Жени стигнав до 12та недела Уште 26 до бебе, ова пошо со царски сигурно ќе сум па велат околку 38ма закажуваат царски.. Одвај чекам да поминат.. Ми поминаа мачнините, само желбата за сон не ми минува.. Прва бременост нанав по 14 саати, сега со дете плус по цел ден на работа максимум 7 Одвај чекам да дојде 9ти да одам да го видам бебе, некако ми е премногу ова чекање со 4 недели помеѓу преглед...
На твое бебе страната има калкулатор за термин на породување. Ја внесуваш датата од последната менструација и ти рачуна се.
И јас бев на прв преглед 5+3 и немаше срцева акција. Ми закажа преглед 7+некој ден и се слушна срценце. И со моето прво бебче беше иста ситуација, па се беше во ред. Не се плаши воопшто.
Mене ме болеше многу,тоа се грчеви кои настануваат поради недостаток на калциум....конзумирај повеќе млечни производи и ке ти помине,со лесно
Jas koristam what to expect , ima poveke opcii za da ti preracuna zavisi od dolzina na ciklus i dali e ivf ili prirodno. Ima statii so soveti i diskusii
А од апликација од Playstore- Pregnancy day by day ја користам, детално пише се за секоја недела и секој ден што се случува, исто има совети за се, форум има на англиски, ти кажува колку дена си бремена уште колку остануваат, мене најдобра од сите ми испадна. Бидејќи ми е прва бременост, се ми е интересно и ново, се ме интересира, само читам што му се оформило/развило оваа недела. Исто @mamaJana, ми се спие ми се плаче, ама на работа одам, после немам време веќе да дремнам дома обврски имам, и 7 8 часа ми се малку преку ноќ На работа се случува буквално да здремам, душата си ја мачам последните 3 часа од смена. И мене ми е цела вечност од преглед до преглед, едвај чекам да одам за една недела на скрининг, последен пат кога бев веќе беше оформено, личеше на бебе, се стопив таму на боксоткако се вика столицата. Дури гинекологот ми вика ајде нели е доста гледање, јас мислиш серија ми пуштиле. Слатки маки.
Ич да не се плашиш. Јас кога ми закажаа за да слушнам срцева акција, според последна менструација бев 6+3. Не слушнавме ништо и и јас бев преиспаничена. Ми презакажаа за по 3 дена. Тогаш бев 6+6 според последна менструација, ама според големина на ембрионот 6+1. Слушнавме срцева акција. Тогаш докторот ме праша колку ми траеле циклусите и кога му кажав дека ми беа по 32 дена, ми рече па ти си со касна овулација и покасно зачнување, нормално е да не се совпаѓаат мерките. Не се паничи за џабе, нормално е да има варијации до 2 недели. Не е во ред ако во 9та недела не се слушне срце. Не се стресирај, гали си го мешето.
Леле да знаеш само колку брзо поминува...дур да трепнеш ќе бидеш 9ти дури и се чудам како ми поминаа сите овие месеци вака неосетно, а па од еден до друг преглед како цела вечност изгледа
Женски 10 недела сум сабајлево се разбудив со болка во пределот кај матката која траеше кратко дали е за плашење или е нормално?
Здраво, дали на било која од вас и било препишано Утрогестан - наутро како орално, а навечер вагинално.... Јас мислев дека добро ја разбрав докторката, но во аптека ми се чудеа....
Мајки јас денес бев на контрола веке 10 та недела сум , бебе е во ред 13см и има срцева реакција Растеме пополека
И јас денес бев на контрола, по мерки 8+3 и матичната вели ќе тераме гестациска старост по мерки, зашто од почеток е помало ради покасна овулација, а не по последна менструација. Бебето мое денес 2 цм, пред две недели 4 мм. Срценцето му лупаше силно, сигурно и тоа возбудено како мене беше. Се стопив Инаку матичната вика со прв скрининг мора и приска. Јас сакав само со ехо да си поминам, таа инсистира и приска да правам. Вели не треба ризик фактор, времето во кое живееме е доволен ризик фактор. Ме замисли искрено.