Мила закажи си термин,јас на 6+3 слушнав срценце ама зависи кога е зачнато за да може да се слушне.Ако е покасно зачнато може да не се слушне срценцето ама ќе си ја видиш најубавата точка во мешето
Не ми се верува уште дека пишувам во темава. Јас сум, според апликација 5 недела, во понеделник ми закажаа ехо и ептен имам некоја трема, се мислам кога да им соопштам на мајка ми и татко ми, ептен ќе бидат среќни и немам трпение воопшто, тоа ми е малце лоша страна. Вие кога кажавте на најблиска фамилија? Инаку симптоми немам некои ептен изразени освен болка во кичмата долу, и многу често одам во вц и ми се спие. А до пред некој ден имав болка и грчеви како пред добивање па бев малце исплашена, сега се смирија. Сега се надевам дека во понеделник на ехо се ќе биде добро.
Честиткииии Се ќе биде добро, ич не се секирај. Нормални се менструални болки, сигурно и уште ќе имаш, нормално е и да ти се спие многу, да си преморена. Јас само што направив тест на работа сабајле одма штом отворив, кога видов две цртки и ѕвонам на мајка ми, тој ден и беше роденден, и реков да ти кажам ли што поклон имам за тебе да ти тргне денот уште сабајле, таа цела поспана што вика, и јас: ќе станиш баба мајко. И така после таа дома на татко ми и брат ми кажала, ама мажи како мажи поладна реакција нормално, татко ми дури некња ми вика да однесам еклери на работа да почастам дека си бремена, може ли сега да кажам.
Девојки едно прашање дали некој имал исто искуство од како дознав дека сум бремена устата ми е цело време бледа дури побелена од што може да ми е така кога и да се видам се ми е бледа фала ви
Фала ептен. На мајка ми и е роденден во ноември ама нема шанса до тогаш да чекам се мислев одма сега во понеделник со сликата од ехото да и кажам.
Направи си крвна слика да видиш како си со железо и хемоглобин. Плус, замор е нормален на почеток па и од тоа си бледа. И јас бев цело време така, цела фаца па и устата. Исто, пиј повеќе вода, може и од слабо хидрирање да е бледа устата.
Ние одма кажавме, денот кога го направив тестот. Прво на родителите на сопругот, а после отидовме и кај моите. Татко ми имаше најслатка реакција од сите. Не е човек што покажува емоции ама сега не знаете каков беше, леташе од среќа... Сопругот сакаше да чекаме до преглед, ама јас не можев да си чувам во мене и затоа ние одма кажавме. Нема погрешно и правилно тука, кога ќе си одлучите да кажете тогаш. Секако ќе расположиш еден куп луѓе околу тебе и ќе им го направиш денот.
Јас бидејќи сум со сактосалпинкс и зголемен ризик за ектопична бременост, прво чекав да појдам на прв преглед. Веднаш после прегледот им кажавме на свеќи и свекре, золва ми, па после појдовме кај моите за да им соопштиме. Претходно знаевме само јас, либе и нашиот најдобар другар. Сега сите блиски знаат (роднини, пријатели, другари од друштво, колеги). 11+3 сум, не чекав да помини прв триместар, бев пресреќна и едвај чекав на цел свет да кажам. Со лесно, најлесно нека ти е! Школска бременост да си имаш! Гали меше и уживај! ❤️
Е тоа баш се мислев, кога да кажам на работа. Мислев да чекам да помине прв триместар, ама некако многу долго е да кријам нели?
Еј да и ова се мислев. Јас работам многу ризична професија, и од аспект на Ковид ама и физички тешка и се мислам на работа да им кажам уште следна недела, да си имаат во предвид.
Мила зависи од ситуацијата,ние на најблиските им кажавме кога видовме две цртки а на други до сега немаме кажано а на работа морав да им кажам бидејќи користам ковид мерки за ослободување од работа за трудници
Мила ако планираш да користиш мерки, ќе им кажеш веднаш после прв преглед. Јас не користам мерки, ама на блиските колешки што сум заедно во смена им кажав. Ептен сме блиски, како семејство. После преглед, таман ќе си извадиш и потврда дека си бремена од кај матичен гинеколог и ќе им ја однесеш и ќе им кажеш.
Jaс на најблиските 3 колешки кажав после прегледот на кој слушнав срценце. На другите и на претпоставените чекав да помине прв скрининг. Вчера бев на скрининг, така да наредна недела ќе им соопштам. Според мене нема ни потреба од многу брзање, освен ако имаш некоја потреба. Јас работам во канцеларија(немам физичка работа) и не користам мерки, поради тоа и не кажав одма.
Јас одма кажав на секого кога направив тест и торта со направив А 12та недела веќе сите знаеа дека е машко.
Јас само што направив тест сабајлето и идам на работа и си ќутам. И во текот на работата шефот ми даде потешка физичка работа да завршам и го одбив и ме погледна чудно и му го покажав тестот и се изненади па одма ми честиташе. После дознаа и другите на работа зашто си однесов потврда да си седам дома. Исто на мајка ми и се јавив и и кажав. Пресреќна беше. @HelloHello и јас работам ризична професија и сум во контакт со многу луѓе така да во таков случај треба да си дадеш приоритет на здравјето на бебче и да си се дистанцираш од гужви. Јас од прв ден од позитивен тест сум дома
Јас не планирам да користам мерки сега за сега. Во канцеларија работам, немам физичка работа. Контакт на дневно ниво ми е максимум со истите 5-6 колеги, од кои само со еден сум во канцеларија и затоа сметам дека немам голем ризик, не знам. Близина некоја немам со останатите, освен со колегата што е со мене. Ќе видам како ќе се осеќам после првиот преглед. Може ќе почекам до прв скрининг па ќе им кажам на сите.
здраво женски, прво да ве поздравам . Јас повторно ке пишувам во темава Вчера дознав дека по втор шат сум бремена. Премн го посакував ова второ бебе за да си растат заедно со мој прв бебчо кој има 13 месеци Сакам да ве прашам , дали некоја од вас имала хеликобактери на бременост.. Јас завчера дознав преку брис дека ја имам, а вчера дека сум бремена И сега додека чекам да дојде понеделник ,баш сум загрижена . Мислам дека нема да смеам да пијам терапија
Дома на мајка ми татко ми свекор свекрва уште по позитивен тест кажавме.А на останати после скрининг сега чекам 4ти да го видиме бебушко што е дали сино да купуваме или розево.Какво и да биде здраво и живо да е само
Здраво на ситеее Една консултација со вас... Бев на гинеколог на 06.10.2020 и не бев бремена, имав фоликул од 22 мм... на 21 .10направив тест ПОЗИТИВЕН инаку последната менс ми беше дури на 14.09, немам баш редовна менс... бев истиот ден на 21.10 на гинеколог и ми кажа дека не може да утврди бременост и ми закажа дури на 05.11... многу се секирам да не не сум бремена Инаку немам никаков симптом освен градите што ми се потечени малку. Ваше искуство??