Mila od kolku mg e metiliranata folna kis sto ja zema ti od zegin I kolku apcinja ima vo nea prasuvam oti jas imam genetski mutacii
Јас сум 5 +1 по мои пресметки, планирам да одам наредна или понаредната недела во првата бременост на 5+6 слушнавме срце. А на прв преглед отидов одма тогаш откако правев тест не можев да дочекам да ми потврди матичната, ама на тој преглед ништо посебно не кажа. Се гледа само каде е поставен ембрионот, а те прегледуваат вагинално и мислам дека беше беспотребен.
Јас сега сум 5+2 а планирам да одам на 6+2 по една недела или на цели 7. Со првото бев прв пат на 8 недели. Бебето веќе беше големко. Ама сега не можам да издржам толку долго. Ама си викам да издржам до 7 недели.
Бев вчера не пишав, малото не спиеше па и со него кога се вратив. Не се гледа дека има нешто, најверојатно вика што сум го кревала син ми. Ме покрија со терапија и прогестерон инекција ми боцнаа и одмор сега. Се молам да остане и да биде се океј.
Колкаво ти е детето? Јас кога ја кревам малата осеќам како да ме заболува стомакот а само што ја почнувам бременоста, 17 месеци е, околу 10кг. Ама кога ќе ги крене рачињата и ме моли: мама аќе еме, едноставно не можам да ја одбијам, мака ми е. Ќе биде се во ред инаку, само позитивни мисли.
И јас имам синче 2.5 годинки, го кревам уште, околу 15 кг е , маж ми ме кара цело време ама што да му правам, и он сака да го земам, ме јаде мисла ама си мислам бебево мора од сам старт да научи да се избори со батко. иначе бев на прв преглед на 4+5 дена, се виде само точка со прстен околу, рече докторот дека тоа е гестациски сакус, ми закажаа следен преглед на 29,10, тогаш ке бидам 7+0 и ке чуеме срценце. Иначе и јас примив вчера поргесерон депо за подршка, и од вечер стартувам со утрогестан по 1 пред спиење.
Те паметам од пред 2 години, месец и некој ден после тебе се породив, сега ќе правиме 16 месеци. Скоро 12кг е и јасно ти е, неможеш да не го дигнеш. Ние сме и сами дома, нема кој кога тато е на работа. Повеќе пазење и така... И јас сум на почеток 9 недела, ти која си?
Девојки нормално ли е толку многу да ми се моча? Навечер станувам на два саати, а преку ден дури и почесто одам. Моментално се осеќам како цело време да ми се моча.
И јас денес истото планирав да го пишам. 13+1 сум, а веќе со недели сум вака, и како иде се бетер сум. Навечер значи се случува до 7 8 пати да станам, одам накај вц и пцујам, мижам и мочам да не се расонувам. И а заспијам, осеќам за некое време притисок пак, тешко се вртам и знам пак ми се моча, џабе мижам - нема спиење ако не станам да се олеснам. Дали од што ми е многу ниско мене па скрос ми ја надразнува бишиката, којзнае. Баш утре ќе одам за боледување кај матичната и ќе ја прашам.
Јас сум буквално како темпирана, како алармче во мене да имам. На два саати точно станувам навечер, а еве сега нон стоп имам чувство дека ми се моча. Читав дека е нормално, ама пак да си прашам вашите искуства какви се. Буквално исто како што опиша се осеќам. Фала ти.
Кај мене сега почна во 30та недела повеќе од прво тромесечие, голтка да се напијам за 15мин трчам во вц. Не е забавно, троа и бебе ми тежи на бешиката...