Аааа ме водиш. Мене алармот за мочање ми е точно на 3ч, ни повеќе, ни помалку. И второто станување ми е со будност од саат и пол, па мавам нова партија спиење.
Еј колку ми е мило што се собравме пак стара екипа. Јас сум 5+1. Исто сме и ние понекогаш- кога маж е на работа ние сме сами дома. Ама и јас одам на работа, тука е проблемот не знам како ќе постасам се, и на работа и дете и трудна, за себе најмалку наоѓам време. Среќа имаме баба сервис за чат-пат. Да не ми се гади и моча на секој пола саат ќе заборавам дека сум трудна. Првата бременост само кукав нешто и се одмарав, сега сум турбо.
Хахах јас си викам дали сум нешто грешка. Пред да го правам тестот последната недела цело време станував во 4 ипол па во 6 ипол, само два пати. А сега веќе почнав 00, 02, 04, 06, 08, буквално како навиена.
Мене најлошо станување ми е во 03 часот, ѓаволското време нели Од толку многу хорор филмови изгледани, психа ме мава кога ќе видам 03:20 ичи 3 и колку и да е Посебно кога сум сама дома, пошто мм оде по 24 часа на работа. Утре одам по резултатите од приската, ми се јави сестрата дека стигнале, дека се во ред па да ми каже гин што како тие соодносите, секако јас детално сакам да си ги видам. И да ја прашам сакам пошто нели од утре отварам боледување и одам на патолошка, што ми е ниско бебето, за цервиксот, никој ми го нема измерено ништо во врска со тоа ми немаат кажано. Само вагинално ли на преглед се гледа тоа? Или да барам по ова документите како го пише, да не ми е запишан?
Јас однесов во 8 недела потврда од гинеколог, ослободена сум уште неделава да ја доработам, после се договорив само 2 пати да идам пошто нема доволно кадар. Баба сервис и ние имаме понекогаш само сега ептен ми е страв со коронава па избегавам, ептен кога мора. Мило ми е што ќе се дружиме
И јас сум иста ситуација. Јас на работа, бремена и имам дете. Од вчера не ја носам во градинка, пошто фатија корона во градинката. И кај баба и ја носам. Али тоа е, ќе се издржи. Само позитивно. Ама после 9 месеци домче со две дечиња ехеееј РАЈ!
Девојки здраво Јас бев на терапија дупастон-прогестерон е всушност.Ми го даде докторот заради тоа што во март имав миссед е сега кога бев на скрининг ми го прекинаја заедно со аспирин. Докторот ми кажа да си го прекинам аспиринот али не рече ништо за дупастон. Од вторникот еден ден после скрининг вечерта ептен неуба болка имав во долниот дел на стомакот како за во вц дека ми се оди а и нередовна столица имам. Не се испаничив али вчера почна половината да ме боли и тоа од лежење и му се јавив ми рече да си ги продолжам дупастон.. Денес фала му на бога немам никаква болка Што мислите за овие 2 дена можи да се има недај боже нешто случено или сепак би прокрварила ? Извинете за долгиот пост
Здраво девојки/мамички Јас вчера бев на прва контрола, 4 недели и 6 дена. Си го видов точкичето. Ептен е малецко ама битно е во матката добро наместено. Срцето ми се напуни!!! наредна недела сум пак на контрола па ќе видиме како ќе биде. Иначе и јас многу мочкам ама навечер сега за сега само по еднаш или ниеднаш не станувам.
Лелеее колку убаво. По мерки ли си 4н и 6д? Ептен сме блиску ние, а мене три апликации различно ми покажуваат. Јас дури крај на Октомври ќе одам, се надевам дека и срценце ќе слушнеме.
Знам кога фати короната ослободени беа трудниците од работа. Сега каква е ситуацијата? Изгледа го прекинаа тоа. Не сум се распрашала. И да не знаете кој ги плаќаше трудниците фирмите или фондот?
И мене сите апликации различно ми покажуваат. Сите се 2-5 дена разлика. А ова не по мерки него по последниот циклус. А убаво шо ќр одиш покасно, ќе си го видиш поубаво а може и срце да чуеш. Ама ја не мпжев да издржам
Здраво мамички еве ме и мене да се префрлам во оваа тема бев вчера на прв преглед 5 недели и 4 дена сум бебчето е сега за сега добро сместено фала му на Бога малечко ама толку се израдувавме за три недели на контрола да слушнеме срценце едвај чекам во поед. сум на трансфузиологија да испитам дидимери ве гушкам позд ❤️
Кога ти беше последна менструација? Јас според последна менструација (11ти Септември) сум 5+1, ако добро сметам. Така ми покажува само една од апликациите, друга покажува 5, трета 4+4. И јас едвај издржувам да ти кажам, ништо чудно да одам и порано.
Фала мила дај Боже сите сме тука со термините истото на сите ви го посакувам здрави бебчиња и лесни бремености мене последен циклус ми беше 7 септември