Прво тромесечие од бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од LusySkyDiamonds, 3 април 2014.

  1. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.434
    Допаѓања:
    26.801
    Пол:
    Женски
    Исто и мене ми рече за приска во случај ако не сакам да се потпишам.
    Ја прашав зошто на предходните две бремености не правев и сега си мислам дека нема потреба,ама такви биле протоколите

    едит: за две недели ми рече некаде да правам ако планирам
     
    Последна измена: 2 октомври 2020
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nadelinka

    nadelinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    631
    Фала...
     
    На ivance.. му/ѝ се допаѓа ова.
  3. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.327
    Допаѓања:
    33.666
    Пол:
    Женски
    Не ми спомна ништо за потпишување, туку дека ќе ми се јави кога ќе ми закажи термин за на гак, некаде кон почетокот на ноември. :|
     
  4. SophiaBella

    SophiaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    4.885
    Мислам ме прочита во друга тема за таа глупава приска. Сега чекам резултати од пренатален и дај боже да е се во ред па дури тогаш ќе се докажи дека е чиста глупост. А и доста знам што добиле повисок ризик а се било во ред на крај. Само што ќе правиме со овие стресови.
     
    На ...Arthemisia... и IRBBB им се допаѓа ова.
  5. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.230
    Допаѓања:
    17.985
    А во рок од колку време треба со мерките од скринингот да се оди на приска тест? Со првото не правев и не знам како е процедурата. Ако не е морално ни сега не би го правела...
     
  6. abc1234

    abc1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    1.636
    Пол:
    Женски
    Јас во после 3 дена од скрининг кај матичната бев во чаир на приска.
    Резултатите од чаир ги земав после 2 дена.
     
  7. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.327
    Допаѓања:
    33.666
    Пол:
    Женски
    Те прочитав мила и пак ќе кажам, јас и напоменав на матичната дека не сакам да правам приска, нејзиниот одговор беше дека морам. Без разлика на резултатот, дури и не дај Боже да испадни со висок ризик за синдром јас детето ќе го родам, само што ќе се стресирам цела бременост.
    Макар што не знам колку е релевантно да се потпирам врз статистика на уз мерки, кои 5 различни доктори да ги мерат, ќе измерат различно.
    Баш како што рече, само стресови за џабе...
     
    На thelittle17 и SophiaBella им се допаѓа ова.
  8. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    18.617
    Пол:
    Женски
    Јас па не правев, ми правеше скрининг матичната се беше во ред и толку.
    Ако законски мора би требало да правиме сите?
    Не знам јас не се стресирам помина не ни сакам
    Се надевам ќе поминеш добро и не се замарај многу ќе биде се во ред
     
    На thelittle17 и IRBBB им се допаѓа ова.
  9. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.327
    Допаѓања:
    33.666
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека е законски, шо знам.
    Вака одеше муабетот: следно на контрола крај на октомври, почеток на ноември. Тогаш брисеви и ќе те видам на ехо за да направиме скрининг. Ама ќе ти дадам упат и за на гак да ти направат за да можат од таму тие и за приска да ти дадат да испиташ, зашто јас не можам. Јас можам да те пратам на приватно, ама зошто да даваш 4000 ден.
    И викам: ама јас секако не планирам да правам приска. Доволно ми е ехото.
    Докторката: јас не те прашав што планираш, кажувам дека треба да направиш, зошто да не правиш?
    Јас: не сметам дека имам ризик фактор за да одам на дополнителни испитувања, не верувам во процентуална статистика и ништо нема да ми смени резултатот, освен што ќе се стресирам.
    Докторката: ризик фактор е времето во кое што живееш, нема правила. Можеби само ехото не е доволен показател, ама заедно со хормоните секако дека е. Јас сметам дека сите треба да го прават.

    Муабетот беше толку, искрено ме замисли. Имам време, 8+3 сум, сеуште не знам дали ќе појдам или не, без разлика дали ќе ми даде упат за на гак или не. Никој не може со сила да ме натера да одам некаде ако не сакам, ниту да ме запри да направам нешто ако сум одлучила.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    18.617
    Пол:
    Женски
    И мене така прво ми рече, ама откако ме прегледа и ми зема брисеви не ме прато за тоа.
    И јас се молев да не ме прати зошто страв ми беше од другарка ми што ја исплашија.
    И во Систина кога ми рече таа па 31 година мораш ако нешто не е во ред да имаш време за абортус...муабетов на ниво ама ај.
    Нека ти направи скрининг нека ти објасни се детално за бебка,ако нема индикации за нешто дека не е во ред ти одлучи си дали ќе правиш и не се замарај ич.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  11. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.327
    Допаѓања:
    33.666
    Пол:
    Женски
    Така и планирам.
    Фала ти многу :l:
     
    На ivance.. и jarec6 им се допаѓа ова.
  12. SophiaBella

    SophiaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    4.885
    Кај мене мерките беа одлични, развојот никакви отстапки нема, кај мене хормоните ми го зголемија ризикот.
    Инаку не мислам дека е задолжителна приската и точно не е веродостојна воопшто само статистички пресметки во смисла со сите тие параметри возраст, мерки, хормони и др веројатноста да родиш дете со даунов е 1 во 1000 или во 10 000 пример. Статистика чиста.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ...Arthemisia...

    ...Arthemisia... Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    Според мене сепак треба да ти даде право на избор, па макар и да си над 35 год. На пример, скринингот дава 70% сигурност, а приската плус 10% (ниеден тест не ти гарантира 100%) амаааа.... ако приската ти даде висок ризик, тогаш како скринингот да не си го ни правел, забораваш дека воопшто скринингот бил добар, па нови тестирања па стресови, па чуда. Јас, лично, одлучив да го правам само скринингот, имам 29 год. Матичниот ми препорача ако ме чешаат парите да одам на приска (зошто кај нас е 4000), а дека според него нема потреба, а докторката на приватно каде што исто правев скрининг ми рече дека според неа сѐ е одлично, и дека одлуката остава да ја направам јас дали ќе одам или не. Малку ме иритира фактот што кај нас е “задолжителна” а во странство и во соседниве држави ( каде што имам другарки, а и сестра ми) воопшто не ни им ја спомнуваат ако скринингот е во ред. Ова е мое мислење, само го споделувам, и не мислам да ти влијаам. Сепак ти си знаеш најдобро, што и да одлучиш е правилна одлука.
     
    На IRBBB, minne992 и thelittle17 им се допаѓа ова.
  14. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    @IRBBB И мене матичната ми кажа исто како тебе демек зошто да не одиш, види во какво стресно време живееме, ако некои зборат дека не е приската доволен показател, се покажала како веродостојна во многу случаеви, и така кога ми кажа, мене толку ми требаше, одма на психа ми се стави, и готово викам одам ја правам, иначе нема да спијам навечер со таква мисла хаха, мое мислење е да одиш и да си направиш, ете барем ќе си знаеш, иако јас мислам дека се ќе ти излезе во ред, и јас така се стресирав и на крај се супер излезе, и брисеви, и скрининг, приска, уринокултура, ништо немаше, ама такви сме стресови пред време си правиме ние жениве, особено па јас што сум со некои претходни црни мисли, заради спонтан, а можно е и врска да нема, тоа дека ништо не е веродостојно и 100% точно, тоа така си е, ама.. психа е страшна работа. Имаш време да си размислиш, сепак.
     
    На IRBBB, ...Arthemisia... и ivance.. им се допаѓа ова.
  15. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.414
    Допаѓања:
    9.014
    Пол:
    Женски
    Јас си направив пренатален, приска ми е застарена работа. И покрај тоа што 6 год се мачам со ивф ако се утврдат аномалии јас ќе ја прекинам бременоста затоа и сакав да знам. Живот таков не сакам ни за мене ни за детето мое. Сум видела одблиску како изгледа и тоа не е живот
     
  16. SophiaBella

    SophiaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    4.885
    Сега и јас сум за тоа или пренатален ако веќе сакаме да провериме или со скринингот ако е добар да се задоволиме.
    Ако одлучам да родам пак дете после второво, никогаш ама никогаш повторно нема приска да направам.
     
    На natasam му/ѝ се допаѓа ова.
  17. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.327
    Допаѓања:
    33.666
    Пол:
    Женски
    @SophiaBella @...Arthemisia... @thelittle17 Ви благодарам на сите многу за споделеното искуство.

    Без разлика на резултатите, кај мене тоа нема да влијае врз раѓањето на детето. Мислам, секако дека сакам сѐ да е во ред, ама нема да барам влакно во јајцето за да се докажи спротивното. Зашто ако испадни зголемен ризик на приската, следно убедување е за нифти и останатите испитувања, а тоа е само стрес, стрес и стрес, време и пари ич не ни ги ставам тука.
    99% сум сигурна дека нема да правам, освен ептен ако не можам да избегнам. Има време уште 1 месец.
     
    На LivingGlam, ...Arthemisia..., ivance.. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. ...Arthemisia...

    ...Arthemisia... Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    Мојот став (и на мм секако) беше исто дека без разлика на резултатот, бременоста нема да ја прекинам. Тогаш нема потреба да се изложуваш на дополнителни испитувања и стресови. Ставот твој можеш да и го кажеш на докторката, и тука нема право никој да те убедува и да те лажедека е задолжителна приската, затоа што не е. Јас сум 5ти месец, ако беше задолжителна ќе мораше да одам.
     
    На jarec6, IRBBB и minne992 им се допаѓа ова.
  19. Zineta

    Zineta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2017
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Мене докторот ми рече дека за две недели треба да правам NIPT PRENATAL тест и дека е задолжителен е сега не знам дали е исто што и приска?
     
  20. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.327
    Допаѓања:
    33.666
    Пол:
    Женски
    Не е исто. Кај приската се прави ехо, параметри од мајката (возраст, заболувања), бета хцг и PAPP-A (плазма протеин А асоциран со бременост). BHCG и PAPP-A се добиваат преку венска крв од мајката.
    NIPT PRENATAL test исто се прави со венска крв од мајката, каде што циркулира слободна ДНК и од фетусот и тука днк-та на бебето се испитува, а не хормони на мајката. Би требало овој NIPT да е со повисок степен на точност. Претпоставувам дека примерокот од крв го испраќаат во странство на тестирање.
    100% точност за хромозомски аномалии има само амниоцентеза и биопсија на хорионски кесички,сѐ останато е со помал процент на точност.


    И затоа јас сум против секакво испитување од сам старт, не знам оти безвезе ми е ептен.
    Пр, правам ехо и назалната коска или нухалното просветлување е надвор од граници на нормала.
    Следно правам приска, и тоа не е во нормални граници, ама не е со 100% точност.
    Следно испраќаме примерок од крв, трошиме нерви, време и пари за резултати што пак не се со 100% точност.
    Ако и од таму не е како што треба резултатот, а и да е, само ќе ме копка, ќе правам амниоцентеза.
    Многу, премногу малтретирање и стресирање за резултати што не се со 100% точност.
     
    Последна измена: 3 октомври 2020
    На Zineta и Luna91 им се допаѓа ова.