Убаво ти кажала докторката подобро е со храна него со хемии само опуштисе не се секирај и не се нервирај одмарај и ќе помине се.Хормоните лудуваат сега затоа така се осеќаме се шири матката и притиска
Не да лудуваат кај мене, плачам за чиста глупост, како мало дете сум, го жалам мм, греотка, до сега што се претрпе, а не па до крај хаха, се надевам се да е во ред, и позитивно да мислам само, малце потешко оди, ама се трудам, едвај чекам на 30ти на контрола да одам, мислам ја слобудалев и матичната на телефон, немаат мира од мене луѓево..
Треба да одам наредна недела на гинеколог ама далеку е некако Ми треба мислење 4 дена ме боли од десна страна и укоченост во кичма имам дали ви се случило и што можам да мачкам? По апликација 5+2 сум
Јас претходната бременост а и оваа на почеток дури не појдов на гинеколог имав болки и укоченост на десна нога е ко појдов ми даде аспирин и заради тоа што имав миссед а ми помогна за нога... е сега мислам ко ќе појдиш ќе ти дадат само магнезиум така мене со првата ми дадоа а ништо не ми помогна или можи и утрогестан
Јас и сега си пијам магнезиум прашав доктор ми рече можи а првиот пат самата докторка ми ги даде да ги пијам
Магнезиум се пие за грчеви обично, не е штетно напротив, и мене матичната не ми рече, јас ја прашав, ми рече да слободно, ако имам грчеви повеќе дури и да дуплирам доза слободно. Ти ваљда се немаш пожалано од болки и грчеви, затоа.
Па веројатно, кога лежев во болница после крварењето реков дека имам као слаби болки пецкање во стомакот ми дадоа некои носпа таблети ни тогаш не спомнаа магнезиум, а 6 доктори се изменија на визита и дежурство
Здраво девојки дали некоја има пиено зитрон повеќе време против повраќање. Додека бев во болница примав зофран инфузии, дома пак претерано повраќање имам
Дали има некоја што повраќала 15-16 пати дневно, ве молам за одговор, пак на клиника сум на инфузии. Ми рекоа ако продолжи вака да се прекине бременоста. Ве мочам за совети
Јас не сум компетентна да кажам, не сум повраќала толку, имам другарка во Белгија, сега е веќе 9ти месец, повраќаше секој ден по не знам колку пати, и од вода повраќаше, на крај заврши во болница на инфузии беше долго време, не знам точно до кој месец лежеше во болница, после тоа беше подобра веќе можеше и да јаде нормално и се, ама пак по еднаш дневно мин. си повраќа и до сега, мислам дека треба да си побараш второ мислење, да отидеш ако можеш некаде приватно, или ако не отиди и во Чаир, види кај друг др. направи преглед, не знам туку така дали да те остават.. побарај си обавезно други мислења, не останувај на тие од ГАК. Матичната што ти вика за целата ситуација?
И јас мислам како @thelittle17 да побараш второ мислење, немам искуство, но досега не сум слушнала да се прекине бременост заради прекумерно повраќање.
Другарка моја од 2ри до 6ти месец се уби од повраќање, исто по 15тина пати на ден. Си одеше на болница секој ден, си примаше инфузии, еве ја сега, влезе во 9ти месец и ја чекаме да се породи. Немој да те паничат толку, обавезно побарај си второ мислење.
Исто и јас и од вода повраќам. Бебушот е супер, матичната вели нема шанси за прекин на бременоста. Си постојат инфузии вика за тоа
И јас со првото детенце повраќав по 10 пати на ден но не дојдов до инфузии. Тоа е резултатот на хормоните во телото и не треба да те паничат така ненормални едни . Ќе помине мора да се издржии све за нашите душички
Ете, знаев дека од ГАК забегуваат, бог да чува, како може така да кажат, ако е се во ред, прекин на бременост ради прекумерно ппвраќање, какви доктори се тие така што кажуваат!? Тоа е што е, ќе се издржи некако, ќе примаш инфузии, сигурно ти е тешко, ама бебето ете е супер, ќе помине се, мисли позитивно.
Нема шанси за прекин ако плодот е здрав ,луди се? Повраќам и јас,по цел ден не колку ти ама најмногу до 5 пати Лежам и зимам квики,бисквити,лепче...да се смирам па после пробувам да јадам.Кока кола ме смирува исто. Пијам и Антиметил таблетки заедно со Б6 си пробала ли од тоа дали можеш да се смириш? Матичната ми рече и од свеж ѓумбир да се изренда да се направи како чај и тоа смирувало (помала количина на свеж ѓумбир) Со лесно