Девојкидали смее да се јадемед со матичен млеч и полен јас си го купив и многу и претходно ми помагаше за имунитет ама сега во бременостнезнам дали смеам човеков од кај што го купувам ми рече дека е суперза развој на плодот па незнам дали да продолжам да го јадам
Јас јадев пред да забременам и кога дознав дека сум бремена прочитав по странските сајтови и пишува да не се јаде зашто имал некои природни хорони, но мојот нутриционист кажа дека е одличен за во бременост. Е сега ми дојде шубе некако и го конзумирам само ако ме наболува грлото , чисто за да ми го подигне имунитетот а секој ден повеќе не го конзумирам
Здраво, дали некој скоро бил во Систина, пуштаат ли внатре со тебе уште некој или како е? За прв преглед ми е, имам закажано во четврток.
Пишав и во соодветната тема, ама мислам тука сме поактивни и повеќе се дискутира... Вака... Јас не знам што да правам... Имено, следен преглед ми е во понеделник и евентуално тогаш доколку е се во ред матичниот гинеколог ќе ми даде потврда дека сум ослободена од работа, сега за сега не може бидејќи на првиот преглед беше рано за ембрион, уште беше само сакус, АРНО АМА два дена веќе сум дома, успеав да си земам два слободни дена, бидејќи газдата бил во контакт со заразен, т.е. заедно живеат со заразениот и треба да е и он во изолација, како и ние, ама за да не трпи бизнисот не е кажан во контакти и не се тестира. И сега ми јави од утре да продолжам на работа, не ми дава повеќе слободни денови.. и сега не можам да отсуствувам додека ја немам потврдата за ослободување од работа, а сум преплашена и имам и панични напади дури од помислата да сум на работа со него цел ден, а веројатноста дека е заразен е огромна. Што да правам сега од утре до понеделник, како да издржам на работа при олкав стрес и страв.
Земи си боледување од матичен гинеколог, зошто ти е тааа потврда. Имаш право да не одиш на работа. И самиот матичен треба да е свесен дека е пандемија и треба да изнајде начин да те заштити. Прашај си и не се вознемирувај.
Па и сакус е бременост, што ја дрви тој твој матичен? Никаде во регулативите не пишува од кој степен на бременост си ослободена и никој нема да праша. Баш во рана бременост треба да си најзаштитена. Барај го денес или утре, инсистирај да ти даде потврда.
Идни мамички како сте? Јас денес испитував крвна слика и леукоцитите ми се малку покачени, дали е нормално или ќе треба некаква терапија да примам ?
Прашав се јавив денес, и објаснив дека газдата е 99% е заразен, и ми го кажа тоа, уште немало основа за потврда дека немало ембрион. Ми рече во меѓувреме да си зборам со матичен доктор ако може таа нешто да ми даде некакво боледување и на работа да се пазам повеќе. А матичната докторка кога ја прашав ми рече да зборам со гинеколог, она нема што да направи. И ништо ќе издржам до понеделник, ќе одам на работа и тоа е, моментално немам друг избор.
Мене матичната ми побара бета хцг зашто беше рано за да се види нешто на ехо а јас сакав поврда да не идам на работа и тогаш ми беше над 700 бетата и одма ми пиша потврда и си ја однесов на работа. Со оглед на ситуацијава кај мене на работа е хаос и подобро е да не сум во контакт со нив. Кажи и на матичната дека шефот ти е заразен и мора да седиш дома, нека ти пише врз основа на бета хцг и сега е најризично мора да се чуваш
И врз основа на бета и сакус се дава боледување, твојата матична треба да ти даде, не знам што толку е проблем. Како и да е, Господ да те чува, и внимавај, чувај се. Биди упорна да ти даде. Бог нека не чува сите од тааа пандемија. А инаку и општи матичен може да ти даде како стомачен вирус. Една недела. А после тоа ако може мат. Гинеколог да ти даде. Ако се сака, се се може. Пс. Чувај се мила.
Лелеее женички ај помагајте ( Денес бев на преглед, го видовме најубавото точкиче и се е супер, за срценце за две недели треба да идам ... Е сега откако дојдов дома имам температура 37.2/ 37.3 ... исплашена сум да не е Коронааа. Што да се напијам? Што да правам?? Има ли некоја искуство тука со Коронава глупава?? ХЕЛППППП
37.2 I 37.3 се нормална температура за трудници, не лкревај паника од неа мое повеќе да качиш температура. Не се грижи, напи се течности, витамини, пушти некое смешно филмче и гали меше, не снимај одма хорор филмови. Ке биде се во ред, секоја настинка не е корона, смири се, а и да е недај боже ако се смириш ке пројде брзо и лесно за секоја болест паниката е најлоша. Мисли добро и ке биде добро, гаси интернет сега
Здраво девојки еве и јас да ви се придружам минатиот четврток бев на преглед имаше срцева акција 6недели и 3 дена ми кажаа дека сум,ама за следен преглед ми рекоа за 5,6 недели и сум загрижена ,не е тоа многу време?Како да знам дали е се ок....на вас на колку време ви беа прегледите?
Леле нешто нервиве ми се раздразнети си легнав и неможам нозеве мирни да ги држам, пиев б6 ама нема ефект. Сега и магнезиум ќе пијам Ви се случило во бременост на вас? Јас сум под стрес многу периодов кога се испитувањата даунов прв скрининг брисеви едвај чекам да помине и се молам да е се во ред
Честитки и лесна бременост Јас бев прв пат за потврда за бременост, па по 2 недели за срценцето тоа беше почеток на октомври и наредно ми рече за брисеви средина на ноември