Јас сум 9та недела. Денес испитав крв и хемоглобинот ми е на граница (11.7 g/dl), нормално е од 11-18, а железото ми е супер. Дали некој има ваков проблем и дали пиете нешто за намален хемоглобин? После сум на контрола ќе го прашам и докторот.
Се додека е и во долна граница не даваат обично терапија викаат повеќе месо да се јаде блитва,спанаќ,цвекло и витамин Ц да се внесува
Вчера бев на оториноларинголог. Ставав мералис спреј за нос за деца само навечер да спијам, рекоа не е штетен и ми помагаше многу повеќе од солени капки. Ако е затнат ептен солени капки не ми помагаа воопшто. Ама ме фаќа од време на време и вид на алергија со ептен затнат нос и кивање па за таков ми дадоа тафен назал исто бил дозволен, докторката се јави на директор на фармацевтска куќа да праша. Инаку гинекологот ми рече и затнат нос и алергиски ринитис за прв пат сега се тоа е поради бременоста....
Денес точно 6та недела без симтоми можно ли е? На прв преглед после 20ти,потврдена бременост преку бета пред 10дена. Дали е се ок,да одам пак на контрола по крв или ок е вака без ниеден симтом да чекам до прв преглед
Јас мислам дека индивидуално е. Со првата бременост гадењата во 6+0 ми почнаа, а сега еве 6+3 уште немам нешто баш изразено гадење. Можи малку ко ќе подогладнам да ми е неубо ама ко ќе јадам се оправам и повеќе од шо мислам и очекувам. Засега е така се надевам да поминам полесно од првата бременост
Мене исто хемоглобинот ми е на долна граница а железото во нормала, не пијам терапија. Можеш со исхрана да го средиш, какао, аронија, брокула, спанаќ, месо, а помалку млечни производи... Можно е, кај некој порано некој подоцна се јавуваат а можеби ќе бидеш од среќничките да немаш никакви симптоми и тегоби Се е нормално, не се грижи.
Здраво девојки, позитивен тест на 03.08 и после прв преглед на 07.08 докторот рече дека сакусот се наоѓа во матката но наместо за точно 5 недели колку што требаше да биде според последна менструација одговара на некој ден помалку. Според моите пресметки овулација имав 17-18 ден од циклусот што значи мерките се во ред. Закажавме втор преглед за срцева акција за две недели, но вчера после работа имав црвеникав исцедок што премина во кафеав, па се смири и вечерта исто прво светло црвено па кафеавкасто. Уште дента веднаш се слушнав со докторот ми рече да земам добрастон 2 пати по едно, бидејќи на првиот преглед ми даде само фолна.(прва бременост без никакви претходни компликации само што ја почекавме година дена додека да реши да биде) Исто ми кажа дека ако не се смири или намали ќе закажеме порано преглед. Денес де има де нема но почесто има кафеавкасто отколку што нема, но тој вели да почекам дека од апчињата треба да се смири.Од денот кога го добив позитивниот тест до денес ја исчитав скоро цела тема и видов дека кај повеќе од вас се случило, но сепак сеуште постои страв. Дали да одам порано на преглед или нема потреба бидејќи тоа е тоа и нема што друго да се каже?
Ако не се смирува од дабростонот утре/задутре или ако станува поинтензивно замоли нека те боцнат прогестерон депо. Би требало да се смири, ама треба да мируваш, да лежиш. Кафеавото не е проблем, тоа е стара крв. Со лесно
Исцедокот е смирен од синоќа, а и денес сега за сега нема ништо. Се надевам дека апчињата веќе делуваат и ќе биде во ред сега. Доколку се повтори секако одам на преглед.
Имам некој притисок как двете веѓи, како да ме стега нешто само на тоа место, по неколку секунди и пак се враќа, цело време така, како со некој чекан да ме мава некој, може да е од низок притисок? Или што е работа, не знам...
имав и јас кафеаб исцедок во прво тромесечие скоро до крајот на прво , пиев и сеуште пијам дабростон но и ме боцкаа 2 пати или 3 пати мислам прогестерон депо тогаш на контрола кај матичниот .. би требало да се смири мн го имаат ..
Дали сте имале неколку дена по ред целодневна тапа болка долу ниското. И на моменти како пецкање. 7+6 сум. Пијам магнезиум и утрогестан ми рече докторот 3х200 да ставам, ама си продолжува. Првите две недели исто имав така болки па се смирија, еви ги сега пак