Ова воопшто не е наивна состојба. Мораш во болница, многу е ова твоето, ќе ги оштетиш бубрезите на таа дехидрираност https://www.healthline.com/health/hyperemesis-gravidarum#outlook
Девојки хелп... Денес неможев воопшто да јадам малце ќе каснам мислам незнам колку имам изедено ми се гади ептен ... што да земам така полесно за да јадам?
И јас немам апетит, мислам дека преживувам на леб, јогурт, павлака, краставица, геврек. Многу еднолично се хранам, се надевам со тек на неделиве ќе се промени тоа. Мене најлесно за јадење ми се млечните производи, јогурт, кисело млеко, павлака. Види тебе што најмногу ти одговара.
Изгледа само јас тука за сите јадам. Или пак да надокнадам за кога ќе бидам некоја недела плус и ќе почни гадењето и повраќањето. Кажете ми дали има мерка за бремените жени да бидат ослободени од работа? Во мојата фирма имам колешки што се на породилно, но ниедна бремена. А не сакам да брзам и да кажувам дека сум бремена, сеуште ми е многу рано (освен сопругот и вие, не знае никој).
Дајбоже да си имаш најлесна бременост. Мене мачнините ми почнаа некаде после 7, 8 недела поинтензивно. Инаку има мерка, со потврда од гинеколог ослободени сме, каде што се почитува тоа секако. Јас дури 9/10 недела однесов. Несакав и јас да знаат пред да стигнам до некоја посигурна зона 14 недела, ама почна да ми биде ептен мачно и однесов потврда. Само до кога ќе бидеме ослободени незнам.
Фала мила, најлесна на сите да ни е до крај. Јас утре (т.е. денес) сум 5 полни недели, уште сум назад. Ќе почекам некое време, па за понатаму ќе видеме.
Мене од полна 6та ми почнаа мачнини.Веќе сум 9та и незнам како сум жива. Само повраќам,омалаксана сум малку кревам глава кога ќе се напијам Антиметил после пак исто. Само млечни производи и тестенини можам да јадам,овошје и зеленчук послабо,месо никако
@IRBBB мислам дека рано ти е уште за мачнини. После 6та недела обично почнуваат. Кај мене во 6та почнаа, но се благи и подносливи и најчесто се јавуваат ако сум гладна, па можите да замислите дека на секое си поткаснувам само. Веќе покачив 1 кило, а сум само 9+4. Во прбвата бременост ужасни мачнини имав до кај 16та недела можеби, бев ослабена неколку кила. Сега како си почнав 20 кила плус ќе бидам на крај најмалце ама подобро тоа отколку она што го преживував во првата бременост. Се надевам дека вака ќе поминам лесно, не дај боже да ми се појават мачнини во поголемите месеци
Јас сум точно 5 недели незнам како ќе биде до крај хахаха вака ако продолжи дефинитивно ќе ослабам јас...
Јас на почетокот јадев за цела фемина Мислам дека и масата ќе ја изедев. Тоа беше страшно како новороденче јадев на 2 саати После сфатив од премама дека ми е. Тие ги прекинав и си имав нормален апетит. Башка што ме подуваа и во 8ма недела личев на 8ми месец
Исто и јас кога сум гладна имам најмногу мачнини и цело време џвакам нешто Последнива две недели посебно, а скоро 9та недела сум. Мислите ли дека фемибионот отвара апетит? Се мислам да ги сменам со обична фолна.
Не вервам. Јас минатата бременост и премама и фемибион пиев па апетит нула имав па да не речам скоро цела бременост.
Здраво феминки,нова сум на форумот, бремена сум 8ма недела бев на втор преглед да слушнеме срце но ми кажаа дека плодот одговара на 5+6 ... имаше нерегуларна срцева акција и е многу мал плодот па ми кажаа да појдам за 1 недела да видиме дали ќе се развива дали некоја имала исто или слично искуство?
На првиот преглед 5+6 бев имаше само гестациски сакус па ми кажаа контрола за 2 недели да слушнеме срце
Прв пат кога отиде беше 5+6 и сега после 2недели пак е 5+6 не е воопшто мрднато во мерки? Чудно.. Да не се праам попаметна од лекар. Јас прв пат бев во 6та недела па 2нед после тоа во 8ма на срце. Каде одиш на доктор? Матичен..клиника..приватно?
На првиот преглед ти потврдија дека одговара на 5+6 или ти си рачунаш според менструација? И на вториот преглед пак одговараше на 5+6 после 2 недели?