I toa samo na gak pravat priska preku fzom a nie od drugite gradovi I toa go pravime na privatno oti ne pravat priska preku fzom
Бремена сум 13+3 го потрошив пакувањето Фемибион 1, закажав преглед за следната недела а не прашав што да пијам во меѓувреме. Доволно ли е само фолна да си земам да пијам за до следната недела кога најверојатно ќе ми препише Фемобион 2?
Фемибион 2 се пие од 13та недела. Така барем пишува на кутијата. За разлика од Фемибион 1, во 2ката има покрај фолна и метафолин, железо и ДХА. Можеш слободно да си земеш и да почнеш да ги пиеш.
Мене во 12та ми заврши пакетчето фемибион 1 и докторката ми кажа да се префрлам на 2. Исто е тоа розовото апче и во двете само плус во двојката е капсулата со омега 3.
А што е разликата помеѓу Премама и Фемибион? И дали некоја од вас осетила дека Премама ствара подуеност и зголемен апетит? Јас сум стварно нонстоп гладна, се ми се јаде... Држете среќа, моментално чекам ред за преглед, прв скрининг.
Не знам која е разликата, не сум пиела Премама, Фемибионот ги пијам од старт, и не ми отвара апетит толку. Среќно на скринингот, чекаме убави вести!
Јас земам премама дуо и во нив има и таблети и капсули. Таблетите се со 10 витамини и 11 минерали, а капсулите со омега а има и ДХА. За апетитот јас ќе ти потврдам, откако ги земам можам слон да изедам. Во фемибион 1 има само витамини од Б група, меѓу кои и Б9-фолна киселина. Ги немам земано фемибион, ама според состав, премамата се подобри. Со среќа на прв скрининг, со убави вести да се пофалиш.
Ми треба помош девојки 10+6 Последно мачнине немам воопшто ама ич... Спијам уште многу главата ме боли не константно ама боли можно е да загина овие симптоми оваа недела? А машала да не се урочам почна веќе меше да се познава само пак пусти страв ....
@IRBBB ти одговорила, а јас само ќе додадам дека во фемибионот, пола од дозата на фолатот е активен облик-метил фолат, а пола е фолна киселина. Метил фолатот веднаш се апсорбира и се искористува од организмот, а за фолната киселина потребен е еден ензим кој треба прво да ја разгради за да се апсорбира, а кој многу луѓе го немаат, т.е. имаат мутација на генот за тој ензим, а не ни знаат.
Јас како што читав, после 10та недела, нормално е да се намалуваат симптомите односно мачнините. И јас сум 10+ и сум многу подобра.
Нема потреба од страв, јас воопшто немам мачнини само сабајле кога ги четкам забите тогаш имам малку и толку а со тебе сум некаде 10+
Со полна 13та недела. Од 14та е второ веќе. Јас поминав супер на скринингот, се е во ред, сите мерки се таман. Бебче заспано, го размрдувавме 10 минути да мрдне, па кога се размафта со рачиња, ноџиња Цело на мајка, тек после 12 функционираме ние, му викам на гинекологот требаше поручек да дојдам поактивно може ќе е Ми земаа и крв за Приска, за една недела резултати. Имам прашање во Чаир за скрининг знае ли некој кои денови прават? Имам јас упат што важе една недела, сакав утре да идам за Скопје, но сестрата што сме во контакт вечер е трета смена ми рече да провере ќе ми каже да не ми е џабе патот и за џабе ден од работа да земам.
Нормални беа болки како добивање во 5-6 недела? Прашувам за другарка. Јас не памтам дека имав болки, освен кога прокрварев.
Да, и мене ми траеа до после 10та недела. Од време на време пак имам, а бременоста ми е потполно нормална. Наводно се шири матката, затоа се случуваат болките. Сѐ додека не се премногу силни и нема крварење би требало да е нормално. За да се смири и за сигурност нека разговара со гинеколог.
Еве јас сум во многу рана бременост и имам болки како за добивање. Утрово мислев готово е добив. Но, немаше ништо. И во првата бременост имав такви болки првите три месеци. Само иако знам дека е нормално сепак стравот си тука. Ама ајде со Господ напред ќе биде добро!
Приска е тоа што се плаќа 4500 ден за даунов синдром? А скрининг? Јас од вчера сум 12 недела и од понеделник да ги направам овие испитувања.