Значи дефинитивно хормониве лудуваат пред една две недели се расплачив на доручек мајка ми се смееа со мене е зошто да се смеат...потоа маж ми нешто го задевав и демек немој така јас пак се расплачив оти ми вика-а воопшто не викаше.... денес се расплачив као демек даелку ми е понеделник сакам бебето денес да го видам па се смеев па пак се расплачив ..... лудило а само 11+1 сум охооо каде сеуште 29
Жени многу маки со вторава бременост, повраќање а и константно мака ми е. Не сакам да пијам апчиња и денес случајно земав добра вода бела праска киселата, со портокалево капаче и многу ми дојде подобро. Го пишувам ова ако има некоја ко мене со маки. Вчера го слушнавме срценцето на бебе, се заљубив На синко му испринтавме маичка дека ќе е голем батко па утре така ќе ги израдуваме дома инаку матичната контрола ми закажа за 1 месец и 10 дена па некако многу ми се виде, зарем не е така?
И јас бев кај матичната да го слушнам срценцето и рече исто за месец дена после скринингот следно да се видиме бидејки ми било втора бременост
Јас во првата бременост цело време одев на месец дена. А на ехо ме виде се на се 4 пати до пораѓај. Само крвна слика и носев и толку. Некогаш не ме ни прегледуваше. Сега ова ми е трета бременост ( втората заврши како биохемиска) и уште немам отидено. Ќе почекам да наполнам 6 недели или 7 за да појдам. Порано џабе ќе одам. Се надевам ќе биде добро
Девојки да ве известам Денес сум на контрола 11+4 и ќе прават испитувања за даунов синдром....Имав страв како пред секоја контрола што иде али се надевам дека се ќе помини како што треба.... Викав бебе да е како што треба само и вчера се јави дека е како што треба ми се гадеше од сабајле Поздрав ќе ве известам
И мене после прегледот на кој слушнав срце, следен преглед ми е скринингот. И мене ми се виде долг период, ама ќе помине. Инаку скринингот го закажав кога ќе бидам 12 +3 по мерки, а 12+6 од термин. Ок е периодот?
Здраво девојки. Полна 4та недела сум според последна менструација, можно е и некој ден повеќе. Вчера дознав, а од денес почнаа да ме болат колкови и јајници, прво вчера едниот, а денес и на другата страна. Не е јака болка, повеќе се како некои слаби cramps, се издржува. Пред малку дур правев вечера ме штрекна и позади на половината од десна страна, ама седнав и за брзо се смири. Знам дека на почеток се нормални вакви издржливи болки, но сепак ми е шубе, дека прва бременост итн. Сакам да слушнам ваши искуства и совети.
Мислам дека е нормално, се додека се издржливи. Мене ми рекоа слободно два пати на ден дека можам да зимам магнезиум од 250мг. Едно насабајле едно навечер, превентивно за грчеви и опуштање. Тек ќе следат сите убави симптоми.
Цело прво тромесечие имав такви cramps, ќе траеа некоја минута и попуштаа ама повеќе пати во денот. Во 12 недела ми дадоа магнезиум да пијам и од тогаш немам. Незнам зашто не ми дадоа и претходно, тука читам членки што од почеток на бременост ги пијат. Прашај го гинекологот дали да пиеш.
Не се секирај за слаби болки нормално е. Јас до пред брзо имав така слаби менструални болки повремено, а 15та недела сум. Се додека не е јака болка, мислам дека не е за загрижување. Нормално е.
Јас имав менструални издржливи болки, и ден денес ги имам понекогаш, прво тромесечие исто и грчеви имав, мораш магнезиум да пиеш, ќе ти препишат. Гледај не кревај тешко малце пази во тие работи, да не се сопнеш, не седи со стомакот покрај шпоретот ако е жешко не туширај се со жешка вода, јас и пред микро не седам. К
Јас да кажам една случка исто во прво тромесечие. Пошто тука живееме во стан и машината за перење алишта ми е долу во подрумот и перам со термин. Сакав да пуштам една машина да се пере, ама корпата беше преполна и тешка и како ќе ја носам долу сега. Ај ќе го прашам маж ми, тој се расправаше со некои документи и ми вика почекај ќе ги слезам долу, јас не знам што инает ме фати,не сега му викам!! Ако не сакаш ти сама ќе ги однесам и го гледам ме гледа со чудење и јас бам бум бам по скалите до долу, низ цел блок се слушаше. Ги довлечкав до долу и ја стартав машината. Ама и маж ми што инает, остана така да ме гледа..
Фала ви многу на сите. Знам дека помага магнезиумот, ќе и кажам утре на докторката па ваљда ќе ми даде да пијам и тоа. Ќе се издржи, слатки маки се.