Не најозбилно, може ли да се има малку повеќе осет за што каде да се пише, или да не е до толку детално опишано, крај краева и постое спојлер и сооодветна тема. Не дај боже никој да го искусе тоа што Саншајн го исусила, стварно е преболно...Но фала богу сега еве си пак бремена и пробај да не мислиш и паметно што си сменила гинеколог, крварење плус без терапија до сега не памтам некоја да поминала туку така, ама секакви гинеколози има за жал. Многу од трудниците веќе доживеле спонтан, која порано која покасно во тек на бременоста, но има голем број и што им е прва бременост без спонтан. На секоја страна се спомнува тој збор, а има соодветна тема за спонтаните. Стрес е, а доволно сме сите стресни со различни симптоми и некои со високо ризични бремености да на секоја тема се спомнува и чита за спонтан. Ако може малце да се припазе како се пишува и каде. Знам дека сите сме со добронамерни намери и сите сме заедно во оваа тема со иста цел, но малце осет искрено фале.
Ти благодарам девојко Лелеле убавини девојче да биди само здраво и живо Јас сум на 4ти за пол да видиме ако се покажи хаха
Девојки пак јас. Нормална ли е некоја тапа болка, не знам ни дали да го наречам болка до душа, 2-3 цм над папок? Од сабајле почнав да осеќам некое чудно чувство таму, ама само на моменти. п.с. Се согласувам со сите погоре што се побунија за пишувањето за спонтани на темава. Не е фер за сите нас особено што сме на почеток од бременоста и што не сме го поминале "ризичниот" триместар. Свесни сме сите во какво време живееме и какви ризици носи, не мора дополнително да читаме и стравот да станува уште поголем, не е фер.
Затоа мој совет без многу читање Не се оптеретувај, штом не е некоја силна болка не е ништо страшно. Ако ти е во мисла консултирај се со матичната, чисто да се чувствуваш спокојна и да видиш дека немаш потреба за грижи.
Да претпоставувам дека не е нешто за грижење, сакав чисто да видам дали има некоја од вас со слично искуство. Воопшто не е силно и не знам дури дали да го наречам болка, повеќе е како некое нетипично чувство на треперење. Како и да е фала ти во понеделник сум на прв преглед, па ќе му го спомнам тоа на докторот.
Јас и не читав за спонтан и пак се плашев, гуглав секоја недела колкав е процентот за мисед, не додавајте масло на огнот. Јас и ден денес се плашам од предвремен пораѓај.
Абе знајте како? Некогаш жена и ке работи и тешко ке крева и пак ништо нема да и биде, некогаш пак само ке лежи и лајца ке крени па ке и падне бебето.. никогаш не мислете лоши работи, тоа што треба да биде наше не си дојде Јас кога ја родив првата и после нецели три месеци останав бремена на второто, цело време во раце ми беше малечката и пелена и менував и ја капев се се до последен момент(секако со помош на маж ми) и немав некоја ризична бременост .. Зато мајки галете стомак и мислете на убави работи
Мене по интернетскава пресметка ми излегува дека сум 12 недели и 6 дена. Од која недела се влегува второ тромесечје?
Јас сум 12+5 по циклус, 13+1 по мерки. Денес бев на скрининг кај Димчев, се е во ред фала му на Господ Прво ми рече дека е машко, ама после како да му заличе и на девојче Ќе почекаме уште некоја недела за полот, битно да е живо и здраво
Моето е точно, кај матичната и двајца специјалисти истата дата ми е мене како и на апликацијата од самиот старт, според последна менструација. Нели еднаш ти рачунав тебе, која дата ти е последна менстр.?
Еве сум јас да ви пишам како поминав на првата контрола. Изненадено до бескрај! Носам близнаци! Никој во фамилија нема близнаци. Не знам како да си објаснам. Не се гледаше ништо сеуште, рано е. Ќе одам пак по 3 недели. Сега се видоа двете бебиња ама малецки многу. Инаку ми кажа докторката дека сум 6 недели како што и си пресметав јас.