Здраво на сите, на почеток на декември треба да правам PRISCA. Не можам да се сетам од предходната бременост дали можеше ехото да го направам попладне кај матичен гинеколог, а на клиника да отидам наредниот ден наутро само за да ми зедмат крв. Има некоја од вас инфо? Фала однапред!
Јас бев пред 1 недела и на гак правев и ехо и крв, бидејќи матичната ми рече дека веќе не можеле матичните да издаваат упат само за приска, мора на гак да ти направат ехо, па да ти дадат упат од кај нив за крв.
Дали може подетално да објасниш за одењето на ГАК. Јас бев кај матичната пред два дена, ми рече дека за две недели ќе треба да правам PRISCA, меѓутоа веќе не давале упати. Ме праша дали имам некој доктор познаник, преку кого можам да уригирам за ехо преглед и PRISCA. Проблемот е што немам никој кој може да ми помогне, и сакам да те прашам како дојде до термин во ГАК? Еве за две недели ќе отидам на ГАК, ми треба ли некаков приоритетен упат од матичен, и покрај тоа што не важи? Не ми е јасно што треба да направам за да дојдам до тоа тестирање? Исто гледав некои опции за во случај да не можам да го направам на ГАК, да отидам во Авицена. Е сега малку е скапо, ама кога немам избор, и тоа може ќе го вклучам во опциите.
Со лесно нека ти е ,и ти беше во Њу Борн?Ќе можеш да ми кажеш каде планираш да одиш за конзилијарно за паталошка?
Како тоа не даваат упат за скрининг? Од кога тоа? Мене матичната ми рече дека треба да одам на скрининг и приска од 12 до 20 ноември и рече дека тие ќе ми закажат. Уште минатиот месец на 26 ти ми се јави сестрата и ми кажа дека имам упат за скрининг на ГАК за 17 ти ноември, а дека таму ќе ми дадат упат за PRISCA и веднаш ќе испитаат.
Дали се океј резултативе? Бидејќи матичната ми рече кога ќе ми стигнат да и ги испратам на вибер ако има нешто и ако треба да примам терапија, но јас мислам во ред се или ?
И мене матичната ми кажа дека немале термини кога бев пред неколку дена на преглед но јас случајно се јавив денес кај матичната да ми провери дали пуштиле термини и навистина пуштиле па ми закажа на почеток на Декември за приска преку крв а за скриниг не сакав да ми закажува во ГАК, ќе го правам кај матичниот и во Ремедика. Така да јави се и на време закажи си @Naatashka123 Наодот ти е уреден, немаш бактерии
Не знам зошто така ми рече... Мене ми рече дека со 10 полни недели, треба да напрвам ехо и PRISCA, а во 12 недела ќе се прави скрининг. А кај тебе може е малку подруга ситуацијата, тебе ти закажале скрининг, па ќе ти направат и PRISCA. Не знам што да кажам... Збунета сум скроз... Башка ако тебе ти закажале уште пред месец време, те имале во предвид. Може па тогаш давале уште термини. Стварно не знам што се случува.
@mace89 Фала за информацијата. Баш ќе се јавам утре сабајле кај матичната и ќе видам дали уште има останато некој термин за PRISCA.
Стварно, не знам зошто така ти рекла матичната, јас колку што знам скринингот и PRISCATA треба да се направат во исти ден, а во 10 недела мене ми испитуваа крвна слика, брисеви и пап тест. Секој доктор различно работи.
Јас оваа година во јуни имав спонтан абортус. После киретажа, резултатите од генетската анализа излегоа дека трисомиа 16 била причината за спонтаниот абортус. После толку прегледи и направени испитувања, имам чисти наоди на ПАП и брисеви, крвта и урината сосема се уредни.Останав трудна уште на првиот обид кога се решивме со маж ми дека пак ќе се обидуваме. Е сега, поради ситуацијата со трисомиа 16, се советував во двајца гинеколози во исто време, матичниот и гинеколог од Систина. И двете ме советуваа порано да почнам со испитувањата за PRISCA и ехо. Дури ми препорачаа и да правам неинванзивен пренатален тест. Кај мене малку е различна ситуацијата, затоа верувам дека другите можеби покасно си ги прават тие испитувања.
@Chrysanthemum кога бев на преглед 8+3 ми рече дека сама ќе ми закажела кога ќе треба за на гак и за кај неа ми закажа следен преглед на 12+3. Кога појдов на 12+3 ми даде упат за на гак, кога закажала, не знам. Мислам дека и со приоритетен би те прегледале, бидејќи кога бев, докторката ме праша дали сум со термин или приоритет. Ама ако планираш да правиш пренатален, нема потреба од приска, особено не на приватно само пари да си даваш.
Кажете лек за главоболка, умрев цел ден, ме стега главата ептен, немам температура, притисок нормален
iscedi eddn limon i edna lazicka sol izmesaj ispij go za mnogu kratko vreme ke ti pomine samo toa me spasi koga me bolese