Тоа ти е водена циста. Точно фоликул што не прснал и може да ти стои од пред неколку месеци и да не пукнал еве и јас имам водена циста и не е ништо страшно. А може и да си имала два фоликули месецот едниот пукнал едниот не. Може ќе пукне во текот на бременоста а може и не. Најважно е што тоа не и пречи на матката пошто си е на јајникот. Без грижи
Претпоставував дека е тоа, само до сега на рутински прегледи секогаш сум имала само по еден фоликул и сега се погоди вака за да ми го зголеми стравот. Плус уште се гледа само сакус на ехо, и не се совпаѓа тоа со неделата според последната менструација и според апликацијата па ми даде дополнотелни витамини и утрогестан. Ми рече нема потреба од страв и ми закажа преглед за две недели, ама јас не сум јас ако не испаничам вака.
Таман си. И кај мене на 5 недела точно се виде само точка па кога бев за неколку дена се виде поголемо сакусче. Сега сум 6+3 и треба да одам на ехо на крајот од неделата па се надевам ако пораснало доволно ќе му го слушнам и срценцето знам колку сме нестрпливи ама најважно е бебчето да си расте како што треба. Гали меше и уживај
Другарки ви благодарам за поддршката иако не знам како ја поминав ноќта.Инаку бев на лекар и ми рекоа дека се е супер,си го видов јуначето почнале рачињата и ножоњата да му се оформуваат и се беше добро,само имаше мал хематом и од тоа било кафеното.Со терапија сум се покриена и пролутекс и прогестерон депо,дсбростон,утрогестан и сега со господ напред ама битно многу ми олесна
И јас имам по една циста на двата јајника, знам дека не е страшно, ама не ми е ни сеедно. Знам дека би требало да се исушат или пукнат. Е сега ме интересира ако пукнат дали би се појавило крварење? Ако знаеш ти или некој друг да ми објасни
Здраво мешиња. Само што се враќам од прв преглед. Се е супер и како што треба. Си слушнавме и срценце и се стопивме, не знам дали некогаш сум се осетила поубаво. Според мерки сум 5+4, а според последна менструација 6+3.
Аии леле... дефинитивно нема поубаво чуство од то да го слушнеш срценцето... јас на секоја контрола му викам прво срценцето да го слушнам па после се останато и секој пат ми се плачи хахха...... да ти е со лесно и да уживаш до крај девојко
Јас искрено не верувам дека ќе пукнат цистите освен кога ќе порасне бебче па со самото тоа да се притистат и да пукнат. Но како и да е времето ќе покаже. И да пукнат тие се водени така да нема ни да осетиме освен вообичаен белузникав исцедок. Во секој случај како што кажуваат докторите не се опасни @Bella_Stella баш ми е мило и јас сум според апликација како тебе со бременоста и едвај чекам неделава да си го слушнам моето малечко
Мамички да ве поздравиме ние ве напуштаме од прво тромесечие се префрламе на второ СУПЕРР официјално финиш на прво сега уживање во второ ве чекаме во второто сите Уживајте во брменоста не паничете-ви го кажува ова најголемиот паничар ахахах за секоја ситница паничам немам мачнини леле бебето да не не е како што треба, нема болки леле бебе да не не е како што треба, има болки бебе да не не е како што треба, терапија дупастон аспирин прекината болки бебе да не не е како што треба, меше пораснато малце и не расти бебе да не не е како што треба- епа растело си зедов да си мерам и спрема некни е проаснато ЈЕЕЕ хахха, не одам толку во вц бебе да не не е како што треба..... За секоја можна ситница 300 паники кревав доктрор ми врати терапија и тоа ме смирува малце од малце ама ова бебе е јунак до крај ќе издржи и на пролет ќе си го бацувам и гушкам..... Муабетот ми беше нема потреба од паники како и јас што паничев и паничам заради тоа што господ не чува сите и ситеќе си гушкаме најубави бебина .....Ако не се чуствуваш како што треба имаш страв ептен голем заради крварење болки во стомакот и половината што не се издржливи посети гинеколог уште истата секунда и ќе се смириш УЖИВАЈТЕ СИТЕ КАКО Е ГОПОД НИКОЈ НЕ Е НА СИТЕ ВИ ПОСАКУВАМ ЛЕСНО ДА СИ ГО ИЗНОСИТЕ ПРВОВО ТРОМЕСЕЧИЕ И ДА НИ СЕ ПРИДРУЖИТЕ ВО ВТОРО ВЕ САКАМ СИТЕ СЕ ЧИТКАМЕ ЗА СОВЕТИ КОГА И ДА ИСПАНИЧИМЕ ХАХХА