Јас повраќав вечерва, за никаде сум, дојдов до работа и си отидов. Ќе се јавам кај матичната да ја прашам после што да правам. Само кажете ми сакам да земам боледување барем неколку дена, кај обичната матична да барам или кај матичен гинеколог?
Maticniot sigurno pisuva reglan a vo apteka ti davaat antimetil prirodni so gumbir jas dva dena povracav non stop edna tableta antimetil si ispiv I vise ne povracam
Здраво мајки ајде и јас да се приклучам тука еве ме негде 7ма недела сум според апликацијата од телефонот, бев предходнава недела на доктор ми потврди бременост и кажа дека сум 5та недела и некој ден и влегувам во 6та ми закажа преглед за две недели па да видеме како ке се развива и да слушнеме срценче па едвај чекам некако многу касно ми се виде сакам да знам дали е се во ред
Здраво и од мене. Денес прв пат имам позитивен тест за бременост. В понеделник планирам да го повторам со бета преку крв. Според pregnancy calculator бремена сум 4 недели и 1 ден. Кога е време за прв ехо преглед? Треба да почекам малку или да си одам веднаш?
Ти благодарам. Дотогаш да земам нешто или да чекам консултација со него? Метилирана фолна киселина земам веќе 6 месеци без прекин, тие не ни планирам да ги прекинам. Многу сум возбудена, не знам што треба да правам.
Ако имаш благи болки во стомак и половината можеш и магнезиум , фолната е најбитна во прв триместар Јас пиев во првиот триместар мултивитамини 1 за прв триместар.Во Мк пијат Фемибион 1. Најдобро консултирај се со матичниот.Уживај си две недели брзу ќе минат.Во меѓувреме спиј и храни се редовно и здраво, не дигај тешко, без алкохол и цигари,гали меше и радувај се ! Ти посакувам триместар без гадење и повраќање
Имам грчеви во лев јајник, а се плашам за вонматерична, бидејќи имам сактосалпинкс на лев јајцевод, затоа ми е многу битно барем сакус да се види во матката за да знам дека е имплантиран ембрионот таму каде што треба.
Најрано околу 6та недела се гледа и да отидеш порано можат само да те исповадат од памет па ќе те тераат бхцг да правиш и да се шуткаш по болнициве, а сега тоа не ти треба затоа закажи си во 6та недела да отидеш на преглед
Единствениот симптом што го имав до 6-7 недела беше болка во левиот јајник, а кога отидов во 5та недела неможеше да се види на ехо и се преплашив дека е вонматерично, затоа што на чичко гугл таа болка “не може” да биде за ништо друго освен за вонматерична бременост или спонтан. Правев тестови преку крв, првиот bhcg беше околу 400 и затоа не можело да се види, кога стигнав на 2000 тогаш отидов и се виде дека си е на точно место и супер напредува па срцето тек на 6 +6 го видовме, а јас сеуште ги имав истите болки во левиот јајник. Значи и докторката ми кажа дека најрано се гледа доколку bhcg ти е над 1600. Не се секирај, многу е рано, ќе ди биде сѐ во ред, верувај ми точно знам какво лудило те фаќа затоа што никој околу мене не се сеќаваше на таков симптом, и бев сигурна дека нешто не е во ред, па еве денес влегувам во втор триместар и сѐ е како што треба. Гали си меше и уживај. п.с. Од бабините деветтини е дека ако плодот е закачен на лева страна е женско
Фала ви @Brpbrp @...Arthemisia... Ќе дадам сѐ од себе да седам мирна 2 недели. Ма, само нека е живо и здраво. Можеби близнаци ќе се машко - женско
Дали имате слаби менструални болки..најчесто наутро..12 недела сум..докторот ми рече нормално е...ама пусти страв..
Мајки кажете нешто за болки во желудник и против повраќање. Пијам антиметил синоќа пробав и со малку сода не оди ,па пишете како да го смирам цело време ме боли,ништо неможам да јадам пијам само кока кола
За желудник ладно млеко, ама јас повраќав од млечните производи, за таблетки не знам. Мора да јадеш нешто, што повеќе си гладна што повеќе ти се повраќа. Пробај леб, ѓеврек, крекери. И да повратиш ќе има што да повратиш, нешто ќе исфрлиш нешто ќе ти остане.
Денес испитував бета hcg и резултатот ми е 112,7. Бремена сум 4+3. Дали е доволно hcg за овој период? По колку дена да направам контрола? По 48 или 72ч?
Границата од-до е многу голема, мислам дека ти е во ред бетата, можеш да повториш за 48часа да видиш дали ќе се дуплира Честитки! ❤️