Во Плодност одам, според менструација да првиот преглед беше 5+6, но немаше плод само сакус кога појдов вчера на втор преглед по менструација треба да е 8ма недела а плодот одговараше на 5+6
Неее, кога била 5+6 тогаш само сакус виделе значи како 4 + нешто било отприлика. А сега одговара на 5+6 само не спомна моментално според последна менструација колку е. Јас мислам покасно е зачнато, недела до две најмногу. Нареден пат за две недели сигурно ќе си одговара на 7+6 и готовооо...
Тогаш доцна е зачнато. Мислам дека не би требало да не напредува. Ти ако знаеш отприлика кога си имала овулација ики си зачнала би било најдобро.по менструација не мора да значи дека е точно секогаш. Убаво ти рекле за 1 недела да видат како ќе напредува Ако не можеш да издржиш направи си преку крв и види како ќе се движи бета хцг Ама и тие доктори се за ќутек. И ова како што пиша тешко ли е да го објасниш на пациент. Они ќе кажат за 1нед и ти сањај што мислел...
Знам мене така првиот пат кога останав бремена ме исповадија од памет, вонматерично да не било, еха вагинални на неколку дена и психички ме утепаа. Не се заврши добро таа бременост, од повеќе фактори ама и стресот играше улога...
Затоа се испоштрекав како ќе напредува дали воопшто ќе се развија цела ноќ размислував ... па се надевам на доцна овулација само што си реков една недела да е доцна .. но ме збуни што се во прашање две недели .. но ќе почекам сепак да не стварам дополнителни стресови
Првиот пат кога бев бремена кога појдов требаше да бидам некаде 4н се гледаше сакус после кога појдов требаше да бидам 6 ама сум била тогаш 4 значи поназад две недели нареден преглед бев 6 и кога требаше да бидам 8 беше застанато на 6... Сега со оваа бременост некни требаше да бидам 5н 6д некаде а јас бев 4н 5д значи 1 недела некаде поназад. Не се плаши покасна овулација е
Јас според последна менструација треба да сум 11 недела, а сум 9та. Покасно зачнто. Уживај си, нареден пат ке слушнеш срценце
Исто и моето покасно зачнато . Според циклус беше 6+0 имаше само гестациска ќеса.После на 7+2 покажа дека бебечето е 5+6.Така да не се сеќирај уживај. Сега си имам термин според бебето не според циклусот.
Имам пишано и во др група ама ајде и тука да пишам Бев во средата 2.09 на ехо докторот ми рече одговара на 4н5д имаше гестациска ќеса задоволен како што треба да биде е ми рече округло не е ни јајчесто ни никакво супер е. Следна контрола на 18 за да слушниме срце. Е сега на 24 правев бхцг резултат 1201.0 пратив кај гинеколог во мк ми рече одговара на 4 ипол недели овде се јавив на гинеколог ми рекоја од 3 до 5 недели е резулататов .... некој да знае ? Во ред си била вредноста за некаде 3та недела или е мн висока за 3та недела?
Ги знам вредностиве зато некако не ми штима мене .... зато реков пак да прашам во некој случај да не можи да има толку висока вредност
Таман си е до недела две разлика. И моето беше на почеток поназад со мерките за недела дена па сега е за 2 недели понапредно. Уживај во бременоста.
Јас имав на точно 5та недела според циклус, а реално 4+4 според овулација б-хцг 3438. Наредно б-хцг после 4 дена беше над 100000. И јас испрочитав се, споредував, пресметував и мислев дека е многу висока вредноста, ама излезе се ок.