Самиот збор спонатан ми ствара паника, избегнувам дури да го гледам, срце ми се стега, поготово кога го имаш осетено на своја кожа. 13+3 сум се тешам дека е пројден критичниот период, ама ете чекам да пројде неделата во која ми се случи спонтаниот. Си реков повеќе ќе уживам во оваа бременост, нема да се преоптоварувам толку. Имам моменти на слабост, ама се трудам. Сфатив дека се се случува со причина, пробувам да мислам позитивно, било што било, сигурно има причина зошто така требало да биде. Овој пат се надевам дека ќе биде се во ред. И не се споредувајте со никој друг, па дури ни со ваше претходно искуство. Да не си ствараме стресови ако нема реална причина
Не е дека немам страв и јас за секоја болка или промена паника кревам јас би си купила едено ехо и цел ден да го слушам срцето и дека е се како што треба... И јас сум со миссед ама многу рано во 6 недела беше застанато а требаше 8 да бидам.... сега сум 12+2 имав болки појдов од страв бебе лудува само си ја продолжив прогестеронската терапија и аспирин и малце сум посмирена а и болки немам денес фала му на бога.... Галете меше и уживајте овој пат се ќе биди како што треба господ си знае
Женски имам болки во грлото, мм ме убеди да прснам прополис растворен со алкохол (мала количина била) и сега ми е шубе да не му влијае лошо на бебе.
Земи направи си млеко прегорено со шеќер, добива вкус на карамела, тоа е спас за болно грло. И многу чаеви и ц вит од 1000ка напиј се.
Јас два дена има носот ми е затнат ми течит, грлото ме умре и да тоа е лекот така си правам и јас карамелизирано млеко, ем вкусно ем ја смирува болката, јас и скроз малце путер ставам. Сега веќе почна да ми попушта, ова од ладните сокови е и водата, јас се во фрижидер ги држам затоа.
А мене умот одма на Корона ми оди. Немам тт, трески, малаксаност, само грло ме боли и носот ко чешма. И се јавив на матичната ми кажа дека нема простор за грижа, само да пратам и да бидеме во контакт. Не ми рече да се тестирам.
Абе и мене ми оди умот на корона, ама јас бев карантин тука 2 недели и од каде ќе закачам корона? После ко ќе подразмислам подобро, многу ладни течности пиев и знам дека не е корона. И јас сум така два дена ко тебе.
Јас одам на работа. Во канцеларија сум, немам контакт со многу луѓе, освен со 3,4 колеги. Носам маска, внимавам колку што можам, ама ризикот си постои. Треба да си ја сочуваме психата периодов, ептен стресно...
Не мисли на корона, види ако ти е подобро за три дена, немаш ништо. Обично грлото од настинка ќе те држи три дена максимум.
Јас пијам нане, камилица, брусница. Никако немој да пиеш жалфија или од лист од малина или коприва. Можат да предизвикаат компликации. За други чаеви не знам. И кафе не е препорачливо, ама пијам до 2 послаби кафиња во денот.
Јас мислев дека чај од маточина е добар а иначе секое сабајле јадам по едно лажиче семе од коприва и мед, уште пред да забременам земам, дали и тоа не е добро да се зема?
Девојки помагајте утре треба да одам на прво ехо и сега на бришење имав бледа крв. Ставив кринон гел и на апликаторот исто имаше крв. Многу ми е страв незнам што да правам.
Мешиња, јас сум 5 недела+4. Сега за сега не осеќам уште никакви симптоми, исто како да не сум бремена. Си јадам нормално, не ми се гади и лоши. Мирисите не ми се зголемени. Само што малце поише ми се спие него иначе (голема спанка сум си по природа па не знам на што да го препишам тоа). Прашањето ми е, кога прв пат почнавте да осеќате симптоми? Дали тоа лошењето и мачнините почнува одма или во поодминати недели?
Јас мачнни почнав да осеќам некаде во почетокот на 3ти месец, во смисла, да ми се гади, утрински мачнини, да сум малаксана....иначе како први симптоми на бременост уште на почетокот ми беа само болни гради, друго ништо не осеќав првите 2 месеци.
Мене како што ми кажуваа другарки на сите им почнале околу 8-9та недела, ама ајде да видиме и тука што ќе кажат мешињава. И јас исто немам некои поизразени симптоми, освен што мочкам многу и чат пат ме болат половина и колкови. По која апликација си 5+4? Мене две ми покажуваат 5+4, а една 5+5.