1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прво тромесечие од бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од LusySkyDiamonds, 3 април 2014.

  1. ...Arthemisia...

    ...Arthemisia... Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    :inlove::inlove:
    Нормално е сѐ ова шо го имаш пишано, многу слични симптоми имав и јас само што бев преплашена што ме болеше претежно на левата страна, и нели штом отвориш ваков симптом на гугл одма излегува вонматерична бременост а на ехо сеуште неможеше да се види, па покасно кога го видовме фала Богу сѐ беше во најдобар ред, џабе стресовите ги кркав. Болките како менструални кај мене тек околу 9та недела ги снема, така што немој да се грижиш сѐ ќе биде како што си треба :inlove::inlove:
     
    На no name5, ***Troja, Nefertiti. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Ќе правам приска и скрининг прво на ГАК, после 2ри септември, со брисеви заедно, а после тоа само скрининг приватно во Систина. Ти што ќе правиш?
     
    На ...Arthemisia... му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ...Arthemisia...

    ...Arthemisia... Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    И јас денес се чув со докторката, и таа ми кажа дека најдобро скринингот да го правиме на полна 13 недела, и се збунив малце очекував дека нареднава недела ќе ми закаже. Цел месец го немам видено бебчо :| ама според неа нема потреба и сѐ е во ред. Се мислам и јас за скрининг на ГАК пошо е бесплатно а кај нас (надвор од Скопје) нема опција за државно, само на приватно и тоа 4000 само за приската башка 3000 скрининг... претераа со цениве некако. Дали сте сигурни дека примаат на ГАК?
     
  4. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.119
    Допаѓања:
    2.200
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Ве читам често, ама сега ми треба и совет. Според мои калкулации сега сум 5недела+2. Имам ретро матка (tilted uterus). Хцг не беше воопшто добро. За 7 дена растеше од 2100 на 2800...за пред 2 дена да скокне на 3800 па денес на 5300. Клиника и Систина никој нигде не гледа плод. Ни надвор од матка ни внатре. Систина предлагаат лапороскопски да се дијагностицира. Дали знаете некој специјалист за детектирање на плод на ваков специфичен случај? Фала ви
     
  5. Evy81

    Evy81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    665
    Пол:
    Женски
    Мислам дека секако треба да почекаш барем уште недела и пол за на ехо. Штом расте хцг е ок. Баш читав сега дека во ваков случај покасно може да се види плодот. Јас не би правела никаква интервенција.
     
    На Secret-Angel7 и Brpbrp им се допаѓа ова.
  6. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Јас бев вчера на преглед и пред 3 недели, и така се договоривме да одам и јас во 13та недела да направам и приска, и скрининг, мене она сама ми кажа дека имало термини на ГАК, ама за септември уште не биле пуштени, затоа ми кажа да дојдам на 2ри пак на преглед, да земеме брисеви и да закажеме за двете на ГАК, па после ако сакам скринимг плус да си одам приватно, во Систина е 4500 ден. само скринингот, а приската не ја правам плус во секој случај, само државно, ти ќе доаѓаш на ГАК да ги правиш или како, се мислиш?
     
  7. Nefertiti.

    Nefertiti. Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2019
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    5.378
    Пол:
    Женски
    Драги жени, мене денес болките ми се скоро цел ден, и појаки. Дали оти ми е прва бременост, дали оти малку сум хипохондрик и паничар, ама не можам да прекинам да мислам дека нешто не е во ред. Им пишав кај матичната дека сум 5та недела дека многу ме боле под папок, јајници и одма над вагината и ми закажаа за утре во 12 преглед.
    Секакви сценарија си правам - до утре незнам како ќе издржам. Се молам само се да е во ред.
     
  8. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.362
    Допаѓања:
    19.187
    Имав и јас такви појаки болки плус и многу под стрес бев. Ми дадоа Утрогестан ќе ти препише утре и тебе сигурно такво нешто..ако не барај си да ти дадат. Види магнезиум дали можеш. Ништо опушти се некако до утре пиј еден чај легни си и не мисли за да не си прајш дополнително стрес
     
    На Nefertiti. и thelittle17 им се допаѓа ова.
  9. Ivony12

    Ivony12 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Девојки дали е нормално да осеќам константен замор ? Неможам како што треба да ги извршам обврските низ дома одма се уморувам..и цело време ми се спие ..11та недела сум
     
  10. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.628
    Допаѓања:
    9.238
    Пол:
    Женски
    Нормално е. Јас бев иста, од кревет не ми се стануваше и спиев по 12 часа.
     
    На natasam му/ѝ се допаѓа ова.
  11. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Исто и јас, цел ден од еден на друг кревет, немам сила и енергија за ништо, едвај една чаша вода зимам :yawn:
     
  12. girl__20

    girl__20 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    1.595
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки,
    Бремена сум 12 недели и 6 дена по менструација. Осеќам чудни болки во долниот дел од стомакот како да ми болат мускули по некогаш ако се движам по силно или ако се стегнам некако. Не разбирам дали е нормално или не? Ќе одам од понеделник на доктор но сакав да побарам мислење од вас . Фала ви
     
  13. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.628
    Допаѓања:
    9.238
    Пол:
    Женски
    Нормални се такви тапи слаби болки и како да се растегнуваат мускули во тој период, па дури и слаби менструални. Тогаш матката веќе ја надраснува карлицата и се истегнуваат лигаменти, се шират мускули. Ако има потреба ќе ти даде докторот магнезиум ако не си почнала до сега да пиеш, или ќе ти појача доза. Ништо страшно :)
     
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.504
    Се додека болките се издржливи не се јаки се е нормално. Магнезиум доста помага во вакви ситуации сега ќе расте стомак,матка ќе осеќаш и грчеви понекогаш ретки се тие што поминуваат без никакви грчеви или болки:)
     
  15. girl__20

    girl__20 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    1.595
    Пол:
    Женски
    Фала ви девојки навистина ми олесни, бев премногу исплашена бидејќи секој ден ја осеќам таа болка. Не е силна но сепак во движење ја осеќам секој пат.
     
    На Brpbrp и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.292
    Допаѓања:
    57.256
    Пол:
    Женски
    И јас имам ретровертна матка. Сега баш проверив кога сме го виделе плодот на прв преглед, 5+3. Би требало да се гледа сакус, мислам дека тоа што е ретро матка не прави голема разлика. :(

    А како според твои калкулации? Доцна овулација имаше? Оди на уште едно мислење, можеби сепак е рано...
     
  17. no name5

    no name5 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2018
    Пораки:
    888
    Допаѓања:
    1.100
    Пол:
    Женски

    итста бев и јас на почетокот , немав енергија за ништо и си лежев само , дури со мажот ми не си правев муабет од толку што немав енергија си лежев само со саати сама , и така ми беше најубаво хаха
     
    На Skorpija25 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ...Arthemisia...

    ...Arthemisia... Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    Па искрено се мислам да дојдам, пошо не ми се фрлаат 7000. Само ми е да не дојдам за џабе, нели имаше проблеми со примањето со терминиве. Па скрининг можам и јас овде да си направам на приватно пак.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. TiniMini

    TiniMini Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2020
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, кажете ми кои се прегледи се прават до 13та недела? Затоа што мене докторот ми закажа контрола на почеток на 12та недела и не ми спомна ништо ни за приска ни за скрининг, и до сега само на ултразвук ме гледаше, никакви испитувања не ми направи. Ве читам вас па за тоа, скрининг 4д се прави и сега на 12та недела? Зошто јас се си мислев таму 21ва недела :?:
     
  20. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.504
    Се прави и во 12та за Даунов синдром и после во 21ва се гледаат сите органи на бебето прстиња,лицето буквално се...не е лошо барем еднаш месечно крвна слика да си проверуваш и урина во бременост знае доста често да има бактерии во урината па затоа :)
     
    На TiniMini му/ѝ се допаѓа ова.