Јас со перници околу мене странично, си го поткревам стомакот и пола на страна, пола на меше спијам. Потсвесно не можам да се опуштам на стомак да спијам а само така со години спиев, и сега маки мачам, веќе 4 недели, само се преметкам, уште не можам да се навикнам...А на грб нема шанса да спијам.
Не се паничете, за неколку недели потсвесно ќе знаете дека не треба на стомак да спиете. Кај мене многу голема улога играше трудничката перница, откако ја купив не се разбудив повеќе на стомак.
Здраво на сите и честитки за двете цртки. 8 недела сум, не повраќам и имам само како гадење од некои мириси или храна. Последниве денови чуствувам глад и болка во желудникот иако сум јадена. Јадам мнооогу често за да ми се смири желудникот. Има ли некој вакви симптоми?
Јас сум исто На моменти имам некое гадење ама одма ми поминува Исто имам болки во желудник и само јадам нешто како луда И то ке помини би требало за некоја недела да се смири
Леле иста ситуација .... јас имам гадење ај си викам мора да јадиш нешто ќе се најадам и по 5 мин дали јас пак гладно се чуствувам а нз зошто
Јас па не се оптоварувам да одбегнувам да спијам на стомак, иако повеќе спијам на страна... читав доста искуства дека спиеле на стомак додека не почнал да им смета
Jа за истoвo прашував ми кажаа дека немoже ништo да му е на бебетo. Секакo кoга ќе пoрасне стoмакoт и да сакаш не мoжеш да спиеш на стoмак.
Се продаваат ли на ленти? Еден период имав мака со ѓумбир, а гледам на база на ѓумбир се, па да не земам цела кутија,прво да пробам? Зошто Гастрогард и б6 ништо не ми помагаат
Не. Баш сакав лента за земам за патување не дадоа.. Мене само тие ми помогнаа, поскапи се околу 400 ден кутија но помагаат
Ние сите сме исто со симптомите. И јас не повраќам, ама има денови кога ќе ми се згаде, некња на пример, од 16 поручекот до 18 часот па ме пушти таман се најадив. После накај 20 часот пак кратко ме фати па пак ми помина и вечерта имавме гости, на сред маса накај 22 часот пак ми се слоши. Устата сува, само голтам за да не повратам, желудникот ме стегаше, и мачнина како да ќе повратам ама ќе легнам, и за некое време мине... А многу ми се јаде... Јас многу здраво се хранев пред да останам бремена, сега само пици, банички, макарони ми се јаде, од месото ми се гади не можам да јадам, мислам ќе повратам од самиот мирис...
До 16-17 недела се будев на стомак, не ми сметаше после само тело ми се навикна дека не треба да спијам на стомак, а цел живот така спијам. Сега спијам со перница меѓу нозе и свртена на страна.
со лесно мила истото е кај мене мислев дека само мене ми е вака, ама еве имало и други како мене исто чуствувам болка во желудникот и јадам почесто за да ми се смири
10 недела сум и имам многу секрет. И покрај секодневната улошка гаќите ми се пак мокри.Секретот е густ без мирис За две недели ќе проверам на брисевите што и како е до тогаш има ли спас за ова? Фала ви
Женски кога прв пат слушнавте срцева акција кај бебушот? Јас денес сум 6+3, бев на уз појдена стриктно за тоа, ама немаше срцева акција и искрено докторот малку ме испаничи. Нареден преглед ми закажа за во четврток, ама дотогаш и да нема ништо, јас од стрес ќе си направам.
Нема зашто паника, и јас 7-8 недела бев кога слушнав срценце прв пат. Мајка не се секирај,се е добро❤️
И јас бев 6 та кога ме прегледа немаше срцева, покасно си останата бремена и зато нема уште. Мене тек за еден месец ми закажа контрола. Мислам дека нема потреба од паника
Не се нервирај те прочитав и во труднички Јас прв пат со второто слушнав на 6+6,смири се малку подобро за тебе. Да си по раат има ли шанси да одиш на уште едно мислење?