 3 nedela tocno kako sto pokaza na beta
Со правилно дуплирана бета и вредност над 10000 ме вратија да да дојдам после 10 дена на ехо во скоро 7недела со изговор дека може ништо да не се види. Дефинитивно е рано, опушти се.
Викате со мутација пиете аспирин и клексани, ја имав само една мутација и не ми дадоа ништо од ова да пијам, освен метилиран фолид, на Нау. Иначе имам само МТХФР-Ц677Т -хетерозигот. И тоа правени се пред да останам бремена, немало за друго потреба, а вие повеќето пиете и други лекови за мутации...
И јас ја имам таа мутација. Пред бременост пиев метил фолат, метилиран б12, вит Ц и аспирин. Од вчера аспиринот го прекинав и примам утрогестан. За клексани уште не ми имаат кажано
Јас пијам аспирин заради намален проток на крв во матката, додека д-димери и хемостаза се во склоп на бременост. Гледам резултати од минатата бременост, исто сум имала намален проток, ама тогаш ништо не пиев. Се мислам да отидам на второ мислење
Не знам, јас имав спонтан во јануари, со крварење, може за тоа не ми дава аспирин, а ти која недела си, кога се испитува сето тоа во бременост? Која недела? @malooto јас пред бременост, и сега сеуште пијам, метил фолат и витамин Ц. И сега не знам...
На првиот скрининг докторот го измери протокот на крв во матката, рече дека е можеби намален од нискиот притисок, ама да бидеме сигурни ме прати на трансфузија и ми кажа да пијам аспирин секој вечер
Да, правено испитување после биохемиска со ин витро, хетерозигот мтхфр 1289.Како останав природно бремена одма клексани и фолати б9 и б12(иако ги пиев одма кога добив резултат за мутацијата. ) После прв скрининг и кардиопирин ми додадоа.
Епа твојата е различна мутација, не знам дали и тоа има врска, не знам што да правам, за прв скрининг имам време тек сум 9та недела, не знам до тогаш што како да се прави, и дали е вака правилно.
Јас веќе 8ма недела терам. Од сам почеток ми е тешко. Ми се гади од се и сешто, немам апетит како претходно, и а ставам нешто во уста одма иде у шоља. Кафе пиев секој ден, не можев да се замислам без него, сега не можам да го смислам. Еве лежам и не можам да заспијам од мачниниве. Вака не ми беше со првата бременост.. Се надевам дека за некоја недела ќе ми поминат..
Оваа терапија е од др. каде што правев ин витро, мислам дека овие доктори на скоро сите со мутации им даваат превентивно дополнителна терапија како што читав во темата вонтелесно оплодување. Да беше до матичниот ми спомна само фолати така да штом не ти кажале ништо сигурно нема потреба. На следен преглед може да се консултираш пак за секој случај.