Фала ти многу, навистина ме спаси од грижи.Се ова ми е ново, и секој симптом си го толкувам на разни начиниЗначи сепак е нормално
Мене денес според менс. ми дава 6та недела, и вие три дена ми е лошо, ама денес е ужас. Преку уста кратко дишам од болка во желудникот, повратив еднаш, ама не ми олесни. Гастрогард, ладно млеко, капки на база ѓумбир, ништо не ми помага. Неможам ни вода да се напијамИ нема да можам ни да заспијам не се трпи во легната положба. Ме фаќа страв да не нема врска ова со бременоста и да не ми излегол некој проблем со желудников. Не е можно волкава болка, сега уште за него ми фали да се акам по лекари
Мене многу ми помагаа прогастал капки за желудникот се врв но тие се на база на алкохол и незнам дали се дозволени во бременост :/ Најубаво да прашаш во аптека или некоја од членкиве ако ги користела нека сподели искуство. Иначе содржат прополис, нане и жалфија, се ставаат на лажиче со шеќер околу 15 капки. Порано што не пиев и откако ги открив овие сватив дека лекот бил пет пари
Здраво жени..дојде време и јас да се вклучам во оваа тема..терам 6+5,вчера имавме срцева акција(пред 4 дена неможевме да чуеме,но мааалку како да се гледаше трепкање на ембриончето) но само визуелно, сега видно зголемено ембриончето ,со пулс, со трепкање, понапредно +2 дена...за слушање на срцето ми рекоа дека е рано,може и утре да се чуе... Така да не се грижете доколку на и на 6+5 не се појави срцева акција,нормално е,рано е и мн е мало...битно по димензии да оговара на соодветната недела во која сме... Инаку,од витамини пијам фемибион 1,витЦ од 500,магнезиум и витЕ... Сакам да испитам вит Д,па ако има потреба и тоа ке пијам... Од симптоми,немам никакви гадења и повраќања(барем засега,што не значи дека нема подоцна да се јават) освен натечени и помалку или повеќе болни гради( и болката ми се менува од ден на ден, денес ме болат,утре не,па малце и мене ме фаќа паника да не си го изгубам единствениот симтом,ама полека сфаќам дека е нормално,дека секоја нова/стара промена треба да ја прифатиме како нормална и да не се стресираме поради тоа..да го пуштиме телото само да ни кажува дека бебуш секој ден си расте и дека е дел од нас❤ За матичен , топло би ја препорачала др Снежана Миленковска од ПЗУ Коруноски(како што пиша една членка, 2 реда згради зад трговскиот Лиса,во Ново Лисиче..ако некоја сака бројче,нека ми пише лп) Sorry на долгиов пост,се занесов со пишување пиејќи го утринското кафе (инаку по 2-3 кафиња пијам дневно и немам проблем сега за сега) Поздрав до сите мамички,чувајте се, не одете на работа,седете дома и не излегувајте без потреба...само тоа е најбитно сега❤❤ Имајте ми убав ден и уживајте во домашната атмосфера ❤❤❤❤
Честитки и сo леснo Супер ми jа истера првата бременoст дoктoрката. Дoстапна вo секoе време, самo jас пиjам две ц вит oд 500 и за првoтo така беше.
Добре дојде со лесно да ти е до крај Јас на почеток кафе неможев да мириснам ама сега си пијам плус и низок притисок имам ❤❤
Честитки и со лесно !! Јас обожавам кафе ама сите ми викаат да не претерувам тоа значи 3 кафиња и крај ... или? И сакав да ве прашам има нешто што треба да избегнувам од активности, храна, секс или? ( очигледно е нели дека ми е прва бременост ) а за докторката што ми ја предложивте со @Larahappy дефинитивно ќе одам иако ми е страв
Денес сум 9 недели бремена. Му кажав и на газдата дека сум бремена со оглед на ситуацијава со коронава. Сакам да се пазам повеќе и да бидам сама во канцеларија. Моментално сме 5 души. Ама си викам да не кажав рано? Дај Боже да биде се во ред и да нема проблеми. Вие кога кажавте на работа?
Јас на работа кажав уште во 4+ бев со инвитро и после позитивен тест морав да кажам бидејќи ги користам мерките за ослободување од работа
Па може и Ц од 100 еднаш дневно,ама мене оваа доза ми е доволна..со оглед на тоа дека не мрдам од дома никаде,доволно ми е и со 500 да го одржувам имунитетот...
Да тоа обавезно..само за 2 недели кога ке одам повторно на преглед,некако не ми се оди по доктори секој втор ден заради ситуацијава...вака во 1 ден све да завршам.. може и приватно ке испитам,видов дека во Syn lab испотување на витД е 1500 ден...
Знаев и по 4-5 кафиња да пијам пред 6-7 месеци,не ми сметаше воопшто,ама сама си ги намалив си викам иако не ми ништо,сепак не е добро за здравјето...па така стигнав на 2-3 ...и сега во рана бременост не ми сметаат...ке видиме до кога.. Од храна јадам буквално се,не сум сменила ништо од предходно,немам промени никакви..морам да се научам повеќе да го јадам тоа пусто овошје,поготово во бременост кое и онака не го јадев ... За матичниот гин.нема да згрешиш,слободно оди,па ке пишеш искуство...Толку е внимателна жената тоа чудо едно,се детално објаснува... Јас од 1-ви октомри кога ја почнав ивф постапката,до 30-ти ноември сум на боледување,без никаков проблем..се надевам од декември на патолошка... Не се препорачуваат активности од типот на вежбање во теретана,трчање и сл, но може лагано пешачење од 30 мин до 1 час (јас тоа го правам кога е убаво времето нели) Е за секс не знам..јас не практикувам,др. ми рекоа никако првите 3-4 месеци,но јас би продолжила до крај да немам,со оглед на тоа дека скоро 5 год го чекам ова чудо, имав еден спонтан,4 IUI неусоепни, едно неуспешно ивф..до секс богами и не ми е дојдено.Најдобро консултирај се со докторот,ако е се во ред,може и ке ти дозволи.. Поздравче❤❤
Јас уште на почетокот на ивф постапката земав боледување,кога добив позитивна бета се јавив само са кажам дека ке го продолжам болесувањето и толку(двајца колеги аамо знаеа што всушност правам и зашто не нема и ке ме нема). Ти не си згрешила што си кажала,напротив имаш правп са сесиш дома поткрепено со закон од државата.Однеси потврда од матичен дека си бремена и толку,ке си седиш сега за сега дома до Нова година,а ке ти тече плата 100%
Ти благодарам на одговорот, ќе одам за 1 или 2 недели се мислам денеска влегувам во 5та недела па ... од кога ќе отидам ќе споделам искуство, сакам да е некоја внимателна и љубезна докторка бидејки до сега не сум била на гинеколог 1 година сум сексуално активна , со истиот партнер ( маж ми ) и еве сега веќе сме во друго стање. И уште нешто таа докторка само води бременост не пораѓа и дали раб со плави картони? Ти посакувам лесна , убава , здрава бременост па да си се прашуваме потоа совети и мислења за нашите мали.
Знам за тоа, ама сепак не можам да не одам на работа. Приватна фирма е и затоа. Тешко дека ќе ме ослободи од работа
Девојки какви витамини земате во бременост? Што се е добро да се пие? Јас имам многу добри витамини со метил фолат, но сега видов дека содражат и витамин а.Од тоа што прочитав овде и на интернет сфатив дека поголема доза на витамин а може да биде штетно за плодот, па сега би сакала да ги прекинам.Предложете ми некои добри пренатали само да не содржат обична фолна зашто морам да пијам метил фолат заради мутациите.Дали се наоѓаат кај нас некои добри мултивитамини или да направам комбинација од повеќе?
Јас фемибион си пиев цела бременост и витамин е оти малку ми беше одлепена постелката цела бременост истерав со нив