И јас слушнав срценце во 7ма недела, само кај мене се слушна и на ехо преку стомак, кај секого е различно не се секирај, само оди си порано на преглед, сигурно за 1 до 2 недели најдоцна ќе си има срценце.
Повраќањето се влошува секој ден. 9+3 сум. Во рок од два саати повратив четири пати. Водата си ја повраќам. Почнаа и страшни главоболи од што немам веќе течности и храна во телото. Антиметил не помага. Дали постојат некои други
Нека ти донесе некој спрајт малце отпивај јас апчиња не користев тоа ме спаси. И електролити содржи. Ако се влошува мораш на инфузија
Колку си погладна толку се влошува ситуацијата. Кога ќе станеш од спиење касни бисквита, крекер, нешто суво и полежи па стани и не пиј вода на гладно, џабе. Апчиња, лекови со јадење пиј. Јади почесто помалку. Не се прејадувај. Кога јадам посуво помалку ми се повраќа.
Цело време сум на сува храна. Некогаш само леб јадам. Од готвено јадев по малку пред некој ден, а од вчера се влоши, неможам ни вода. А лекови за тероидната морам насабајле на гладно да ги пијам, и одма повраќам
И јас пијам еутирокс сабајле. Малку вода колку да пројде и назад во кревет. Ако се напијам колку што ми се пие отиде апчето во шоља...а веќе 36та недела сум... Каква вода пиеш? Мене од Роса ми се лоши, да не не ти е погодена... И пробај со поладна вода
Тоа е многу, оди на доктор може да полежиш некој ден, и да ти ставаат инфузија, подобро за тебе и бебето, другарка моја цела бременост беше така, пиеше и реглан дури, со уште некој лек плус, пиши што си направила.
Здраво мајки,да ве прашам за мислење јас на13+2дена направив hcg papp a за даувн синдром и тестот ми излезе сомнителен со висок ризик 1:112 матичниот ми закажа на 1 септември на државна на ехо па после дека треба да направам амниосинтеза за да се утврди и гарантираат дека таа покажува точно и нее ризично,дека порано да имало грежки а сега на државна се профиосинисти ,сакав да направам на панорама или нифти тестот ама ако и тоа покажува сомнителен тогаш мора амниосинтеза,да потцетам дека пред три недели и имав крварење и примав 2 прогрестерон и 13 пролутекс и дабрестон секој дена и магнезиум таа ноќ кога имав крварење си оридов во болница и еден нов др ме прегледа вагинално со некои метал и многу буцкаше и многу ме повреди и си реков со себе којзнае детето нема да биде добро да не го повредил и еве овој тестот ми излезе сомнителен ве молам сите за одговор од колку до колку за синдром е ризичен мојот 1:112 и дали некој има ист с
Вода некогаш Ладна, некогаш од чешма. Денес еве од 11 саат до сега 11 пати повратив. И грлото како да ми е искинато. При крај на повраќање како крв исплукувам. Сега планирам до Ремедика да идам па ќе видиме
Те гледале со спекулм веројатно. Ништо страшно не е не може детето да го повреди. Тоа не е причина за тој резултат што си го добила. Штом приска ти дала повисок ризик сама треба да одлучиш дали пренатален дали амнио ...
A moze testot da pokaze lazen pa amniocintezata da izleze se vo red I dali nekoj znae vo koj den se pravi toa posto mene mi rekoa so vo vtornik
Девојки матичната ми рече да одам на инфузија. Отидов до Ремедика ама не давале инфузии без корона тест. Докторот ми даде Зитрон апчиња да сум пиела, (во упатството пишува дека после хемотерапија и операција ги давале) и ѓумбир капки некои. Инаку продолжувам со повраќање. 13 то по ред. И вода да сум пиела лажичка по лажичка. Фала ви на сите за советите. Секое добро
Ако и таму не те примат оди во систина пробај. Они бараат во државна урина тест и ++кетони така ми објаснуваше матичната. Тоа 2 плуса е дехидрација за инфузија. И тие се таму луди малце во државна
Бев до државна. Ми дадоа инфузии за дома имам кој да ги става. Сакаа да ме остават, ептен дехидрирана. +++ Кетони. Улкодин, реглан и б6 со физиолошки раствор. 6 дена насабајле и навечер