Добро е, ако треба ќе ти ја зголемат дозата. Јас тек после 12 недела почнав мг да пијам 2 пати по 250мг.
И кај мене е скроз исто. Почна накај 6 7 недела, и еве веќе 12 сум и е исто. Ме чеша, па ми се прават како пликови...и се губат. Докторот од ивф ми рече да не се грижам дека е од хормоните, исто и дерматолог, пошо крвната слика ми е во ред. Матичната ми рече дека се појавува ова подоцна ама ете кај мене порано. Ми кажа да ставам течна пудра да ми смири чешање и тоа ми смирува барем да не се чешам. Сама што си најдов на интернет е туширањето го завршувам со сода бикарбона (бо топла вода растворена и само истурам по цело тело) се сушам и одма ставам бебешко млеко. И искрено ми помага. Иначе се сменав...шампон, гел за туширање, прашок...се ми е бебешко-демек без многу хемикалии и исто е. Сите доктори шо ми кажаа беше тоа е тоа...секој организам е различен...се додека крвната слика ти е добра...ќе се мачкаме вака. А си мислам до крај шо ќе е...
Ќе помине брзо, фаза е. И мене така ми изгледаше дека нема крај тоа чешањето, мислев почнуваат стрии да излегуваат пошо кожата ми беше помодрена од чешање ама после 13 недела бев како нова.
Фала ти мила на одговорот, ова е сосема нова состојба за мене, не сум алергична на ништо а така да се јавува чешање е навистина чудно. Гинекологот ми рече да сменам исхрана, да не јадам млечни производи и јајца, така направив ама пак ништо, вчера се поминав само со вода по гениталии и пак ми се појави црвено кое чеша, јас ставам јогурт на местото, тоа лади и помалку ме чеша ама лом се правам. Ќе пробам со сода бикарбона растворена, купив сапун на природна база од невен и бекутан масло ама сеуште не сум го ставила, ќе пробам и со маст од невен, се надевам нема да трае до крај, дека ќе се подсмири со време. Фала ти за советот Едит: да те прашам дали растворот го ставаш и на гениталии бидејќи мене и таму ми се јавува чешање, дали чекаш да се исуши или се бришеш одма со крпа?
@охриѓанка и @Sienna_MK, земате некој протестеронски додаток, ко дабростон на пример? Од упатствата што сум ги читала ми останало во сеќавање дека тие може да дадат опсипува и чешање. Ако земате било каков лек, прочитајте упатство, може да биде од него.
Колку што знам не земам такво нешто.Цело време сум со иста терапија и немав до сега никаков проблем, на крај на 7 недела ми се јави чешањето, токму на денот кога се напив за прв пат чаша млеко, па мислев дека е од тоа, сега веќе мислм дека е од хормоните и промените што се случуваат. Само нека биде се’ во ред, ова ќе го издржам. Фала ти на одговорот
Zdravo sakam da prasam bremena sum 12nedela a nepcava pocnaa da mi krvarat mnogu dali e dozvoleno da se odi na stomatolog da se iscistat ii ne
Мене баш гениталиите не...меѓу нозете да. Ставам околу, замивам...внатрешно малку..што ќе отиде. Растворот е многу разреден, не би требало да има штета. Се сушам со крпа...како со тапкање не бришење. И одма ставм крем. Тоа секаде прочитав никако сува кожа долго да се остава. И заборавив..витамин Ц ми кажа матичната.
И јас истото го мислев пошо примав кринон. И очекував дека ќе го снема. Ама веќе две недели не ставам...а исто ми е. Може и од клексаните да ми е...стои во контраиндикации... Докторите се дека ми е од бременоста, и некако и јас се помирив, само се да биде во ред
Мене за гениталии ми е највеќе, ги поминувам само со вода, но чешањето е неподносливо, само јогурт помага и тоа да го држам еднп сат време, многу е мачно. Само уште ова, како го правиш растворот, да не претерам со содата? Фала ти!
Да, мораш да одиш, нека ти исчистат забен камен може ќе треба и да се мачкаш со некој гел. Заради прогестеронот се случува многу често крварење на непца во бременост. Не е опасно, но оди на заболекар.
Ако ти е така...да побараш брисеви да ти направат? Јас ставам две лажици (големите -вкупно околу 50г) во големо тенџере од околу 4 литри. И ова на крај го тураш по телото. И кремот одма мачкаш. Не очекувај дека скроз ќе го снема...мене ми помага...пошо јас парче се правев..цел грб..цели нозе со пликови. Со ова ми е значително намалено. Со среќа, се надевам и кај тебе ќе помогне
Не верувам дека е некоја внатрешна иритација, ме чеша само откако ќе се измијам и после тоа престанува, денеска цел ден воопшто не ме чеша ни на препон ни на гениталии. Во секој случај фала, ќе пробам и со сода бикарбона @Lovebug01 дали мислеше на оваа крема, јас сега ја земав па ќе видам како ќе делува
Bepanthen baby е мојата, истата фирма исто паковање само пишува baby ама исто е со 5% пантенол, не знам што е разликата.
Аптекарката не ми предложи бабу, ама ми кажа дека и оваа е за таа намена, за иритација кај бебиња, во упатството ништо не пишува за бремени жени, да ти кажам ми ја смирува иритацијата, следен пат ќе барам бабу
9та недела сум и денес цел ден имам болки слични на менструални. Исцедок немам никаков. Не се сеќавам дека вака ме болело со првото и малку ми е страв... Ме интересира како е/било кај вас тој период?
Мене ме болеше така стомак, со благи грчеви и скроз на почеток, и сега пред некое време, ми се појавуваат болки кога како, од време на време, ама не се јаки и менструални, слаби грчеви, пробај со магнезиум, а ако не ти се смируваат отиди до дежурен, чисто за да си помирна.
Истото го прашував пред некој дебн со првото немав никакви болки а сега од почеток како менструални болки како секој момент да добијам ете така се чувствував. Почнав магнезиум и се смирија болките одвреме навреме само ептен слаби Пробај со магнезиум