Тоа е последица на хормонските промени, незнам дали ми помина само или можеш и ти да пробаш, ставав две три вечери на местото од оние проѕирните кесички за замрзнување и одозгора крпче да ми го загрее местото.
Ќе видам сега докторката што ќе каже. Не ми е до толку, се издржува. Еве моментално воопшто не ме боли. Ќе ја прашам што да правам во случај пак да осетам болка. Фала ти како и да е.
Девојки пак јас. Се слушнав со докторката, ми кажа да пијам само Фолна, метилирана ли прашав рече да да. А за други витамини ми вика не мораш уште сега многу е рано. Два пати ја прашав, абе вика ако сакаш земи ама не е морално, уште е многу мало и не му требаат. Е сега мене ми е шубе малце да не пијам витамини, сакам да си земам. Што мислите вие? Ај препорачајте ми некои што немаат фолна во состав пошто ќе земам метилирана посебно.
Пребарував и јас таква комбинација, но докторката ми одобри и фемибион и метилирана заедно да пијам. Ги пијам цела бременост така, велат нема штета...
Во фемибион има 200микрограми фолна + 200 микрограми метилирана, а плус пијам на Now метилирана од 1000 микрограми. Едит: да додадам, не сум со мутација, т.е. немам испитано. Заради претходна историја на бременост со плод со аномалија пијам вака, ма да ми рекоа и не морам, но ајде земав од пусти страв. После на секоја контрола прашував дали да пијам уште метилфолат, ми викаа пиј го нема штета.
И јас не сум со мутација, то ест немам испитано. Метилирана пијам по препорака на гинекологот, дека подобро се апсорбира. Која цена е Фемибионот?
Не мораш да земаш дополнителни витамини освен фолна или метилфосфат како ќе ти каже гинекологот. Подоцна кога ќе почниш со проверка на крвна слика, на основа на резултатите ќе ти дадат витамини ако имаш дефицит. Јас сум 19 недела и освен фолна засега сеуште не примам никакви витамини. Пред да останам бремена мислев дај да земам и мутивитамини (на своја рака со подршка на другарка фармацефт) и добивав нагони на повраќање (бидејќи очигледно не биле потребни). Така што моја препорака - само на база на крвна слика нека ти биде проценето колку и што треба да земеш.
Јас пред да останам бремена пиев Фолна одделно и плус Премама неколку месеци. И сега сум 13та недела, уште така си ги пијам, нема лошо ми рекоа двајца гинеколози.
Здраво мамички Јас ви доаѓам заедно со @Bella_Stella од поддршка. Бела ми е кломифенска другарка, во исти ден почнавме со кломифен и еве двете сме трудници сега. Последна менструација ми беше 11ти Септември. На 6ти (НЕ)требаше да добијам. На 7ми правев тест Self Clear, две цртички имаше. После бев кај матичната правев бета од крв и се потврди. Значи сега сум 4та недела од прилика. Во четврток неделава сум на ехо. Одвај чекам да го видам бебуш, што сега е само топче клетки. Иначе мене матичната ми кажа да пијам метилирана фолна на ABO PHARM (слика во спојлер), магнезиум директ и аспирин на 2 дена. Немам испитувано генски мутации. Сега за сега само тоа, за понатаму ќе видиме. Исто ми кажа да немаме секс до прегледов, да бидиме како ќе се одвива бременоста прво па после ќе ни даде зелено светло. Јас сега за сега немам некои симптоми. Само од време на време осеќам како боцкање во јајниците. И вчера и денес имам мачнина, не ми се повраќа ама баш така бљунтаво ми е. Спојлер: folna
Браво девојки, ептен не има со кломифен годинава исто како мене сте и вие. Инаку за односи и јас не би ризикувала барем првиве три месеци, мене најмногу ми беше страв од инфекции и бактерии. Почекајте зелено светло од гинеколог. За мачнини мислам после 6/7 недела ми почнаа мене. Да си имате најлесна бременост.
И јас земам метилирана фолна 400 мцг плус премама, мислам дека имаат подобар состав од фемибионот. Во плодност, д-р Сотир, за разлика од матичната ми рече исто како и докторката на @Bella_Stella. Мораш да земаш фолна, сѐ друго е беспотребно. Ако ти се фрлаат пари, земај. Матичната ми препорача фемибион, но во консултација со другарка фармацевт се одлучив за премамата. И мене ми беше некако во мисла да не земам ништо, затоа и ги земам. Во аптеките на бети се околу 780 денари, во зегин околу 700. Минатата недела во зегин имаше и гратиси, со едно пакетче премама ми дадоа гратис 10 таблети и 10 капсули. @kostovaivana со лесно уште еднаш мила. За односите исто д-р Сотир ми рече да си имаш односи и да си правиш сѐ исто како што си правеше досега (јадење, пиење, односи, депилација, фарбање, правење нокти). Ама искрено мене ми е во мисла, а и не чувствувам потреба. Барем засега.
Ууу па прилично се поефтини од овие што ги пиев јас на Now, 1600 и нешто беше пакување од 100 апчиња. Фала ти многу мила, ќе ги побарам.