Здраво мајки според апликацијата сум 7ма недела и денес така исцедокот ми е помешан со кафеава боја, пијам дабростон два пати на ден исто кога бев на контрола за потврда на бремеността некаде околу 5/6 недела и два дена по ред само еднаш во денот значи на првото одење во вц и забришување имав таков исцедок помешан со кафеава боја му кажав и ме боцнаа таму и ми препиша дабростон е сега мисла ми е дали треба пак да го известам докторот или ? До следниот преглед имам уште недела дена
и уште ова дали има некој друг само со овие симптоми до сега само чуствувам замор, низок притисок, отечени гради.... со првата бременост поинаку беше па затоа ми е чудно
И мене ми се случи истото, денес ме боцнаа втор пат прогестерон и ми кажа строго мирување и лежење.. Инаку во врска со симптоми и мене ми се скрос различни од првата бременост, многу повеќе ми се гади од се, омалаксано се чувствувам и имам болки во јајниците.. Докторот ми рече само мирување, бебе е ок..
И јас сум иста. Еднаш примив инекција и сега пијам дабростон два пати на ден. Кога ја примив инекцијата на преглед беше се ок и докторот рече дека не е страшно и според него ако има некоја стара крв подобро да се исчисти за да не му смета нешто на плодот. Уште сум со страв, а немам ни многу симптоми освен отечени гради и што сум многу уморна по цел ден и ми се спие до утре точно 8 недели, прва бременост ми е но не можам уште убаво да се израдувам. последните неколку денови скоро и да немам кафеав исцедок. За некој ден два ќе одам пак на преглед да видам како ќе е докторот со смени па се надевам ќе слушнам убави вести за малку да се релаксирам. Мене ми кажа ако немам зголемен исцедок да продолжам само со апчињата, можеби треба да го известиш за ако е потребно да те боцнат пак. Ти посакувам лесни следни 7-8 месеци
@srcula благодарам мила и тебе со лесно да ти е до крај. Мене втора бременост ми е . Е сега немам обилен кафеав исцедок но колку да те заплаши го имав и еве денес немам ич , иначе исто премногу уморна,омалаксана ми се спие навечер некогаш неможам место да си најдам за спиење де од една де од друга страна , повраќање киселини немам а со првото имав . Па ајде да мислиме само на добро и добро да биде се и јас од денес 8 недела, но до прегледот имам уште многу барем мене така ми се чини.
Здраво девојки само да ве поздравам... Јас сум денес според последна менструација 5+6 денес имам закажано на гинеколог.Се надевам дека ќе слушнам срце и имам многу срав заради тоа што пред 5 месеци имав миссед баш на ова недела. Причината се доведува до повеќе фактори Уреоплазма,лекарства тешки кетонали итн.. спермограм патолошки 90% Сега патолошките се на 80% матичната ми даде зелено светло уреоплазмата е излечена лекарства никакви јас сум надвор од мк ми кажаа овде дека не правеле никакви испитувања освен скрининг незнам дали да си побарам сама за уреоплазма?
Здраво девојки, имам некој болки во долниот дел од стомахот, особено кај десната страна, инаку сум 7+3. Дали да одам кај матичната или е нормално? Споделете искуства ?
Јас со магнезиум почнав уште пред да останам трудна, а во претходната бременост кога останав трудна па се до крај.
Ви благодарам за една недела сум на преглед се надевам ќе ми даде и мене да пијам, таа недела би требало 9 недела според апликацијата од тел да бидам, а на прегледотот кога бев тој таму помалку една недела или некој ден незнам точно па да видиме овој пат што ќе каже иначе пијам фемибион1 и дабростон два пати на ден
Јас пијам уште пред да останам трудна, и си продолжив, немаш штета од магнезиумот, дури и ги ублажува грчевите.
Повторно јас, додека примав инфузии ми се намали повраќањето на два трипати. Кога завршив пак по старо, вчера 11 пати. Капка вода одма ја повраќам, а не пак јадењето. Гладна и жедна. Според вас каде е најдобро државна или Чаир, ако продолжи ова ќе морам да останам во болница
ти благодарам не ми рече да испитам не му ни реков искрено по големина е 4н5д се надевам до крај ќе помине како што треба
Во ниеден период од денот не ти се смирува? Јас откако ќе станам до 18 часот и вода и воздух се повраќам , умрена сум за вода. Ама после 6/7 не повраќам, ми се гади да нон стоп, ама не повраќам, и ќе изедам едно јаболко со сила, пола кришка леб евентуално и толку.
Од како ќе станам одма повраќам додека да заспијам, ништо не прима стомак, ни овошје, ни леб,ништо. Мокрача веќе кафеава ми е немам ни што да мокрам
На почетокот и јас бев така, повраќав од се. Пробав прво овошје да јадам, нешо со лепче и накрај спасот ми беше млеко со бисквити. Кој ќе станев од спиење одма млеко со бисквити и после тоа малце легнував онака 5 мин да не се движам и ми помогаше.