Фала Ава Се надевам вака ке терам до крај ама како сум трната имат некој 30 кила плус да закачам на мене
Па и јас се мислеб, со ладен восок ми е страв и ме боли, со брич да не се напраам партал дека на раце, ама може малцр да ставам пена, ваљда ќе поминам добро, ако не ќе си одам со влакна, не ми се оди во козмеички салон, и на мисла ми беше што да правам..
Јас исто мислев ма почетокот имав некој луд апетит, за сега во второ тромесечје не можам повеќе од едно парче лебче да изедам.Така да не мора да значи.
Немаш гајле од брич. Не кажувај никому, ама често се поминувам и по раце кога немам време или ме мрзи да депилирам. Ништо страшно не е, не се згуснуваат. Ќе внимаваш, секако со пена или повеќе гел за туширање. И во насока на влакната, нема потреба од обратно.
Имаш уште една варијанта на Лидера, гледам доста девојки ја предложиле во темата "депилација во бременост". И јас имам во план да си ја земам. Околу 350 ден чинам.
И јас порано мислев од брич дека ќе се направам ко мајмун, ама нема врска една колешка ме убеди пробав, еве 2 години така ги правам рацете,исто тенки ми се ко претходно.
@minne992 Јас сум 8ма недела, и јас исто заборавам дека сум бремена некогаш, посебно кога спијам, упорно на стомак се разбудувам, маки мачам да се научам на страна да спијам. Со лесно. @thelittle17 Исто и јас ќе ти препорачам да си ги избричеш рацете, јас со години ги бричам, не ми се воопшто згуснати влакната, напротив сосем нормални како од депилација, дури на горниот дел не ни имам многу веќе. А еве ме мене драги жени. Нели постојано се жалев на болки во стомакот, бев на гинеколог имаше срцева акција , во матката е гравче мало, малку ниско наместено е, ама ќе си се качува со тек на време ми рече матичната гин. и имам мала циста, не била страшна. Направив и уринокултура, во ред беше. Но болки сеуште осеќав, матичната ми рече да пијам по едно литро увин чај, ама не помогна тоа и вчера мајка ми дознала дека во Кав.идат гинеколози специјалисти од ГАК Скопје и ми рече ајде да одиме, нека те видат, не губиме ништо, и второ мислење. Да скратам пошто многу сум детална јас Се надевав дека др Адела Стефанија ќе ме прегледа, ама не беше слободна па дојде нејзиниот колега, Саша Јовчевски - мажетана голема и груба . Сондата ми ја стави така грубо и наеднаш, ама врвот е кога ми рече ќе те прегледам и вагинално, со рака. А мора ли му викам јас?! Да мора вика, да видам дали е бишиката... Се препотив, два три пати му затворив нозе, му се идеше да ме врзе мислам Опушти се само ми викаше, и ајде некако ја пикна раката, ме прегледа и ми рече воспалена ти е тебе бишиката, повторно да направам уринокултура, и да ми земат микробиолошки брисеви. И сега утре ќе одам да ми дадат упут за уринокултура и да Ве прашам кога на вас ви земаа прв пат микробиолошки брисеви? Јас сум точно 8ма недела
На трудници, особено во прв триместар нормално е да ги боли стомак. Уринокултурата ти е во ред, значи немаш бактерии во урина, значи бешиката не е воспалена. Увин чај и општо чаеви кои делуваат диуретично, не се препорачуваат во бременост, посебно не во големи количини. Вода, најдобро за плакнење на цел организам и рехидратација. Вагинален преглед не служи за дијагностицирање на воспалена бешика. Иначе, ништо не кошта да провериш и урина и брисеви пак, а можеш и сама да видиш по изгледот на мокрачата. Се миеш, испушташ првиот млаз од мокрачата, а остатокот го собираш во проѕирен сад, ако е бистра, чисто е. Не се втирувај во ништо, штом бебето е добро, уживај!
Воспалена бешика се гледа на ехо бе. @Nefertiti. стварно мачен преглед, со рака толку рано. За бешика да провери Ок, доктори се да не им се мешаме. Ама безброј пати сум имала воспалена бешика, ниеден доктор рака не ми пикнал. Чудно ми е ептен. И со тоа сондата без осет, аман. Брисеви кон 12та обично земаат матичните, ама можеш и порано да побараш ако осеќаш мака.
Јас бев запрепастена значи, се препотив, дури и маската ја извадив од паника, ми немаше ни мене логика ова.... Заборавив да допишам дека исто ми рече дека проверувал дали матката ми е убаво затворена, бидејќи мама и мене и брат ми не носела многу ниско, па ја шиеле доле... Како и да е, дали беше морално или не јас незнам, ама знам дека беше језиво, мачно и страшно непријатно. И уште еднаш не се враќам таму на преглед. Битно гравчето е добро, си одговара на пропорциите за 8ма недела и срцето е добро, бар тоа ми потврди да бидам мирна уште 2 недели до следен преглед кај матичната.
Brisevi mi zemaa negde 11,12 ned a za besikata pij si caj od brusnica I ne pij voda od cesma nego kupuvaj si flasirana voda I jadi susena brusnica
Девојки ... како што читам сите често мокрите јас нормално си мокрам нешто да не не е како што треба вака ?
Многу голем паничар сум нешто да имате сите заедничко во бременост јас да немам мислам дека нешто не е како што треба.... Ти благодарам девојко
Немој да се споредваш со други. Дури и 2 бремености кај иста жена се тотално различни еве јас сум таков пример во однос на симптомите и мачнините во првото тромесечие. Уживај и не се преоптеретувај со небитни работи.
И јас сум исто немам никаков симптом освен болни гради, имам нормално мокрење и се останато ми е нормално, уживај