Devojki jas sum 8n4d od vcera imam bolki vo polovinata dali se normalni ovie bolki sega ili e uste rano?
Последниве 3 дена имам бледожолтеникав исцедок, без мирис, но постојано сум како навлажнета. Слузницата ми е иритирана и ме печи одвреме-навреме. Досега никогаш не сум имала инфекција, последни брисеви правев во февруари. Дали со право се паничам? Дали смеам нешто да мачкам/конзумирам? Кога прв пат се земаат брисеви во бременост? Да чекам до први брисеви или веднаш да одам на испитување?
Исцедок без мирис е нормален и ќе го имаш цело време, но штом е бледо-жолт и пече може да е кандида. Ништо страшно, речиси кај сите се појавува во бременост. Оди да те ѕирне матичниот, може и брисеви да направиш. Повеќето прават во 12та, но може и порано. Ама и без брисеви ќе знае дали е кандида кога ќе види. Класичната терапија за кандида ја избегнуваат повеќето гинеколози. Мене ми даде Донафил вагиналетки. Веднаш имаше подобрување. А може и да не ти даде ништо, туку само да те исчисти со генцијана. Кај мене тоа не помогна. Сама не земај ништо.
Добро е само бебе да биде како што треба на мала промена да ме наболува нешто јас одма почнувам да паничам... Страв од претходно.... Доктор ми закажа преглед на 4 ноевмри дури а на 12 сум кај докторка за даунов синдром и ми беше ептен шубе му се јавив му кажав за да му текни која сум оти овде никој ни ме знај ни ме познава сега дојдов хаха и му кажав пијам аспирин пијам дупастон тие се нешто слично како добростон кај нас ама му викам 2 дена имам болки во половината... Нормално е не се грижи така само ми рече и вака што ќе прочитам па се смирувам хаха Ти благодарам девојко
Како ми почна бременоста имам болка десно во кичмата а ми менува и десно кај кукот и сум жива ненаспана на одредени движења ме здоболува среќа бев кај гинекологот се е во ред . Дали сте имале вие ваква мака? Сега уште осеќам и грлово како да ме фаќа дали смеам прополис да прскам?
Имав мака, ишијас, колк, се ме болеше на почеток. Ако те боли многу прашај доктор да земаш магнезиум. За грлото има едни пропомел пастили безбедни за бремени, без алкохол се побарај во аптека.
Ти благодарам не ми кажа за магнезиум, совет беше да побарам мислење од ортопед за кичмата или да правам ехо на абдоммен бидејки имм и напред болка понекогаш
Нема на што јас сум бремена со второ бебенце и сум 8 недела и јас имам од време на време така болки и ќе престанат тоа е нормално си расне бебето само позитивнооо и со лесноо
Јас сум 12 недела и уште сум со болки. Мајки не се плашете не барајте симтоми за паника.Јас со првата бременост само крварев и бев по болници ,со оваа е малку подобро но нема простор за паника.Значи се што е издржлива болка да не ве плаши,телото е во промена и нормално е.Имајте добра мисла,бидете среќни зошто бременоста е еден од најубавите периоди во животот .Со лесно на сите
Здраво мамички, јас сум 8 ГН и ми треба ваш совет и помош. Од вторник ми се јави чешање на кожата, мислев дека е алергија од млекото ама веќе неколку дена сум без внес на млечни производи но сепак се јавува чешање а после тоа црвенило на кожата и поминува за кратко време. Чешањето некогаш е неиздржливо, до сега не сум имала никаква алергија на храна па се чудам од што може да биде.Можеби некоја од вас имала слично искуство па ако сака да сподели некој совет. Чешањето обично се јавува на оделни делови на грб,вратот, препоните и делови од нозете. Купив сапун на природна база за миење и не се мачкам со ништо но сеуште се јавува чешање, ве молам за совет
Во 12 недела ужасно ме чешаа стомакот и градите до тој степен да не можам да спијам. Станував ноќе со ладна вода се миев да ме смири и цела бев модра од чешање. Почнав да се мачкам со бепантен и со маст од невен за неколку дена ми помина. Најверојатно беше период, поради хормоните можеби.
Девојки здраво имам неколку прашања Дали некоја имала болки во ногаа? Не е недостаток од магнезиум заради тоа што си пијам 9н2д Друго Дали гадењето може да се намали во оваа недела? и како последно пијам апчина како што знаете за тоа што имав миссед е сега ме интересира ако ги земаш апчината не можи да се случи пак миссед или спонтан така или грешка сум ?
Фала ти мила на одговорот, се си мислам дека е од хормоните и кај мене. Сакам да те прашам дали гинеколог ти го препиша бепантен, ако можеш да ми кажеш каков состав има и мастот од невен, дали е некој посебен што користиш или било кој маст од невен. Фала ти уште еднаш
Бепантен е бебешка крема за пеленска регија, безбеден е за трудници. Исто и маста од невен, од Зегин ја земам и се мачкам со неа и против стрии.
Спонтан/миссед може на секому да се случи од разни причини, без разлика дали пие или не апчиња. Не се оптоварувај со тоа. Мене така на почетокот на 9та недела ми се намали гадењето, и јас се стресував да не не е нешто како што треба, ама еве ме 32 недела сега За болките во нога не знам, колку мг на ден пиеш магнезиум? Не би требало да е поврзано со бременоста тоа.