Јас сум од денес 9 недела, ужас сум нит јадам нит пијам. Не повраќам ама ми се гади од се, и јас сакам да слушнам за апчињава... Без рецепт се земаат? Мртва гладна сум
Да без рецепт 350ден.се Иста сум и јас повраќам после болки како некој тупаница да ми држи на желудник.Пијам апче се смирува се па јадам Прашај гинеколог пред да почнеш дали да земеш мене ми ги препорача тие,друга членка тука имаше напишано за други неколку страници понапред. Со лесно
И јас засега пијам антиметил и се држам засега не ми де страшни мачнините. Искрено не мислам дека нешто баш помага. Во првата бременост ништо не ми помагаше ми се гадеше нонстоп. Овие од сликата не ги имам пробано, ако има поголема мака не дај боже можи ќе ги земам.
Како е поправилно да се водам? По циклус сум 10+5, но по големина точно 10 недела, 5 дена покасно е зачнато. Јас се водам по големината, но гледам терминот докторката ми го одредила по циклусот. Инаку мачнини, повраќање, гадење еден тон, но ќе поминат за некоја недела.
Мене мачнините ми се намалуваат, штом земам да каснам нешто, веднаш штом станам, некакво овошје одма јадам, пример банана, лубеница, праска, со сила го јадам, и после некое време ми е многу подобро, не може така да оставите жени и ништо да не јадете, ако треба со сила, ама ќе се јаде по нешто и по малку, наместо 3 оброци дневно, имајте 6 и јадете по малку, празен желудник не оставајте, ќе видите колку подобро ќе ви е.
Да и јас така правам како @thelittle17. Станувам. Веднаш ми е лошо па веднаш каснувам крекер или бисквита. Се стабилизирвам за брзо и после гледам да не се оставам воопшто гладна, затоа што тогаш ми е најлошо. Јадам по малку на секој саат, два. И ок е за сега. Меѓутоа пак ќе речам, со првата бременост ништо не ми помагаше, исто се трудев да јадам малку и често, но јадев со страшни нагони за повраќање и општо состојбата ми беше многу полоша и не можеше да се контролира.
Секогаш и кај сите е различно претпоставувам, ама бремена жена не смее да биде цел ден гладна, не е ни здраво, барем пола јаболко ама нешто да се внесе.
Да секако така е, затоа барем по некој залак на секој саат, за да не доаѓа барем до повраќање и да се успее нешто да се задржи во телото. Но, тоа сепак не мора да значи дека така ќе се смират мачнините, само мора да се наоѓа начин да се задржи нешто од храна во телото. И дури се бара начин, ќе поминат мачнините
Е да баш така како што кажа, не мора да значи дека магично ќе исчезнат, ама со тек на време ќе се смалат ако не исчезнат, тоа е ќе издржиме 9 месеци, не е страшно, слатки маки.
Здраво, 6 недела сум бремена и денес на лекар имаше срцева реакција, но докторката ми најде на десниот јајник циста 2.5 см. Таа рече дека не е ништо страшно. Дали да сум исплашена ? Кој имал такво искуство ?
Девојки кога слушнавте срцева акција? Пред една недела бев приватно на преглед и според мерките бев точно 6 недели, 4 дена помалку од последна менструација, ме гледаше докторот вагинално и рече дека срцето почнува да трепка но не пушти звук да слушнам. Денес бев на државно и ме гледаа на обично ехо преку стомак би требало да сум 7 недели но докторот не можеше да слушне срцева акција, исто ми кажа дека почнува да се формура па ми рече да одам за 10тина дена. Мислев ќе бидам поопуштена после денешниот преглед но сега сум поисплашена. Дали можеби е рано на 7 недели на обично ехо да се види? Кога бев на приватно докторот воопшто не беше загрижен ми рече дури по 4-5 недели повторно на преглед.
Зависи кога е зачнато сите не зачнуваат за време на добиено што е многу нормално можеби си останата пред да ти дојде циклусот па да треба повеќе време да пројде до 9та недела ги чекаат за срцева али штом видела дека трепка докторката нареден преглед треба и да слушнете тоа е сеуште премногу мало срценцето за да може да го фати за да се слушне биди опуштена и гали меше
На точно 7 недели го слушнав срцето. На ехо не можеше, па вагинално ме гледаше и тогаше се слушна многу убаво. Ако не си опуштена и не ти се чека 5 недели, оди кај друг доктор на преглед.
Има случаи кога дури во 8ма недела слушнале прв пат срце, така да не се секирај. Ама да не ти е на мисла и да не ти се прави стрес, оди си најдобро утре-задутре кај приватниот доктор нека те види пак.
Фала ти и тебе и на сите кои ми одговорија. Тоа всушност и сакав да знам дали на обично ехо сте слушнале или вагинално. Верувам дека вагинално се поголеми шансите но мислев дека сите на 7ма недела веќе и на обично можат да го слушнат. Ќе видам колку ќе издржам уште пред пак да одам на преглед. Сигурно нема да бидат 4-5 недели
Сега прочитав дека преку стомак те гледале, тогаш нека не ти е мисла зошто и со вагинално некогаш покасно може да се слушне првпат срце. Зависи и од ехото, ама 7ма недела е секако рано за преку стомак гледање.
Баш на ова мислев. Ајде наредна недела одам пак сега за сега ќе пробам малку да се релаксирам и да мислам на точката која трепкаше на претходниот преглед. Фала ти И сама си знаев дека нема да издржам толку, но си мислев да прашам барем една недела да можам до почекам со ваша поддршка.