Мамички ај хелп. Според апликација сум 6+2 и од вчера имам температура максимум ми беше до 37.5. Многу повраќав и имам течна столица... правев тест за ковид НЕГАТИВЕН. Што ми препорачувате да пијам? Вооедно многу ми се гади и се што ќе изедам ми доаѓа да го повратам. Зборев со матичната ми спомна стомачен вирус може да било... не верувам дека од бременост можам да качам температура... Нешто може да штети? Совет некој?
Според мене, пиј течности, за да не дехидрираш, вода, ако треба електролити, парацетамол, сок од лимон ако не можеш цеден, неколку капки во вода само, ако е течна столица(нане со многу малку лимонтус) за дијареа. Мислам дека нема да штети. Варен компир, печен компир, петел супа готова, движи се, немој да залегнеш. Можеш и чај од калинка (кора од калинка) за дијареа. Напиј се пробиотик, заради превентива(и него го даваат за дијареа) јади солени јадења крекер, двопек, Друго не знам. Сепак консултирај се со др. Пак. Побрзо да оздраве. Чувај се.
Можеби си премногу под стрес и страв, опушти се и ке помине. Членката погоре ти пишала убаво, одмори се, полесна храна и ке биде се во ред.
Prasaj si dr za paracetamol jas piev nekade15,16 ned paracetamol I pij caj od nane za dijarea kasni si edna laz kafe sirovo ne svareno
Нормално е покачена температура во рана бременост. А и 37,5 не е некоја температура. За повраќањето и дијареата, послушај ја @Prolett. Со помин да ти е, брзо да врви.
Само да ве поздравам мешиња, минатиот преглед пред 20 тина дена плодот застануваше за 10 тина дена според термин од менструација. Докторката рече бременоста ќе ја водиме според големината на плодот. Според тоа вчера требаше да бидам 13+3 по менструација, а 12гн по големина на плодот. Бев на ехо кај специјалист и јуначето мое е за 6 дена понапредно, односно вчера одговараше на 12+6, што значи од утре се префрлам во второ тромесечие. Накратко во прво тромесечие немав некој симптоми освен грчеви во стомакот. Од терапија примав утрогестан 200, Витал прегрна фолна киселина и магнезиум од 400. Резултати во ред, освен што се појави кандида и ја излекував со Микотрит 3 вагиналети. Скрининг за даунов докторката ми закажа на ГАК за 17, иако се плашам дека е доцна. Мојата тежина остана иста, немам ниту грам покачено во прво тромесечие. Ви посакувам сите полесно да го поминете прво тромесечие и се читаме во темата второ тромесечие.
Со среќа мила до крај. Инаку колку е тој тест на Гак? Имав слушано дека е 2000 ден. Преку крв нели? Гушки мила и се најдобро
Ако мислиш на скринингот јас знам дека и скринингот и париската се бесплатни на ГАК, ама не сум сигурна.
Па не знам, точно, пред 2 3 години од една блиска познаничка имав слушнато. Ама дали е истото... Ајде ќе пишеш што и како.. Само се да е во ред. Чувај се.
@Sunshine*baby во второ тромесечие се влегува со 14 полни г.н. значи имаш уште една недела. @Prolett сите испитувања за трудници на државно се бесплатни. Трудниците се ослободени од партиципација. Јас досега не сум платила ништо (крвна слика, урина, брисеви, инфективен скрининг за хив и хепатити, ехо скрининг и приска на гак).
Е не знаев стварно, мене докторката ми рече следната среда на 11 кога ќе дојдеш ќе бидеш влезена во второ тромесечие. Ова со неделиве е збунувачки за мене
Во среда ти ќе полниш 13гн и ќе влезиш во 14та недела. Денес си 12+2 или полни 12гн, а тераш 13та недела. Мислам дека добро објаснив.
Јас денес правам 13 полни според плодот, а од утре влегувам во 14 недела затоа така разбрав, ама по циклус во понеделник ќе имам 14 полни што значи секако за 2 дена влегувам во второ тромесечие. Сега ја разбрав работата.
Мешиња дали ве испраќаат матичните за приска и прв скриниг вo државна? Ми рече дека oна ќе ми гo прави скринингoт нo земање крв нема да има бидеjќи не е безбеднo движење пo клиника вo мoментoв.
Јас сум наредна недела, ме прати матичната. Дали има гужва на ГАК, каква е ситуацијата? Некако се предомислувам, за да не се пикам во гужви...