Офф направи си вода со две лажици шеќер, неверојатно смирува и пиј си магнезан со б6 многу помагаат. Дај Боже на маж ти да му биде подобро и чувајте се
Исто, и ми е криво што не можам да си ги контролирам емоциите и си правам стрес и на себе и на бебето, и се некако имам црни мисли и мисли на очај, најмногу од ситуацијава, се ми е стресно, работата ми е премногу стресна и ризична и цело време сум на раб на плачење. Се плашам и од следниот преглед да не ми каже лоши вести, и се некако е собрано не знам како да си помогнам.
кои денови е тој на работа, имаат ли некој распоред, мене ми рече во одел за патолошка бременост, а нема мој термин, ако земам приоритетен како да го трефнам баш него. На пример реуматолозите се поделени во денови, мојот доктор е секој понеделник во амбуланта така пушта и термини, за овој доктор знаете ли кој ден е во амбуланта?
Незнам ,јас наредна недела ќе барам упат за кај него ќе видам како ќе биде ако успеам да земам ќе ти пишам веднаш
Мора да си дадеме сила. Премногу ми е тешко, колку сум среќна што конечно сум бремена, толку сум исплашена што сум бремена во вакво лудо време. Да не може човек на раат да се израдува. Јас стално си го галам и го молам да биде добро, да остане тука со нас и да си расте здраво и безбедно. Не сакам да се осеќам вака. Од секогаш си замислував дека ќе бидам среќна трудница. И сум не дека не сум, ама целава ситуација ми става облак над глава.
Нормално е вака да се чувствуваме. Бременоста си носи свои стравови, дали се ќе биде ок па секој преглед... се е нормално. Плус сега ради ситуацијава. Не верувам дека има некоја трудница што туку така си уживала цела бременост. Сега имаме малечко во нас и мора да се грижиме за него, а тоа некогаш ни создава непотребни стресови
Во среда имал амбуланта, така ми рече матичната. Јас сум во среда закажана за скрининг, ќе ти пишам тогаш ако не ти е итно.
Миличка напиј се магнезиум и Б6 и пробај да се смириш. Мускулна болка е, од стрес што се нервираш за маж ти. Не се секирај, не мора да значи дека е корона, време на настинки и вирози е. И да е корона, дај Боже со лесно да поминува. Те гушкам најсилно Сѐ, сѐ, ама баш сѐ ќе биде во ред, те уверувам. После нашите борби, овие бебушки се нашите чуда. Бог ги чува, ништо лошо нема да се случи! ❤️
Како јас да се читам .... јас мислев дека ќе уживам максимално и првиот пат на почеток само кога разбрав ама неможам да опишам каква среќа имав... со оваа бременост ама ич неможам да се опуштам и со искуство лошо претходно во ова лудо време плус и јас така си го галам и му викам те молам остани со нас те молам да растиш и да те земиме во раце после е друго кога го гледаш до тебе немој да не оставиш сами дојди си на свет мама и тато те сака најмногу и така.... не се секирај како е Господ никој не е знај тој како треба гали мешенце и уживај
Здраво девојки.После толку време и тешка борба дојде време и јас да пишам тукаДенес бев на преглед и сум бремена 6 недели со 1 ембрионче после трет трансфер.Слушнавме и срценце.Не постојат зборови со кои можам да ги изразам емоциитеНо малку сум и загрижена.Докторот ми рече дека имам и мала аденомиоза, најверојатно од хормонската терапија, дека е далеку од плодот и дека не е страшно.Но јас сеуште неможам да се ослободамДали имате такво искуство?
Милички, да мислиме позитивно и да веруваме.. Се боревме, се бориме и ќе се бориме. Мора да бидеме силни, иако стравуваме.. Господ е со нас и се е во негови раце.Само со убави мисли и се ќе биде.. Ние сме храбри и издржливи,верувајте и надевајте се на добро. ВЕ гушкам и сакам и радјувајте се, смејте се и сакајте се, верувајте се ќе биде. И јас секојдневно велам сето ова е само да бидеме силни како досега, сепак нели сме борци жени и ќе бидеме до крај, сето ова е за нашите малечки што се во нашите мешиња.. Борете се..
Девојки уште нешто. Од вчера наваму цело време имам чувство како да ми се моча. Ќе отидам во вц и после 15 мин пак почнувам да го имам тоа чувство. Многу ми е страв да не е некоја уринарна инфекција. Некни кога ми земаа крв не ми земаа мокрача. Докторот рече кога ќе дојдеш следен пат околу 12та недела, ќе земеме + мокрача и брисеви. Има ли некоја со вакво искуство, и што ми советувате да правам? Цело време се мијам без купки и гелови за интимна хигиена, само со вода и камилица + сода. Не знам од што може вака?
Можно е да е уринарна инфекција. Направи си мокрача, а во меѓувреме пиј многу течности, чај од брусница.. До 12та недела не чекај за мокрача однеси си и во приват а лабораторија за да не се шеташ по упати.
Највероватно си настината, или имаш благо воспаление на бишика или мочни канали, не е тоа ништо страшно, јас бев иста, и урниколтура чиста и микробиолошки брисеви, а на обична мокрача покажа само како настинка. Од двајца специјалисти совет беше увин чај до 1 литро на ден, или ако ти е многу гаден може и брусница, битно е да се пие чисто, без лимон, шеќер или мед. Јас и до ден денес пијам по 3 до 4 шолји брусница на ден.
Па да, ако има бактерија поголема штета може од неа да има. Ма да, мене ми се случуваше така неколку дена да ми се оди во вц често на почетокот, без болка без никакви други симптоми, па ете ништо не беше. Не значи дека имаш нешто.
За да си мирна земи чај од брусница, мене ми помогнал и за ептен сериозна инфекција. Само купи од оној како рефус што е со цели брусници внатре, го има во сите маркети, мн е концентриран и ефикасен, не земај вакви обични од кесичка.