Прво тромесечие од бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од LusySkyDiamonds, 3 април 2014.

  1. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.329
    Допаѓања:
    33.672
    Пол:
    Женски
    На првиот преглед бев 5+5 и ми рече дека е малку помало, веројатно ради покасна овулација. Денес кога му го спомнав тоа, ми рече или тоа е или не се развива правилно. Пораснато е од претходен пат (3мм е сега, претходно не ми кажа), тоа е позитивно. Се гледаме во четврток, толку.

    @abc1234 бев на преглед во приватна болница, демек ајде подобро ехо, од тоа тргнав. Имам можност за второ мислење, само се плашам да не не нема ништо ни таму...
     
    На abc1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    18.639
    Пол:
    Женски
    Јас 8+4 слушнав, не се замарај.
    Ми викаа од 5та недела како ќе додржиш до 8ма за преглед оди порано.
    Не не одам порано не сакам да се паничам, а и што се гледа првиве недели ништо посебно, затоа не се замарај чекај си следен преглед.
     
    На Mihaela123456, IRBBB и abc1234 им се допаѓа ова.
  3. Zineta

    Zineta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2017
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Здраво бремена сум два месеци и ставам инекции прогрстерон секој ден е сега не знам дали треба уште во стомак долу да ги ставам некако ми е тврд стомакот и тешко мине да го штипнам местото
     
  4. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.105
    Допаѓања:
    14.836
    Пол:
    Женски
    Јас петок имам закажано 7 нед точно иди да сум...
     
  5. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.205
    Пол:
    Женски
    Progesterone se stavaat muskulno vo but I treba med sestra da ti hi stava ne ti sama a ako primas prolutex moras da go stipnuvas mesoto I poleka da bockas
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. soledad

    soledad Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    252
    Женски едно прашање сега втора бременост ми е ама имам заборавено од првиот пат. Два дена доцнење и позитивен тест кога најрано може да се види бременоста на ехо.
    И друго со оглед на ситуацијата со вирусот работам на доста ризично место а гледам има мерки за ослободување како оди тоа кај се бара да ме ослободат. И кога отприлика кажавте на работа не сакам од сега да кажам ама па ми е страв заради вирусот.
     
  7. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.329
    Допаѓања:
    33.672
    Пол:
    Женски
    @soledad јас за преглед се ориентирав по бета хцг. Тој се дуплира секои 48 часа и штом достигне вредност над 1500-2000 може да се види бременоста на ехо. Кај мене тоа беше на 40ти ден, броејќи од првиот ден на последна менструација.

    За ослободување од работа треба да земиш потврда од матичен гинеколог, ама не знам дали уште важи таа мерка, нешто измени имаа во хроничните, породилното... Распрашај се.
    Кога е време да кажиш, не знам, индивидуално е. Јас сеуште не сум кажала 6+4 сум и сметам дека уште ми е рано.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. soledad

    soledad Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    252
    И мене ми е рано не сакам од сега да кажам ама се плашам заради вирусот барем сега првите 3 месеци.
    Попладне ќе се јавам за едно 10тина дена ќе се закажам кај матичниот гинеколог.
    Туку кажи ми за бета хцг се прави во секоја лабораторија во било кое време и резултат кога ?
     
  9. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.329
    Допаѓања:
    33.672
    Пол:
    Женски
    Воглавно во сите лабаратории прават. Прашај за резултати, зашто мене во 2 ми рекоа за нареден ден (веројатно не ги испитуваат тука).
    Инаку таму каде што испитував за 45 мин ми беа готово резултатите.
     
  10. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    18.639
    Пол:
    Женски
    Мене во Синлаб за 2 саати ми ги праќаа резултатите на меил.
    Со упат од матичен гинеколог е бесплатно,а вака не знам
     
  11. natasam

    natasam Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    630
    Важат уште мерките за бремени жени ослободени од работа или да работат од дома зависи, денес прашав во влада. Јас ја користам мерката од јули, однесов само потврда од матичен гинеколог до директорот и замолив да не кажува на вработените,беше рана бременост тогаш. Б-хцг на приватно во Синлаб 700 ден. со упат 100ден.И со над 10000 бета во 5 та недела гинеколог ме врати за 10 дена за ехо.
     
  12. soledad

    soledad Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    252
    Се јавив кај гинекологот преглед дури после 3 недели
    Тоа значи дека тогаш ќе ја добијам потврдата а се плашам кај нас се зголемува бројот на заразени секојдневно по 5 ,6 заразени.Само Господ да не чува сите
     
  13. Nefertiti.

    Nefertiti. Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2019
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    5.378
    Пол:
    Женски
    А зошто вчера кажаа дека таа мерка ќе биде укината?
    И тоа со таа потврда се зима само 50% плата.

    Јас денес однесив пак уринокултура и ми земаа микробиолошки брисеви, па во четврток чекам резултати.
    Не можев да издржам па реков ај пак прегледај ме, последен пат беше како точка гравче мало, а сега бебо е веќе пооформен, си пливка во матката, секој пат чувството е се поубаво.:l:

    Каква фолна пиете и од колку мг?
     
    На ivance.. и IRBBB им се допаѓа ова.
  14. ivance..

    ivance.. Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2020
    Пораки:
    2.660
    Допаѓања:
    7.123
    Пол:
    Женски
    Јас пијам фемимбион 2 и магнезиум 400 со б комплекс
     
  15. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.885
    Допаѓања:
    10.402

    Не се секираj мoже е пoкаснo зачнатo.

    Гинекoлoгoт ми велеше дека е нoрмалнo, се дoдека нема мирис.
     
    Последна измена од модератор: 1 октомври 2020
    На abc1234 и IRBBB им се допаѓа ова.
  16. natasam

    natasam Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    630
    Не е укината, во новите заклучоци од влада тоа не стои никаде. Е сега за приватни фирми знам дека не важи секаде, за жал :(
     

    Прикачени фајлови:

  17. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.105
    Допаѓања:
    14.836
    Пол:
    Женски
    3-4 Дена се мислам зошто не ми се гади толку многу...А 3-4 дена го сменив магнезиумот. И забележав дека во овај магнезиум има б6 тој помага да се намали гадењето така?
     
  18. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.414
    Допаѓања:
    9.014
    Пол:
    Женски
    Мерката за трудници ќе си важи до крај на година и треба фул плата да исплаќа работодавачот. Мене ми одобрија работа од дома и немам потреба да ја користам, а и убаво ми доаѓа занимација преку ден.

    Друго сакав, 11 недела сум и ко да губам апетит а мачнини си имам штознам зашо така. Исто сакав да прашам фемибион 1 до кога се пие?
     
    На dromka и natasam им се допаѓа ова.
  19. ivance..

    ivance.. Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2020
    Пораки:
    2.660
    Допаѓања:
    7.123
    Пол:
    Женски
    До крај на трети месец се пијат
     
  20. SophiaBella

    SophiaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    4.885
    Да прашам и јас за фемибион 1. Ќе го завршам пакувањето во полна 13та недела, а нели треба до полна 14 да се пие. Е сега прашањето ми е дали можам тогаш да продолжам со феминбион 2 или да купвам залудно уште едно пакување од 1?