Исто 11ти Септември ми беше последна. Ама има некои апликации прашуваат и времетраење на циклус а некои не. И мислам дека затоа различно покажуваат.
Да да, јас не знам што да внесам баш, пошто не ми се исто долги сите циклуси. Како и да е, тоа е најмалку важно. Нека си напредуваат само како што треба.
Мамички како сте ? Јас од прилика треба да одам за 10 дена на контрола да видиме како напредува бебе. Приметувам последниве дена како црвени мали топчиња ми се нафрлани околу градиве,дали од хормоните или незнам што ке да е ?! Немам некое посебно лошење ниту пак осеќам дека сум бремена се додека не почни стомак да расти На сите ви посакувам лесна бременост и пороѓај мене малку ме фаќа депресија кога ке ми текни дека треба да рајѓам, зошто плацентава се лепи во матка и после поројѓај ми прават киретажа секако ми ставаат целосна анестезија ама дур трае киретажата губам премногу крв, и после не можам со месеци да се вратам во нормала од слабокрвност Ај како и да е се ке помини
Фирмата мора да ти плаќа. Но јас сум во приватна фирма и нема да ми плаќа ништо. За жал така е во сите приватни фирми. И плус ако си на договор на определено, ништо не им можеш.
Сеуште се ослободени трудниците од одење на работа со потврда за бременост од матичен гинеколог и ги плаќа работодавачот. За тие во приватен сектор во уредбата стои дека е препорака да ги ослободат трудниците а за тие што се под државна капа или локална самоуправа е укажување. Што значи приватно ако сака те ослободува
Од каде ова, искуството ти е од претходна бременост? Секоја бременост си е различна не си прави стресови пред време. Инаку кај секој постои мал страв од пораѓај, мислам дека е поголем кај оние на кои не им е прво дете оти знаат што ги очекува. Со првото си бев опуштена до крај и не поминав многу лошо, да не беше епизотомијата ќе речев дека супер сум поминала. Ама таа рана ми ја е*а мамата, цел месец не можев да си седнам како човек. Инаку самиот чин на раѓање не е страшен, само опуштено, мора да излезе некако бебето (п.с. ова до прворотките, другите си знаете) Како така, а породилно како ќе земаш ако не ти плаќа? Или ќе ти плаќаат придонеси? Па и да си на определено нели трудници не смеат да се отпуштаат?
Значи ослободени се ама исто ко да не се. Која приватна фирма ќе те плаќа да седиш дома... Туку ајде да ни е лесна бременоста па да немаме ни потреба да седиме дома. И така побргу врви времето на работа
@lady.N предходните две бремености ми беа исто зошто имам срцевидна матка а друго ништо немам проблем Ај како и да е ке помини
Здраво девојки, Јас сум нова на форумот и како и сите вас во исчекување на бебе. Последна менструација на 03.08. Прв преглед на 16.09 на кој е потврдена бременост, матичниот рече дека бебето заостанува за две недели и толку. Втор преглед на 27.09 според менструација 8 недели, а според ехо 6недели и 1 ден, срцето само го видовме на ехо не го слушнавме. Трет преглед на 14.10 според менструација 10 недели и 2 дена, а според ехо 8 недели и 6 дена а според претходниот преглед требаше да бидеме 8 недели и 3 дена. Што значи понапредни сме за три дена од претходен пат и сме 21милиметар. Овој пат го слушнавме срценцето. Симптоми немам никакви освен некои мали грчеви од време на време. Инаку имав спонтан од прва бременост во 16 гн. и сега ми е многу страв од тоа. Посакувам сите да ја поминеме со лесно бременоста и да си ги дочекаме нашите ангелчиња.
Само позитивна мисла пиј ги витамините и фолната гали меше и уживај се ќе биде добро не мисли на тоа што се случило немора да значи дека ќе ти се случи пак секоја од нас го има помнато па ете сега сите тераме здрава бременост тука сме за подршка едни со други те гушкам
Морам да признаам како ве читам страв ме фаќа. Скоро секоја втора од вас имала спонтан. И само си ги бројам неделите, и веќе и меше почна да ми се знае, и се чудам како од се у ред до сега што ми е може наеднаш спонтан да се случе? Таман ќе заборавам на тоа пак ќе напише некоја феминка и одма паника ме фаќа. 13+3 сум јас, и прва бременост ми е, се си викам ризичните недели поминаа, ама мислите лоши пак ме демнеат.
И јас се стресувам на секое спомнување спонтан, па и кога ќе помислам колку често ја тегнам малата во раце... Многу повеќе се вардев во првата бременост, ама со дете нема начин да се довардиш. Кога ќе ги помидлам како си предремував секој ден после работа, па корпа со алишта кревање никако, па клекнување никако сега ринтам цел ден До 17ч на работа, после дете сака да игра, па домашни обврски, капење, средување.. И страв ми е од коронава луѓе. Работам со странки, цел ден сум опкружена со луѓе, а неможам да користам мерки пошо сум на определено.. Како што качуваат бројките така срце ми се стега
Девојко мисли само позитивно не се плаши не значи дека ќе се случи.... гали мешко и уживај колку појвеќе негативно мислиш толку полошо... Спонтан и миссед се случува од некоја причина-нервоза не правилно постаавен ембрион сперма лекарства и мн мн х фактори....Не се оптоварувај мисли си како ќе биде кога ќе го држиш во раце
Докторите треба најдобро да знаат. Поразговарај со стручњак која е најдобра опција за пораѓај. Исто сум и јас, ама не се плашам, првата бременост се плашев многу повеќе. Не е тоа баш туку така, мора да има некоја причина за спонтан. Секако не викам дека тегови треба да дигаме, ама кога мора дете да кренам го кревам и тоа е. А и од корона некако не ми е страв многу (неколку луѓе што ги знам ја прележаа полесно од настинка), се пазам колку можам, ама и затворена да сум дома 24/7 ако треба да биде ќе биде - еве мм оди на работа исто со странки, моите и на мм најблиски одат на работа, не можеш 100% да се изолираш.
Иста сум и јас. Прва бременост, едвај забременив, многу ми е страв. Секое читање на спонтан, срцево ми застанува. И уште кога ќе помислам дека симптоми немам скоро никакви и до нареден преглед имам уште 2 недели, гнедла во грлото ми се јавува. 10+4 сум, ги бројам деновите до втор триместар, ама ете, правила нема очигледно. Господ нека не чува сите.
Јас сум во приватна фирма и цело време користев мерки, прво за дете под 10 години, кога ги прекинаа земав 2 недели боледување, почнав 3 недели и сега од понеделник, 10 недела ќе сум ќе користам мерки за бремени. Нема доволно кадар ме замолија само 2 пати неделно да менувам до нова година, се согласив пошто ќе ми оди плус на плата и тоа е. Да не се согласев ќе седев цело време дома. Не се сите фирми исти. п.с. Многу ми е страв од помислава на спонтан, не знам како да си помогнам.
Мене ме плаќа за сега, во приватна фирма сум, и тоа наша македонска, има и такви.. ај да не зборам пред време да не ме викнат за некој ден.
Исто ко да си читам за мене, прва бременост уживав во бремеността, пазење, ништо не кревав, попладневна дремка секој ден, свекрвата и мајка ми ручек носеа преку ден.....сега сосема друга приказна, домашни обврски, ручек правење, обврски околу малата, нема време за попладевен одмор морам да се занимавам со детето, клечење на секоја минута, собирам расфрлани играчки, ја кревам понекогаш, а нај страв од се ми е сега со короната, работам со странки во канцеларија и се плашам недеј Боже да се заразам....иако се пазам носам маска, дезинфицирам раце, проветрувам, прскам дезинфектанти...
Леле не ми збори за страв од спонтан, имав во јануари спонтан, после 6 месеци кога останав, па до ден денес од се живо ми е страв, што и да ме заболи јас одма паничам, мм ќе ме утепа, не смеам да зборам, зошто после кој ќе го слуша со неговите предавања До 19та недела сум стигната, и се живо ме преоптеретува, да можам секој ден ќе одам на преглед како будала некоја. Еве сега ме боли цела лева страна, и од напред и од назад, и ќе побудалам од мислење, на кого све не изнапишав и не го прашав..