И јас сум нова во тимот 8 недела - исто ми кажаа, треба да одам во 12 недела за скрининг, крвна слика и уште нешто (заборавив).
Фала ви значи така им е пракса само што јас сум нетрпелива ...со лесно нека ни е и Господ да не чува...па ќе си даваме насоки
Мене првиот 7ма недела, вториот 12та недела, тоа ти е 5 недели, после на секој месец. Ќе си знаеш така што ќе си следиш дали ќе имаш темен исцедок, крварење, ако немаш ништо од ова се е во ред. Ама ако се грижип толку, оди за две недели нека те прегледа пак. Јас немав ризична бременост и затоа на толку далеку.
Мила и јас сум утре на прв скрининг, те разбирам. Ама нема потреба од толку стрес, знаеш дека му го пренесуваш на бебчето. Напиј се чаша топло млеко со мед или чајче со мед и пробај да спиеш. Гали си ја беба, сѐ ќе биде во ред. ❤️
Фала ти сега за сега немам проблем фала Богу,само ете ме копка дали е се како што треба..ќе видам до кога ќе издржам можеби ќе отидам уште еднаш пред 12та недела.
И секој ден да одиш мила, ќе ти е малку. И секој миг до нареден преглед ќе ти е вечност. На сите ни е така. Ама сѐ ќе биде во ред, ти само гали го, зборувај му и храни го со љубов. Чувај се ти, тоа е најважно во моментов, што се неколку недели, дур трепниш ќе поминат.
Е стварно е така ,фала ти на совет,ќе се чувам и ќе мислам позитивно ,со лесно и на тебе денес и кажи како ќе поминеш
Содржи мали дози на кофеин. Од претпазливост препорачуваат да не се конзумира или да се намали колку што е можно. Побезбедно е од кафе и дозволено е една шолја (со една лажичка) дневно, ама препорачуваат ако можеш без него.
Апоред Според ова што го пиша значи не треба ни кафе да се пие. Има многу трудници кои имаат низок притисок и сигурно неможат без кафе. Иначе ако гледаме така и чоколадото содржи кофеин јас мислам дека не е ништо страшно мала доза на кофеин во текот на денот
Јас дури знам дека е пожелно да се пие какао поради високо присуство на железо, секако да не се претерува. Какаото е здраво, моето синче има скоро 3 год па пие какао понекогаш.
Ќе биде добро.Истиот страв го имав пред неколку дена,дури не верував дека ќе биде се во ред, па се беше добро.Нормално е да се плашиш, но верувај дека ќе биде добро.
Јадете црно чоколадо.. Најздраво е, го прашав др и рече да во одредени количини дневно јас јадам околу 40 грама
Здраво Ете нова сум во форумов, прва бременост... со инвитро... и кога си реков Е, прво па мушко ...се фати ми кажуваат со вагиналното ехо дека по рачунките би требало да сум бремена 6 недели и 4 дена, а сакусот изгледа како 5 недели и 2 дена со димензии 4,6мм . ( Трансферот исто така ми беше направен подоцна од вообичаено ) . Има некое несовпаѓање. Докторот вели дека е прееепремногу мало и дека едвај се гледа тоа внатре( речиси и да не постои). Но за 6 дена да одам пак на преглед. Но, видно скептик беше човекот. Прашањето ми е: има ли некоја од вас ваков сличен случај и дали е можно убаво да порасне тоа во наредниве 6 дена ? Па да не си губам надеж... или да си ја сфатам и согледам ситуацијата онака како што можеби е
Мамички денес бев на втор преглед, си слушнав срценце и мислам дека сеуште ми е само тоа во ушите бебуш си расти, супер си е... Е сега заборавив само да ја прашам докторката за број бидејќи некои резултати треба на вибер да и ги испратам, дали некоја од вас знае број од др. Кристинка Пајаковска?
Не треба кафе, особено не во прв триместар. Знам дека многу трудници пијат и не им е ништо, но кафе ко кафе не се препорачува во бременост. Исто ко цигари и алкохол. Многу пушат и пијат по една чаша неделно, па не им е ништо. Истите препораки важат, може едно дневно ако веќе не може да се издржи, но препорачливо е да не се пие. Кофеинот ја поминува плацентата. Па исто ко што не би му дала на бебе да пие, лично би се воздржала и сега. И јас имав притисок под 90 во прво тромесечие. Секако, секоја трудница за себе. Ама кога веќе некој прашува и се интересира, препораките по истражувања се тие. Ако сака, нека прочита и нека си одлучи.
Беше на ехо кај докторот што ти правеше инвитро? Штом трансверот ти бил направен подоцна, неделите не ти се водат по последна менструација. Ако си била кај матичниот гинеколог, можеби не го зел тоа предвид.
Ти благодарам многу на одговорот. Бев кај докторот кој ми го правеше инвитрото... но ме води баш по последна менструација. Иако по параметри и б хцг одговара како за 5та недела... Искрено се надевам дека ќе биде добро...
5та недела. Градите денес не ме болат значи се нема мир! Стомак така така неможам да речам боли, него грчеви на моменти по некоја секунда. Ама ме боли половината, е сеа незнам дали од седење,лежење по дома, пред бременост секоја вечер пешачев по 5км, сега до продавница и толку, или па нешто во врска со ова е. Значи градите ми беа и подуени, ме болеа од страна, брадавиците исто болни на допир, неможев да легнам на стомак, денеска можам. Ве молам кажете ми дали и колку ве болат и гради и стомак и половина, исцедок имав бел сега немам. Ми се спие само, не сум преспивала никогаш сега да. Кажете ми како ви е вас