Секоја бременост е различна, кај мене почнаа во 8-9 недела и си траеја долго. Се надевам дека ќе поминеш лесно и ќе немаш многу мака.
5+4 сум по Pregnancy апликацијата (зелена иконка со стапалки), по Baby Center исто 5+4. По Pregnancy+ сум 5+6, по Ovia исто 5+6 а по What to expect ми покажува дека сум 6та недела. Дали само ја ги имам вака сите апликации за бременост Дај боже сите да имаме лесна бременост и уште поважно лесен пораѓај.
Жени уште денес сум во темава, од утре се селам во второ тромесечие Одвај чекам да помине и тоа, да скокнам до трето па да пишам во темата Се породив Првово помина онака, гадење без повраќање, киселини чат пат ако се прејадам Прокрварев неколку пати, покриена со прогестерон се среди и тоа.. Пред 10тина дена дознав дека ќе имам синко и се прерадував Се исполни желбата и на мене и на маже. За ќерка ми имав смислено име веднаш, имав претчуство дека е девојче, тест правев на 14ти април, на апликацијата за бременост и го имам пишано името на 17ти април За сега исто, машко име имав одбрано, а за женско од прв ден смислуваме со мм ама ниедно не ми влезе в срце Ве чекам во второ тромесечие да поуживаме во бременоста, па во трето ќе си офкаме заедно
Исто и јас уште денес сум тука, па од утре почнувам со второто тромесечие. И јас до сега да се се подречам немав тешка бременост од страна на гадење и повраќање, неколку дена од 6та до 10та недела имав само гадење без повраќање, но од пред некој ден ми почнаа тешки вртоглавици, губење на здив и забрзан пулс на срцето. Се се мислам дека се должи на фактот што лежам многу повеќе, јас сум во принцип многу активна, и сега наеднаш, и пешачењето ми е сведено на минимум, повеќе треба да лежам, па нервата ми игра, никако да се прилагодам. Чекам да дојде 16та недела за да одам на преглед, ми рекоа ќе биде вагинален пак, како сите до сега ништо ново ќе ми го мерела матичната цервиксот и дај боже да е се во ред, бебче да е бар малце качено да нема потреба од терапија, а ништо чудно и сега кога ќе одам во Чаир за извештај да сака Демири пак да ме виде, и тоа секако пак ќе е вагинално... И секако, едвај чекам од како ќе слушнам дека се е во ред дај боже да се види дали е машко или женско, јас од самиот старт се мислам дека е женско, баш ме интересира дали интуицијата ми е точна. И само да кажам дека официјално не сум за во банка, или други тивки поофицијални места, поради моите разиграни црева и постојаните гасови. Едвај се стискав додека бев во банка 15тина минути внатре, како што беше тишина се, а моето верувајте ќе беше гласно Му кажав на мм, не одам веќе, не можам да се контролорам баш многу. А дома, весели оркестар на нај јако, ама воздух е му викам, не мириса, не се секирај.
Хахаха и јас имам три, ама само What to expect ни се поклопува. По неа сум 5+4 исто и по My calendar 5+4, таа ми беше за евидентирање циклус а сега ја префрлив на pregnancy mode, а по Flo сум 5+5. Ќе видам во понеделник по мерки како ќе се покаже. Првиот преглед е вагинално или абдоменално?
Женски, во прво тромесечие сум и уште од 6-та недела имам одбивност према храна, посебно домашно готвена храна. Наутро можам да јадам овес, корнфлекс, чаша јогурт, банана и по некој крекер, а попладне па се додека не си легнам навечер, не можам да мириснам ништо. Ми доаѓа гадење, одбивност и имам постојано потреба да подждригнам. Некој совет, идеја... што и да е... со килажата не мрдам, додуша паѓам по стотина грама....
Мене мачнините ми почнаа крајот на 5та недела и ме држеа до крајот на 4ти месец, со постепено намалување. Многу лош период, навечер од спиење станував да повраќам жолтила и се враќав со тресење назад во кревет. Ќе имате среќа ако немате мачнини и не повраќавте.
Јас денес мила полни 11гн. Од симптоми досега само спиење (и јас сум вообичаено спанка како тебе), почесто мокрење и болка во гради. Чат-пат насабајле гадење и ретко грчеви во долен дел на абдомен. Прво ми беше во мисла зошто немам никакви симптоми, ама дај Боже вака да ни е до крај, за мерак. Досега кај тројца гинеколози бев, сите прво пробуваа абдоминално и пошто јас со празна бешика, ме прегледуваа вагинално. Последниот преглед кај матичната бев 8+3, абдоминално ме гледаше. Макар што без разлика колку е безвезен, јас сум за вагинален, поубаво пратам на тоа екранот што ми кажуваат.
Девојки вие што сте на почеток 5.6 недела дали имате повремено грчеви благи како сечење во матката. јајниците јас имам повремено неколку пати дневно за гадење немам имам апетит и навечер 2.3 пати одам во тоалет сега за сега
Јас немам проблем со вагинален преглед, од толку прегледи до сега ептен се навикнав. Прашав само за да знам како да се спремам. Фала ти мила. Јас имам, знае да ме фати како нагон за во големо вц и ме пушта за 3-4 секунди. Пиј си магнезиум и не се грижи, нормално е, повеќето го имаат тој симптом.
Мене мачнините ми почнаа околу 7ма недела и ми траеа до 14та. Сега сум 15+3 и многу ми е подобро, само навечер може да ми се слоши ама не е како порано. Ми се врати енергијата и добро се осеќам. Ајде чекам друшки во темата второ тромесечје
Јас немам некои изразени мачнини до сега освен ноќе ако сњ разбудам за во тоалет најмалку еднаш , немав ни со првата бременост дај боже така да остане. Утре влагам во 10та