Мамички бев вчера на преглед го видов тоа мало човече како трепка но не можеше да се слушне но вика дека си има срценце ми закажа за 2 недели пак преглед . Според последна менструација сум 7 недели и 4 дена а докторката ми вика дека сум 6 недела сум останала покасно бремена . И ми виде хематомче ми кажа да пијам утрогестан . Некој со слични искуства
Мајки да се приклучам и јас Имам некои слаби мачнини ама ништо страшно , само некако умалаксано се осеќам мака ми е од се.. мислам дека слабо ми е железото ама ке проверам тек за две недели тогаш сум и на контрола Сега ме интересира дали овие апчиња сте ги пиеле за слабо железо во текот на бременоста ?
Јас додека не одам на преглед ќе се збудалам. Се нешто како болки имам осеќам како да во секој момент треба да добијам. А сеуште е многу рано за да одам на преглед барем уште 5 6 дена да поминат ќе се закажам плодност. И во половината имам болки одвреме навреме. Вие како се осеќавте првите дена ?
Болки како пред добивање имав до 7ма недела некаде. Многу бев поспана, уморна, нервозна леле и уште сум многу и апетит ненормален. А јас да ве прашам дали на некоја друга и тече носот како мене, значи река, нервоза скрос ми ствара, ставам капки АкваМарис ама џабе.
Ај носот а и грло што ме фати на почетокот околу 5-6 недела а од дома не излезена, па паника треба не треба антибиотик брисеви праење. После ладно ми беше најмала промаја осеќав Од 9-10 негде топло ми стана и почнаа да ми се пријадуваат конкретни работи на пример деновиве зелка салата нон стоп јадам
Женски сте испитувале крв? Колку ви било железото и хемоглобинот? Со која вредност ви имаат дадено да пиете апчиња или ампули?
Е кое беше сеа железото Еве ми ги тие што ми се под граница Hematokrit 36.4 MCV 74.7 MCH 25.5 Ова се откако искрварев резултати ама тука негде се отприлика
Јас се вратив од преглед гледаше докторката детално денес се, се е добро фала богу. Не ми рече ништо за приска, искрено и не сакам. Вака ептен детално ми објаснуваше и за прв пат и јас видов бебе ко шо треба,ко кругче беше претходно не ми беше интересно. Виде и дека е машко, вика нема шанси ова да го снема се гледа, ама ајде да оставиме следен месец нека биде официјално, па ќе видиме. Инаку уште ме наболува од тоа железото, до сега не ме болело вака, изгледа психата дека има бебко а ми брца , не знам. Помина и овој преглед еден месец раат сега, само да ми се смири повраќањето. А да и ми рече електролити да земам малку да ме кренат,многу исцрпено сум делувала и во право е подочњак до земја имам,земав едни шумечи па ќе видиме. Ве удавив со километарски пост
Денес баш испитував, 11+5 сум, хемоглобин ми е 139, а реф.вр 120-160, железо ми е 22.6, а реф.вр 6.6-27. Добра сум засега си викам.
Мене ми е хемоглобинот (11.5) а железото (12.6) на последна граница ми се, најниска вредност, ама матичната ми вика добри биле, да не земам никакви ампули или апчиња. Затоа да прашам и други мислења сакав. И ме нервира што и денес имам некои благи болки во јајниците, некако безврска, не знам. Иначе 14+5 сум.
Јас мислам дека е рано да имаш толку ниски вредности. Допрва ќе паѓаат особено во поголемите месеци. Која недела си точно? Пробај сега со исхрана да поткрениш, па потоа ако треба ќе земаш терапија. За такви слаби болки не се секирај. Нормално е. Мене неколку пати така ме фати долу ниско стомакот и кичмата да ме болат. Се смируваше само од себе или со магнезиум.
И јас осеќам исто уште од вчера ама баш правев моабет со сестрами вика нормално си е од промена на време јас ја осеќам како да ме удира доле иначе сум 20+1
Да, ама мене уште не почнало да ми мрда, 14+5 сум, ама слаби болки се, брисеви, уринокултура, се беше чисто, не знам дали е настинка или така дќсано од себе. Те ми се јаде, те ми се гади, не знам дрнрс што ми е, вака не ми било после 10та недела, и сега ми падна чудно, а за вредностите др вика да нр даваме одма апчиња, хемии, да оставиме со храна да се поднакачи, затоа што понатака што ќе правиш ако уште од 4ти месец пиеш нешто за железо, и тала више аман..
Само да ве известам бев на доктор се е во ред слушнав срценцееее. И сум 8недели и 1 ден Пресреќна сумм