Мајче,фемибион1(1 тромесечие) се покажаа како најдобри,имам доста позитивен фидбек од мои деугарки што ги пиеле..Баш вчера и Татјана од Борн ме праша што пијам и кажав за фемибионот ми рече одлични се,само земи плус витЕ (имаат фемиибионот витЕ ама само 13 мг) Немаат магнезиум затоа посебно го пијам, витЦ од 500 го пијам плус зошто во фемибионот го има исто малку 110 мг..НЕМААТ ВИТ.А Еве ти праќам состав од Фемибион1
Ах бе како се вадат некои од приватниците, чудо некое. Ако не те ослободат од работа, треба да ги пријавиш во трудова инспекција, бремените жени се ослободени од работа со закон до крај на годинава.
Фала мила, се мислев за фембионот, но мислам дека нема да ми одговара, зашто имаат обична фолна и метил фолат во мала доза.Јас имам две мутации односно сум комбиниран хетерозигот и мислам дека нема да ми одговара таа фолна.Витамин е во која доза го зема?
Eпа мислам дека,во oвoј случај ке треба посебно да си ги земаш витамините и најбитно метилфолатот..зошто во сите вакви комбинации го има во помала доза..сешто се изначитав,сите состави на сите витамини за трудници од различни фирми.. Но сепак,најубаво докторот ке ти каже,може ке ти предложи некои соодветни за твојата состојба витамини... Вит Е земав на Синерџи 400IU...
Јас земам премама, исто и во нив има 200мцг обична и 200мцг метилирана фолна, ама земам плус 500мцг метилирана фолна од солгар.
Koи ги користиш? Ти пишав и во другата тема, ок ти е дозата на вит А, нека не те загрижува. Немаш опција овде за жал. Нема соодветни витамини само со метил фолат, освен тие што ги пишав таму. А и тие тешко се наоѓаат. Јас како се занесов со овие витамини... да има ова, да нема она, олку да има од ова или она И сфатив дека е невозможно. Комбинација од се' што ми треба би ми била мн тешка на желудник, ќе дојдат над 5 таблетки зашто во оваа фаза и железото ми е потребно. И кога ќе видиш, да си престанеме да читаме по интернет најубаво. Терај си со тие што ги имаш. @Twins256, ептен ми е мило што те читам тука. Нејќам да се наметнувам, ама те молам намали кафето на 1 дневно.
И јас имам мутации едни хомозиготни а едни хетерозиготни. Пијам фемибион 1, метилфолат 1000мг на NOW, метил б12, Д витамин 2000 единици и витамин Ц 500 Земи си го фемибионот но таму има 200 метилфолат земи си плус а за обичната фолна што ја содржи не се секирај и така нашето тело неа не ја препознава Плус од позитивен тест се боцкам со клексан и аспирин еден на два дена
Јас пијам Пренатас во кои има плус железо бидејки сум склона на анемија и во нив има 400 мг активна фолна киселина(метилирана),плус пијам витамин д од 5000 и магнезиум директ прашок.Јадам и по 1 бразилско оревче дневно.Со пренатас терави во првата бременост во прво тромесечие и поминав супер, потоа продолжив со премама дуо, така планирам и сега. Пренатасот е подобар од фембионот по состав.
Јас сум 8+4 и освен еднаш малце што ми се згади од пилешко месо, до сега немам ни повратено ниту пак ми се гади. Нормално е да ти се случуваат промени, не се грижи ако ги снемало симптомите. Подобро е без нив, барем ќе си тераш лесна бременост.
Јас пијам ПреМама, содржи 400мцг обична фолна и + пијам дополнително 400мцг метилирана на Солгар, немам мутации, то ест немам испитано, си пијам вака превентивно. Тешко дека ќе најдеш пренатални витамини што не содржат обична фолна киселина, скоро сите содржат.
И јас ја имам истата приказна како тебе вчера бев на преглед.... сакус со мнооогу мал плод речиси и невидлив, мрднато беше само 1 мм од последниот преглед... според ПМ 7+5 , а според димензии на сакус 5+ 2. Докторот ми рече да прекинам со терапија ( бидејќи сум со трансфер на замрзнати ембриони) , па да оставиме само телото да го исфрли Со оглед на тоа што гледам дека е постов твој од пред два месеци, се надевам Твојата приказна тече позитивно ❤
Dali so vitaminite piete plus folna? Jas pijam pregnazon I vo nea ima folna neznam dali da pijam plus folna..
И мене почна некаде во 6та недела да ми се гади од одредена храна(црн леб, варени јајца, па дури и кечап)а претходно сето ова го обожавав но тоа е, еве сега сум 8+ и мислам дека се помалку ми се гади од ден на ден, а повраќање фала богу немам и се надевам така ќе остани. Јас пијам само премама, ми рекоа дека нема потреба од други плус.
Кај мене полека се смируваат мачнините, како што влегов во 12та недела. Апетитот исто така се враќа во нормала. Ве читам погоре со витамините, и мислам што да правам. Почнав со премама, ама премногу ми се гадеше од нив, буквално штом ќе ги испиев ми се превртуваа цревата. Ги прекинав и останав само со фолна и магнезиум. Матичниот ми кажа дека е во ред сега за сега, дека до второ тромесечие можам слободно без нив, но понатака ќе морам да земам некои. Сега се мислам дали да пробам пак со премама или да купам фемибион. Да не сте имале слично искуство?
Ти пречело железото веројатно. Фемибион 1 се најок за прв триместар, немаат железо и полесно се поднесуваат. Од второ веќе пробај пак со Премама, може добро ќе ги поднесуваш.
И мене така ми имаше кажано докторката, дека во прво тромесечие поважна е фолната киселина, а витамините се за понатака. Ама јас решив да пијам и витмини ради ситуацијава, па да го држам имунитетот под контрола. Пробај ете со Фемибион или гледам некои Пренатас доста задоволни членки има од нив. Би требало сега чим ти се намалиле мачнините да можеш да ги поднесуваш и апчињата. Јас пијам ПреМама ама никогаш сум немала проблем со гадење од нив.
Фала ти уште еднаш на одговорот.Јас бев иста со овие витаминиве.Уште пред една година почнав да истражувам за тоа кои се најдобри и баш овие што моментално ги пијам ми се видоа како најсоодветни а плус мислам дека имаат добиено награда за Best prenatals во Америка.Ќе прикачам слика од нив.Ама ова за витаминот А ме мачи, па може да направам комбинација со Пренатас и плус некои други. Фала ти многу на одговорот.Ќе пробам да направсм некоја комбинација па ќе видам што ќе излезе И јас сум за истата комбинација, само се мислам дали да земам плус дха.А кажи ми за витамин д од 5000 од каде го земаш и на која фирма.Јас пијам на солгар од 2200 но мислам дека би ми требало поголема доза.Фала Знам, кај нас сите се со обична фолна.Полесно ќе беше да немаа воопшто, па ќе комбиниравме со плус метил фолат.Фала ти многу на одговорот. Исти сме значи, јас од цела храна, неможам да смислам јајца, од самата помисла на нив ми се гади, а претходно ги јадев во секоја форма и цело времеСамо да биде се во ред, па дали има или нема симптоми и не е важно, ама пак се замарам со се и сештоФала ти многу.
Во право си за кафето @LivingGlam еве почнав од утрово,наместо кафе, пијам малце какао(мислам дека нема да пречи)си оставам место за попладне едно лезетско кафенце.. Фала на совет❤
Мене едно турско одсабајле ми е еликсир за да идам до вц и да немам запек. Кога пијам какао или капучино не помага. Запекот е доста комплицирана работа во бремемост мора да најдеме механизми да го победиме