Индивидуално е кај сите трудници, никогаш не се води по симптомите на другите. Ете јас на почетокот имав болни гради, после воопшто не ме болеа, па по некое време пак ме болеа, па престанаа. На почетокот имав мали грчеви во стомак, исчезнаа. Понекогаш имав гадење и тоа го нема. На почетокот можев да одам и за спијам, по 16ч спиев, сега и со 6ч можам да функционирам. Сѐ е нормално, не си ставај при срце. Секоја жена е различна, секое бебе е различно, секоја бременост е различна. Дај Боже сите со лесно да врват. Не се грижи, слично беше и кај мене. Последна менструација и мерки не одговараа, имаше разлика за 5 дена, бидејќи имав доцна овулација, а во случајов ти си имала покасно ивф. Матичната ми рече дека ќе ми го корегира датумот на последната менструација за 5 дена покасно, за да не ми го вади цело време секаде плодот како помал, за ако навистина има отстапки да можат да се препознаат. Опушти се, не грижи се, на нареден преглед ќе си слушнеш срценце и сѐ ќе е во ред. ❤️
Знам дека секоја бременост си е приказна за себе, ама пред 2 години кога престанаа да ме болат градите, кога отидов на редовен преглед по дестина дена кога ми кажаа кога престанала срцевата реакција се поклопи до датумот кога престана тој симптом Дали и тебе престанаа да те болат вака во рана бременост? Јас знам природно се губат симптомите дури после 12та 13та недела. Незнам со ке правам само се допирам,се проверувам ама џабе Најпаметно бети да правам оти дури наредна недела сум на лекар, а и да ме прегледуваат мн е рано, мн е мало сега уште не ни има срцева реакција. Господ на помош нека е
Баш исто, значи денес баш тоа ме загрижи.Претходните денови некако многу повеќе ми се лошеше, градите повеќе ги чувствував а денес многу помалку.И јас имам повремено грчеви во стомак, од вчера почна и јајникот да ме боли по малку.Јас дум 6та недела и 5 дена.Верувам дека се ова е нормално.
Се е нормално. И мене пред 5,6 дена премногу ми се лошеше, а сега не, па денес си бев на преглед вика бебчето си расти, супер си е. Така да без грижи и позитивно само.
Ама ај пробај да се опуштиш, не прави проблем кај шо го нема, зошто само да се стресирате беспотребно? Мнооогу ме болеа градите, не можев да спијам на стомак од овулацијата до кај 6та недела (кога го слушнав срценцето), после тоа не ме болеше до кај 10та-11та недела, одтогаш почнаа да ме болат и еве 13та недела сум ме наболуваат, ама не како на почетокот. Јас не мислам дека има потреба да правиш бети на секое и со стресот сама да си индуцираш проблеми. Срце ќе слушнеш за недела дена до две. ❤️ Во моментов сѐ што можеш да направиш за твоето бебе е да се грижиш за себе! ❤️
Значи навистина е многу полесно кога вака ќе се разменат мислења.По цели денови дома и полудувам од толкување на симптомиТи која недела си?
Незнам веќе што е нормално мила. Битно многу ми е страв, јас го потиснувам тоа чувство пред другите демек е таман се, ама секој ден ми е со страв неможам раат да уживам. 2 спонтани, сеа во јуни биохемиска, 4 години бебе бебе, и сеа градите да престанат да ме болат. Поарно да ме болат да неможам да ги допрам од колку вака нека повраќам, нека болат гради, нека паѓам за спиење само да е таман
Значи може сеа да престанат па пак да почнат. Дај Боже да е така. Незнам како да се намирам, и да најдам занимација, јас потсвесно само тоа мислам само таму ми е паметот. Ама многу ти фала, дај Боже да сум грешка, и се да си е таман
Многу добро ти ја разбирам загриженоста.Исто и јас во јуни биохемиска, среќа не сум имала спонтани, а скоро и ние 4 години се бориме за бебенце, само што кај мене немало имплантација се до сега.Кога ти ги читам зборовите како себе да се слушам.Знам дека е тешко, но не се споредувај со претходниот пат.Како што кажаа и членките тука секоја бременост е различна дури и кај една иста жена.Верувам дека се е добро и ќе биде добро.Сигурна сум дека и кај други се случува истото со симптомите.
И јас си сум по цел ден и само чекам нешто да ми е и да прочитам на интернет но од денес си ветив дека нема повеќе тоа да го правам и ќе читам книги да се занимавам а иначе мене на првиот преглед матичната ми кажа според тоа кога е зачнато и требаше да сум 8+1, но денес на приватно беви ми вика прва бременост ти е и се мери според последен циклус, а не кога е зачнато и ми рече сум 7+1 и сега веќе и сама незнам која сум ама ај ќе се водам според последен циклус
Јас се утепав од читање книги и пак неможам да си ги средам мислитеЗначи блиску сме со неделите, јас симнав некои апликации и според нив сум 6недели и 5 дена.А и според ехото така ми беше, дури и три дена ми беше плус.И јас мислам дека се рачуна од првиот ден на последниот циклус.Но ако сметаш од денот на зачнувањето тогаш би требало да бидеш помалку недели ако не грешам.
И јас мислам на бебче тоа е, па и прв пат и ептен сум возбудена и збунета, сеуште како да не ми се случува ова ќе се дружиме со мешината значи Што знам да ти кажам, и јас мислев е помалку ако е според зачнатото но и матичната и некои апликации повеќе ми даваа и јас незнам како али не е битно ден два плус минус, бебче да си е добро е најбитно
Здраво Еве ме и мене во темава, после 5 години повторно да се дружиме. Втора бременост. 5недели + 5 дена. Одлично се чувствувам, барем за сега Поздрав
Здраво на сите. Дали може некој да сподели за крвна анализа и уринокултура колку често треба да се прават? И дали за крвна анализа секојпат е потребно да се зема крв од вена? Јас правев пред две недели, а следнава недела сум на контрола кај матичната. Чисто информативно ме интересира ова, секако ќе си ја прашам и матичната.
Мене матичната ми дава еднаш месечно да испитам крв и мокрача. 13 полни недели сум и баш денес трет пат испитував. Инаку да, венска крв мора, мене ми дава и седиментација и серумското железо, шеќер.
Јас секој месец проверувам крвна слика со железо,шекер,седиментација исто и уринокултура секој месец.а и д димери секој месец бидејки се боцкам,па морам да следам ситуација. И да од вена крв.ми земат секогаш. Сега сум 27 недела