Zenski dali e zadolzitelno priska i skrining, kaj moj prijatelki nekoi duri i ne pravele. I me interesira ako pravime na drzavna vo Sk dali moze i maz mi da vleze so mene
Маж ти нигде нема да го пуштат, само за Систина како да имам прочитано дека некои со мажи биле. Знам мерак му е за ехото ама еве и мм само на прв скрининг го виде бебето во март и толку. Ако ти е да ти држи страв, не е страшно, ехо прават и крв од вена земаат.
Да ви се приклучам повт Зошто да не го правиш? Не е некоја процедура, ехо и крв само.. Не си оставај на мисла да ти е. Јас правев пред 2 години кога бев бремена со ќеркичката, сега сум пак и без двоумење пак ќе одам на сите испитувања.
Јас имам претходна бременост со плод со аномалија откриена на прв скрининг а имав 27 год.тогаш па се одлучив да ја прекинам бременоста. Сакам да кажам, нема врска годините, секому може да се случи недај Боже. Приската е статистика, не е задолжителна и според мене поважни се мерките од ехо да се во ред. Оваа бременост направив нифти од страв од претходното искуство, инаку ќе си правев приска.
Ne e zadolzitelna ama pozelno e da se naprave jas ne ja pravev na gak ja pravev na privatno pred dve god I nez kako e na gak
Во право си и ти, така си е, ништо не се знае, ама др. ми вика дека скринингот е поважен, приската е статистика, и вика ако се е во ред на скринингот немаш потреба од приска. И сеа не знам што е паметно, ако треба приска би правела државно, скринингот приватно, зошто реално ми се многу одеднаш да ги дадам и за двете на приватно.
Прават на ГАК, кога бев чекаа многу трудници за скрининг, јас бев за боледување да извадам, па си направив муабет, сите мажи чекаа надвор, не ги пуштаат, сами жените влагаат за било што, мерат температура и ако ти е покачена дремеш надвор и чекаш да ти се симне, кај трудни, по секако имаме покачена температура, па уште и на жешко дремеш пред врата, ужас, јас не можев на топлото да издржам, едвај ме пуштија.
Здраво женски. 13+3 недела претходно никакво гадење ,ниту мачнини. Вчера и денес неможам да си го смирам желудникот од болка,гадење и мачнини. Дали е нормално ,зошто како што читам баш во 13-14 недела престануваат овие симптоми.
Прават, денеска бев на преглед кај матичната, ми кажа дека има термини и за приска и за скрининг на ГАК.
Си ги читам мислењата од првата бременост, сум немала симптоми до 8ма недела... Сега од 5та недела ми се лоши, желудникот ми се поткрева Утре одам на прв преглед, рано ми е знам ама матичниот заминува 2 недели на одмор, па касно ми е да чекам до 8ма недела без преглед. Имам болки во долниот дел на стомакот, читам исто било и со ќерка ми па од почеток бев со добростон и лежење до 15та недела.. Се надевам дека сега ќе е поинаку пошо бебе од нецели 2 години и лежење не одат во комбинација...
Ако нешто треба додека е на одмор или кај замената или на приватно ќе отидеш. Прашај ако не дали да почнеш уште сега со дабростон. Јас па чекав до 8-9 недела за прв преглед, дека знаев покасно сум останата па да не ме паничи дека нема срце и слично, поради претходно лошо искуство со рано ехо. И моето имаше 8-9 месеци кога останав бремена сега ама без дабростон истерав
Исто ми беше и мене кога на сите им престануваа мене ми се појавија после 12 недела не треаеја долго срека 2 до 3 недели а пред тоа немав никакви симтоми само мн ми се спиеше. Ке поминат за брзо ке се стабилизираш одмарај повеке
Јас имам благи мачнини, но сеуште не се страшни. Пијам антиметил и б6 по потреба, а докторот денес ми рече ако не ми помага тоа да пробам со друго. Ќе пратам слика од тоа што ми препиша. Искрено не знам да кажам дали ми помагаат. Некогаш мачнините се губат, па се појавуваат и така во круг.
Здраво дами. Пред 2 недели правев тест за бременост, позитивен, инаку 5 - 6 месеци пробувавме со маж ми, на мојата среќа и нема крај! Пред недела и нешто бев на преглед на гинеколог ми рече 4та недела некаде сум, за две недели ми рече да дојдам да слушнеме за прв пат срцева реакција и тогаш да испитам крв. Ми препиша фолна и премама, уште од пред 3-4 недели тоа го пијам кога бев на општ преглед и и кажав дека пробуваме за бебче (и тогаш сум била бремена но прерано било да се виде). Од денес сум 5та недела и сакам да прашам дали е нормално што чувствувам скоро секој ден болки во јајниците, нешто како менструални болки, нешто како кога сум настината и под папокот тој дел ме боли. Инаку сега за сега од симптоми имам само болка и осетливост на брадавиците, поспаност, замор, и вртоглавици. Гадење имам малце но се поднесува, не е страшно тоа сега за сега. Но за болките нормално ли е?
Со среќа и со лесно Нормално е на почетокот скоро како менструални болки да имаш и болки во градите подоцна ќе ти се стабилизира ти посакувам лесно да си ја поминеш бременоста