Девојки правев скрининг и микробиолошки и на резултат ми покажа серум за RUBELLA позитивен..дали некој знае што е тоа ?
Позитивен IgM aко е тоа значи дека си ја прележала некогаш. Ако пишува и IgG позитивно тоа значи сега ја имаш.
За една недела сум на гинеколог за да слушнеме срценце.... само тоа нека помини камен од срце ќе ми падне ....
Не мисли лошо се ке биде во ред Јас на 6 та недела бев и немаше уште срцева реакција, наредна контрола ми рече за еден месец
А зошто толку касно ти закажале, срцевата веќе на 6та крај и во 7ма недела се јавува. Ако не те држи место можиш да одиш порано. Јас бев 4та недела + некој ден ми потврди бременост, и за 2 недели ми рече дојди за срцева реакција, ама почекав плус некој ден и на 6+5 веќе имаше. Може и 7ма + да фате кај некои ако овулацијата ти била покасно, ама ако не те држи место оди слушни си, па после тек за месец оди на контрола.
Девојки има ли некојс врска спиењето на стомак или не е никаков проблем? Затоа што поинаку и не можам да заспијам
Јас за сега немам проблем цело време на стомак спијам скоро Мислам дека е рано уште ехее каде се 9 месеци има да имаме тешки и непроспиени ноќи
Здраво девојки, после останување во државна за повраќањето три дена на инфузии со реглан немаше ништо подобрување, па ми ставија зофран, пет дена со него ни едно повраќање. Имав и апетит. Вчера ме пуштија од болница и денес пак по старо, до сега 9 пати повратив. Реглан ми препишаа ама уште не почнав да ги пијам. Дали има некој како мојава сутуација
Јас спијам како жаба ама сепак на стомак, приметувам дека на желудникот му правам вака притисок ама не можам поинаку. Кога ќе почне повеќе мешко да се познава не знам како ќе спијам...